Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Макрон бара „демократски штит“ против мешање во изборите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library607i740ijcjg51heXED

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денес ја повика Европската унија да се мобилизира против мешањето во изборите, особено на социјалните мрежи и во дигиталната сфера, и да воспостави т.н. „демократски штит“ за заштита на европските демократии.

Макрон при пристигнувањето во Брисел на самитот на Европската унија нагласи дека Европејците мора да преземат мерки за да ги заштитат демократиите од надворешно мешање и манипулации со информации, пренесува Фигаро.

— реклама —

Тој предложи во рамки на европската регулатива Законот за дигитални услуги (DSA) да се донесат насоки кои би им овозможиле на земјите-членки на ЕУ да „наметнуваат обврски на дигиталните платформи“.

Макрон како пример ја наведе Словенија, каде што, како што рече, словенечкиот премиер Роберт Голоб бил „жртва на карактеристично мешање“ од странски држави и ширење лажни информации во предизборната кампања.

— реклама —

Париз сака платформите како што се социјалните мрежи да проценуваат „системски ризици во изборниот период“ и да ги намалуваат тие ризици поврзани со лажни профили, нелегална содржина, вештачки генерирана или изменета содржина, како и политичко рекламирање, наведува Фигаро.

Исто така, Франција бара платформите да бидат обврзани да „спречат вирусно ширење на алгоритми и манипулации за време на изборниот процес“, додава францускиот весник.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

56

Франција мора да заштеди четири милијарди евра поради војната на Блискиот Исток

Свет | пред 8 часа

— реклама —
media-library3pmoo2b4pvc69x3a3Ta

Европа ја зајакнува одбраната: Заеднички нуклеарни вежби на Франција и Полска

Свет | пред 1 ден

media-libraryt9b2r3lhkdgv3SwrAyb

Франција се откажува од Windows, преминува на Linux за поголем дигитален суверенитет

Свет | пред 1 седмица

media-libraryh4366kdejfm48hgeH2T

Брз воз се судри со воен камион во северна Франција, машиновозачот загина

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања