Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Експратеници со критики за „Сејф сити“: 51 км/час не е криминал, воведете зелен бран!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Коментари
media-libraryj2ih1vl1tdin1Tnum3r

По стартот на пробниот период на системот „Безбеден град“ (Сејф сити), кој во првите часови регистрираше над 65.000 сообраќајни прекршоци, дел од поранешните пратеници остро реагираат на новата сообраќајна реалност во Скопје.

— реклама —

Експратеникот Рубин Земун јавно го критикуваше Министерството за внатрешни работи, по добивањето три електронски опомени за наводно пречекорена брзина.

— реклама —

„Господа од МВР, време е и малку да мислите на граѓаните. Направите зелен бран на Партизанска, за да може со брзина од 40 км/час да се поминат барем 5-7 раскрсници, а не од едниот до другиот крај на Сити Мол да фаќаме црвен бран.

— реклама —

„Денес ми дојдоа 3 опомени од Safe City, за возење со 51, 54 и 56 км/час. Ајде ова 56 можеби е прекршок, ама 51 и 54?!? Ова 56 е поради стигнување на „зелено“, а овие 51 и 54 воопшто и не знам! Ќе треба и брзинометрите да ги бажираме. Слушам денес имало над 60 илјади прекршувања до 15 часот! Сигурно 2/3 се со под 55 км/час. Ќе биде урнебес!“, напиша Земун.

Сличен став има и експратеничката Маја Морачанин, која исто така ја поддржа идејата да се воведе зелен бран по главните сообраќајници во Скопје.

„Се согласувам со предлогот за зелен бран. Солун е одличен пример. Ако возиш 40, нема застој. Зелен бран и за пешаците. На раскрсницата Теодосиј Гологанов – Св. Климент Охридски во Центар, зелено светло за пешаци трае неколку секунди, можеш да стигнеш само до половина од булеварот. Затоа многу пешаци поминуваат на црвено“, напиша таа.

Овие реакции доаѓаат само еден ден по стартувањето на системот „Безбеден град“, кој во првите 12 часа регистрираше илјадници возачи со минимални пречекорувања од неколку километри над дозволеното.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6t3i1sderu153qZVLGp

Акциска контрола на МВР: 43 санкционирани возачи за пречекорена брзина

Македонија | пред 53 минути

media-librarydjbok6g6h1b9ezkKqGJ

Уапсени осум возачи: шест биле без возачка, а двајца пијани

Македонија | пред 4 часа

policija-policaec-35-450x270-1

Тепачка во Карпош, кога полицијата интервенирала едно од лицата се заканувало кон службеник, па го привеле

Македонија | пред 6 часа

media-libraryet16s6jn6mqrdKXXpd4

Скопјанец ѝ се заканувал на мајка си, приведен

Скопје | пред 6 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања