Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Џиновска ајкула повторно во Јадранот: Видена кај Истра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 дена -

Свет
ajkula-jadransko-more

Голема ајкула повторно е забележана во Истра, каде мирно пливала во близина на Пунтижела, меѓу закотвени чамци од кои се ловела риба.

Станува збор за видот Cetorhinus maximus, најголемата риба во Јадранското Море и втората најголема во светот, која неодамна била видена и кај Музил, објави порталот Истра24.

— реклама —

„Големата ајкула, која веќе неколкупати е забележана во околината на Пула, мирно пливаше меѓу закотвени чамци. Иако со импресивна големина, оваа врста се храни со планктон, филтрирајќи ја морската вода со широко отворена уста и не е опасна за луѓето. Доколку имате среќа да ја видите, не ја вознемирувајте“, наведуваат од Истра24.

Оваа ајкула неодамна била забележана и кај Црес.

— реклама —

Станува збор за втората најголема ајкула во светот, веднаш по кит-ајкулата, и може да достигне должина поголема од 10 метри. Станува збор за миграторен вид кој е целосно безопасен за човекот.

Иако е релативно ретка, оваа ајкула постојано е присутна долж источниот брег на Јадранот. Најчесто се забележува во северниот дел, особено во Кварнерскиот Залив.

Експертите посочуваат дека токму овој дел од Јадранот е богат со зоопланктон – главниот извор на храна за овој вид ајкула.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryaevcubpcsme7eiIB0c6

Експлозија во Сплит: загина 72-годишен маж

Балкан | пред 14 часа

— реклама —
media-librarygapulmqav1kqebLs4VW

Евакуиран шопинг-центар во Осиек

Свет | пред 1 ден

Rucna-Bomba-kasikara-granata-620x350

Паника во Загреб: Закани за бомби ги испразнија училиштата

Балкан | пред 1 ден

media-library2er4ggg8j2al63QXMK7

(Видео) Хрватски град го освои „Daily Mail“: Плажи, култура и пристапни цени

Магазин | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања