Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

АЈКУЛА

ajkula-jadransko-more

Џиновска ајкула повторно во Јадранот: Видена кај Истра

Голема ајкула повторно е забележана во Истра, каде мирно пливала во близина на Пунтижела, меѓу закотвени чамци од кои се ловела риба.Станува збор за видот Cetorhinus maximus, најголемата риба во Јадранското Море и втората најголема во светот, која неодамна била видена и кај Музил, објави порталот Истра24.„Големата ајкула, која веќе неколкупати е забележана во околината на Пула, мирно пливаше меѓу закотвени чамци. Иако со импресивна големина, оваа врста се храни со планктон, филтрирајќи ја морската вода со широко отворена уста и не е опасна за луѓето. Доколку имате среќа да ја видите, не ја вознемирувајте“, наведуваат од Истра24.Оваа ајкула неодамна била забележана и кај Црес.Станува збор за втората најголема ајкула во светот, веднаш по кит-ајкулата, и може да достигне должина поголема од 10 метри. Станува збор за миграторен вид кој е целосно безопасен за човекот.Иако е релативно ретка, оваа ајкула постојано е присутна долж источниот брег на Јадранот. Најчесто се забележува во северниот дел, особено во Кварнерскиот Залив.Експертите посочуваат дека токму овој дел од Јадранот е богат со зоопланктон – главниот извор на храна за овој вид ајкула.

Свет | пред 2 дена

media-librarym3ip5mopev31abkWtHm

Почина 12-годишно момче по напад од ајкула во Сиднеј, оштетена заштитната мрежа

Дванаесетгодишнотo австралискo момче Нико Антиќ почина во болница, една недела откако беше нападнат од ајкула во сиднејското пристаниште, соопшти денеска неговото семејство.Ајкулата го нападнала момчето во неделата додека со другари скокал од карпи во населбата Воклиз, на околу девет километри од деловниот центар на Сиднеј, пренесува Ројтерс. Неговите пријатели успеале да го извлечат од водата и тој бил пренесен во болница со тешки повреди на двете нозе.Како што изјави портпарол на Итната помош, момчето било извлечено од водата на плажата Шарк, во паркот Нилсен, во источните предградија на Сиднеј, по што било транспортирано во Детската болница во Сиднеј на лекување поради сериозните повреди.Плажата на која се случил нападот е затворена, а полицијата им препорача на капачите да избегнуваат влегување во морето. Според локалните медиуми, заштитната мрежа за ајкули во паркот Нилсен била оштетена за време на големи бранови во април 2025 година, а поправките биле завршени на почетокот на декември. Се смета дека момчето во моментот на нападот пливало надвор од заштитната мрежа.Инцидентот доаѓа во период на зголемена загриженост во Австралија, откако десетици плажи, меѓу кои и оние во Сиднеј, беа затворени оваа недела по четири напади од ајкули во само два дена. Во септември, сурфер беше усмртен од ајкула на плажата Лонг Риф во Сиднеј.Според податоците на организации за заштита на природата, во Австралија годишно во просек се регистрираат околу 20 напади од ајкули, од кои три завршуваат со смртен исход.

Свет | пред 2 месеци

ajkula-jadransko-more

(Видео) Срби снимиле ајкула во морето во Грција: Стигнала до плиткото, допливала сè до плажата

На Пелопонез, во популарното летувалиште Каламата, се појави ајкула.Македонските, како и српските туристи сакаат да го посетуваат ова место, а многумина од нив сега се изненадени од појавата на оваа опасна риба.Како што можете да видите на видеото објавено во Грција инфо групата, ајкулата дошла речиси до брегот.Спасувачите свиркале за да ги натераат луѓето да излезат од водата, а на видеото се гледа како детето трча кон плажата.Целата сцена, според објавата, се случила околу 10 часот по грчко време на популарната плажа Каламата.

Свет | пред 1 година

ajkula-jadransko-more

Туристите во Хрватска шокирани: Повеќе од 200 ајкули пливаат околу најголемата плажа во Сплит

Иако главната туристичка сезона веќе заврши, веста дека во нивната близина има голем број морски предатори предизвика неверување кај туристите во Хрватска.Во хрватските мориња живеат десетици различни видови ајкули. Истражувањето на хрватско-словенечкиот тим покажа дека повеќе од половина од нив се загрозени. Нив главно им се заканува риболов, бидејќи често се заплеткуваат во мрежи. Иако стотици ајкули пливаат во Јадранското Море, тие ретко се гледаат бидејќи обично се држат настрана од преполните плажи. Сепак, група ајкули престојува во близина на најголемата плажа во Сплит во последните неколку недели.„Еве група ајкули кои дојдоа да се парат. Проценуваме дека во август ги имало меѓу 200 и 300“, објаснил за хрватските медиуми, хрватскиот истражувач и предавач Ален Солдо, додавајќи дека луѓето ретко ги забележуваат бидејќи обично пливаат подлабоко во водите.Повеќето од нив се безопасни видови ајкули, со големина од околу метар и половина. Солдо објасни дека од време на време во хрватското море влегуваат опасни видови ајкули, но, според него, тоа е прилично ретко.Последниот фатален напад на ајкула во Хрватска е забележан во седумдесетите години на минатиот век во Локва Рогозница.

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања