Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Експлозии во британската воздухопловна база Акротири на Кипар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-librarys8k4o6sv7uqnfi1d3iT

Неколку експлозии одекнале во воздухопловната база на Кралските воздухопловни сили на Обединетото Кралство на Кипар.

Силни детонации биле слушнати во британската база Акротири кај Лимасол околу полноќ по локално време, откако наводно била прогласена „безбедносна закана“, пренесува Дејли мејл.

— реклама —

Засега не е познато дали експлозиите се директно поврзани со настаните околу Иран, но тие следуваат откако британскиот премиер Кир Стармер ѝ даде дозвола на Соединетите Американски Држави да користат британски бази за „одбранбени“ удари врз ирански ракетни позиции.

Според медиумските извештаи, непосредно пред полноќ во британските бази на Кипар била прогласена безбедносна закана, а персоналот бил предупреден да се врати во своите домови и да остане внатре до понатамошно известување.

— реклама —

На вработените им било наложено да се оддалечат од прозорците и да се засолнат зад или под масивен мебел, додека не добијат дополнителни инструкции, објави Сајпрус мејл.

Обединетото Кралство официјално не учествуваше во нападите врз Иран во кои загина ајатолахот Али Хамнеи. Сепак, во неделата британски борбени авиони соборија ирански дрон кој бил насочен кон Катар, во рамки на одбранбени операции во регионот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryeor02ilnqm4mbKZ17OP

(Видео) Иран заплени три товарни бродa во Ормутскиот теснец, меѓу екипажот и двајца хрватски државјани

Свет | пред 35 минути

— реклама —
media-libraryfr3jcfd14t0e6D9BLDC

Иран ги обвинува САД и Израел за последиците од војната

Свет | пред 1 час

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 14 часа

lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 15 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања