Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(ВИДЕО) Џиновски бранови од 10 метри и урагански ветрови: Ингрид носи хаос во Франција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-librarylt3ng5vj36avcxB0OVY

Олујата Ингрид денеска го зафати регионот Бретања, носејќи силни ветрови, обилни врнежи и крајбрежни поплави, јавува телевизијата БФМ.

— реклама —

Француската метеоролошка служба „Метео-Франс“ регистрираше удари на ветер до 136 километри на час во Уесан и Финистер, додека во Бел-Ил-ан-Мер тие достигнале 119 километри на час, а во областа Гроа, во департманот Морбијан, 112 километри на час.

— реклама —
— реклама —

Врнежите во Кемпер достигнаа 23,8 милиметри, а во текот на денот се очекуваат дополнителни од 10 до 30 милиметри дожд на веќе натопеното тло.

Највисоките бранови, со височина и до 10 метри, се забележани долж брегот на Финистер и Морбијан. Трите реки – Лаита, Блаве и Уст – и натаму се под портокалово метеоролошко предупредување, со постојан пораст на водостојот, особено во Морбијан.

Олујата Ингрид доаѓа само една недела по олујата Горети, која веќе предизвика значителни штети во регионот. Иако се очекува постепено слабеење на ветровите и врнежите до крајот на денот, ризикот од поплави и оштетувања на крајбрежјето и инфраструктурата останува висок.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library9dhvsp7jkjl23VCOsQI

Скандал во Париз: масони, разузнавачи и полицајци дел од криминална мрежа

Свет | пред 14 часа

media-libraryeioifuilc1u60A0h4tT

Спречен напад со експлозивна направа пред банка во Париз

Свет | пред 2 дена

francija-zname-610x400-21547-585x384-1

Франција ќе ја удвои својата хуманитарна помош за Либан на 17 милиони евра

Свет | пред 1 седмица

media-library607i740ijcjg51heXED

Макрон бара „демократски штит“ против мешање во изборите

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања