Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Ердоган: Војната во Иран мора да запре пред да се вовлече целиот регион

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
erdogan-3

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека војната во Иран мора да се запре пред конфликтот да се прошири низ целиот регион и повика да ѝ се даде шанса на дипломатијата.

Тој ова го изјави во обраќање пред турскиот парламент, нагласувајќи дека постои реална опасност од поширока ескалација. „Војната треба да се запре пред да се прошири и да го запали целиот регион. Ако ѝ дадеме шанса на дипломатијата, многу е веројатно дека тоа може да се постигне“, рече Ердоган.

— реклама —

Минатата недела противвоздушната одбрана на НАТО пресретнала две ирански ракети над јужна Турција, каде што се наоѓаат воздушни и радарски бази на Алијансата и на САД, по што безбедносните мерки биле дополнително засилени.

Ердоган нагласи дека Турција постапува внимателно во актуелната ситуација. „Земајќи ја предвид чувствителноста на моментот во кој се наоѓаме, нашите зборови се многу внимателни, а нашите постапки се претпазливи за да ја заштитиме Турција од огнот што нè опкружува“, рече тој.

— реклама —

Турција претходно понуди посредништво пред почетокот на американско-израелските напади пред дванаесет дена. Ердоган оттогаш повеќепати повикува конфликтот да се реши по дипломатски пат, истовремено предупредувајќи дека Анкара ќе одговори на секоја закана за националната безбедност.

Тој ги критикуваше потезите на САД, Израел и Иран, а американско-израелската операција ја оцени како „очигледно кршење“ на меѓународното право. Притоа не го спомена директно американскиот претседател Доналд Трамп, со кого има добри лични односи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryottkr86jv4b273DOQZm

Сиљановска-Давкова оствари средба со турскиот претседател Ердоган

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Ердоган до Путин: Не го одобруваме иранскиот напад

Свет | пред 2 седмици

erdogan-3

Ердоган со остра порака до Израел: „Не туркате кон катастрофа“

Свет | пред 1 месец

media-libraryrov3e5g348259cQVVDu

Ердоган: Иран е предупреден по падот на ракета во турскиот

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања