Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ДУИ: Делницата Требеништа – Струга – Ќафасан не смее да се исклучи од Коридорот 8

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library2gukapksa82k2n7hUMD

ДУИ ја оцени како алармантна изјавата на министерот за транспорт дека делницата Требеништа–Струга–Ќафасан може да се исклучи од Коридорот 8 поради ограничувања поврзани со УНЕСКО. Според ДУИ, тоа би ја нарушило функцијата на коридорот Јадран–Црно Море и би имало геостратешки последици, отворајќи простор за оска север–југ. Тие бараат Владата итно да појасни дали делницата останува, критикувајќи го молкот на заменик-министерката и градоначалникот на Струга.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Пред неколку дена министерот за транспорт јавно изјави дека делницата Требеништа – Струга – Ќафасан, како дел од Коридорот 8, може да биде исклучена од проектот, повикувајќи се на ограничувања поврзани со УНЕСКО. Оваа изјава е алармантна и неприфатлива, велат од ДУИ.

„Коридорот 8 не е локален инфраструктурен проект.

— реклама —

Тоа е стратешки коридор кој ги поврзува Јадранското и Црното Море, обединувајќи ги Италија, Албанија, Северна Македонија и Бугарија во една економска и геополитичка оска.

Делницата Требеништа – Струга – Ќафасан е составен дел од овој коридор и дел од одобрениот план и постојните договори.

— реклама —

Отстранувањето на оваа делница не е само техничка промена. Тоа значи нарушување на самата логика и функција на Коридорот 8.

Без оваа делница се прекинува природната врска на коридорот меѓу Јадранот и источниот дел на Балканот.

Ова не е само инфраструктурно прашање. Ова е и геостратешко прашање.

Коридорот 8 е еден од проектите што ја зајакнуваат врската исток–запад на јужното крило на НАТО.

Слабеењето на овој коридор отвора простор за промоција на оска север–југ, што се совпаѓа со инфраструктурни проекти кои во регионот се промовираат од други геополитички актери.

И добро знаеме дека зад таквата ориентација често стојат проекти поврзани со Србија, како и со интересите на Кина и Русија во регионот.

Затоа секој обид за слабеење на Коридорот 8 мора да се гледа со најголема сериозност.

Вчера во Струга беше заменик-министерката за транспорт, Калтина Зеколи.

Таа промовираше други проекти, но не кажа ниту еден збор за изјавата на својот министер.

Ниту реакција. Ниту појаснување. Ниту став.

Министерот најавува можност Струга да биде исклучена од Коридорот 8, а заменик-министерката Албанка молчи.

Но не молчи само заменик-министерката. Молчи и градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќира, кој наместо да го брани интересот на градот што го води, станува алиби за оваа ситуација.

Затоа денес поставуваме неколку директни прашања:

Дали Владата планира да ја отстрани делницата Требеништа – Струга – Ќафасан од Коридорот 8?

Дали затоа министерот јавно ја најави оваа можност?

И зошто заменик-министерката Калтина Зеколи и градоначалникот на Струга не кажаа ниту еден збор за ова прашање?

Граѓаните заслужуваат јасни одговори. Коридорот 8 е стратешки државен и меѓународен проект. Тој не може да се менува со случајни изјави или со политички калкулации.

Секој обид Струга да биде исклучена од овој коридор е неприфатлив.

Бараме од Министерството за транспорт и од Владата веднаш да разјаснат дали делницата Требеништа – Струга – Ќафасан останува дел од Коридорот 8.

Зашто слабеењето на овој коридор не ја оштетува само Струга.

Тоа ја поткопува и стратешката улога на Северна Македонија во врската Јадранско – Црно Море и во безбедносната архитектура на НАТО во регионот.

И тоа е нешто што не може да се прифати“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycok8bf9cdfd90dueSOW

„Неспособна, антиалбанска, антиевропска и последниот руски прокси во регионот“, партијата на Ахмети „удира“ по Владата

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
ali-ahmeti

ДУИ бара итна оставка на Изет Meџити: Да не го држи народот во заложништво поради своите лични грешки

Македонија | пред 2 дена

27022024_VRSM_SEDNICA-3

Пак се прават „лом“ за полагањето на правосуден на албански јазик: За ВЛЕН е крив Џафери, за ДУИ криви се ВЛЕН

Македонија | пред 3 дена

media-libraryeajdf2kqgpndeEl5is8

Блерим Беџети доби кривична па вели: Но нека им биде јасно: јас не запирам, не се повлекувам

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања