Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЕРДОГАН

erdogan-3

Ердоган со остра порака до Израел: „Не туркате кон катастрофа“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Израел „постепено и свесно“ го влече Блискиот Исток кон „целосна катастрофа“, оценувајќи дека зад ескалацијата во регионот стои мрежа која се смета за „надмоќна“ во однос на другите.Обраќајќи се на ифтар во претседателскиот комплекс во Анкара, Ердоган предупреди дека ширењето на конфликтот низ Блискиот Исток не може да се објасни само со безбедносни причини. Тој посочи дека нападите кои прво ја зафатија Газа, потоа Јемен и Либан, а во поново време и Иран, според него имаат подлабоки мотиви и носат ризик од поширока регионална дестабилизација.Ердоган оцени дека глобалниот систем, изграден особено по Втората светска војна, влегол во фаза на „историски пресврт“, па затоа, како што рече, фактите за случувањата на Блискиот Исток мора јасно да ѝ се пренесат на светската јавност.Тој остро ги осуди потезите на израелските власти во Ерусалим и нагласи дека џамијата Ал-Акса била затворена за муслиманските верници 17 дена „произволно и без правна основа“. Дополнително, Ердоган предупреди дека паралелното ширење на наративи за „ветената земја“ и „апокалиптични сценарија“ не е случајно, туку, според него, е дел од свесно осмислен пристап.„Од клучна важност е да се ослободиме од наметнатите агенди и да му ги објасниме на светот овие реалности, ова варварство и ова лудило на начин што ќе остави силен траг“, порача Ердоган.Изјавата доаѓа во период на засилени тензии во регионот, при што Анкара последните недели сè почесто апелира за деескалација и предупредува дека секое проширување на судирите може да има последици далеку надвор од Блискиот Исток.

Свет | пред 1 седмица

erdogan-3

Ердоган: Војната во Иран мора да запре пред да се вовлече целиот регион

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека војната во Иран мора да се запре пред конфликтот да се прошири низ целиот регион и повика да ѝ се даде шанса на дипломатијата.Тој ова го изјави во обраќање пред турскиот парламент, нагласувајќи дека постои реална опасност од поширока ескалација. „Војната треба да се запре пред да се прошири и да го запали целиот регион. Ако ѝ дадеме шанса на дипломатијата, многу е веројатно дека тоа може да се постигне“, рече Ердоган.Минатата недела противвоздушната одбрана на НАТО пресретнала две ирански ракети над јужна Турција, каде што се наоѓаат воздушни и радарски бази на Алијансата и на САД, по што безбедносните мерки биле дополнително засилени.Ердоган нагласи дека Турција постапува внимателно во актуелната ситуација. „Земајќи ја предвид чувствителноста на моментот во кој се наоѓаме, нашите зборови се многу внимателни, а нашите постапки се претпазливи за да ја заштитиме Турција од огнот што нè опкружува“, рече тој.Турција претходно понуди посредништво пред почетокот на американско-израелските напади пред дванаесет дена. Ердоган оттогаш повеќепати повикува конфликтот да се реши по дипломатски пат, истовремено предупредувајќи дека Анкара ќе одговори на секоја закана за националната безбедност.Тој ги критикуваше потезите на САД, Израел и Иран, а американско-израелската операција ја оцени како „очигледно кршење“ на меѓународното право. Притоа не го спомена директно американскиот претседател Доналд Трамп, со кого има добри лични односи.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryrov3e5g348259cQVVDu

Ердоган: Иран е предупреден по падот на ракета во турскиот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Анкара испратила предупредување до Иран откако балистичка ракета влегла во турскиот воздушен простор, по што била пресретната од системите за противвоздушна одбрана на НАТО.Ердоган зборуваше по седницата на турската влада во Анкара, осврнувајќи се на војната меѓу САД и Израел против Иран.Според него, турските власти испратиле јасна порака до Техеран откако денеска била соборена втора балистичка ракета која влегла во турскиот воздушен простор.Тој оцени дека Иран продолжува да презема погрешни и провокативни чекори.„Ниту еден чекор не смее да ја фрли сенка врз нашите илјадагодишни соседски и братски односи со Иран“, изјави Ердоган.Турскиот претседател најави и дополнителни мерки за зајакнување на безбедноста, откако Турција во понеделник распореди шест борбени авиони Ф-16 во северниот дел на Кипар.Северен Кипар е самопрогласена држава формирана во 1983 година, која ја признава единствено Турција, додека остатокот од меѓународната заедница островот го признава како Република Кипар.

Свет | пред 3 седмици

media-librarydfrj51asnva31Yfw9DI

(Видео) Ердоган оваа пролет ќе дојде во Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, оваа пролет треба да ја посети Македонија и да дојде во Скопје на прв заеднички состанок. Тој ова го соопшти на седница на Собранието, одговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот Сали Мурати за билатералните односи меѓу двете земји.Во разговорите со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, дефиниравме оваа пролет да се одржи прв состанок, на кој тој ќе дојде во Скопје. Претпоставувам таа посета ќе се реализира, во моментот не можам да кажам точно кога и како, но знам дека Турција има исклучително одличен амбасадор во Скопје, дипломат од висок ков, со кого имаме одлична соработка и тој придонесе за уште поблиските односи меѓу двете земји. Убеден сум дека до оваа прва средба ќе дојде многу бргу и ќе ја имаме таа можност, но и чест, претседателот Реџеп Таип Ердоган да го пречекаме во Скопје“рече Мицкоски“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 3 седмици

erdogan-3

Ердоган предупредува: Конфликтот во Иран ќе се прошири и ќе ја загрози светската безбедност

Реџеп Таип Ердоган, претседател на Турција, изрази длабока загриженост поради страдањата на цивилите во Иран и најави засилени дипломатски напори за воспоставување прекин на огнот и враќање на мирот во регионот, пишува Анадолу.Говорејќи на настан во Анкара, Ердоган порача дека Турција ја споделува болката на иранскиот народ и дека цивилите, особено недолжните деца, го носат товарот на конфликтот. Тој нагласи дека приоритет на Анкара е обезбедување прекин на огнот и отворање пат за дијалог.„Доколку не се преземат неопходни мерки, конфликтот ќе има тешки последици за регионалната и глобалната безбедност“, предупреди Ердоган, додавајќи дека никој не може да ја поднесе економската и геополитичката неизвесност што би произлегла од натамошна ескалација.Во заедничките американско-израелски напади од саботата, според извештаите, биле убиени повеќе високи ирански претставници, меѓу кои и врховниот лидер ајатолах Али Хамнеи. Техеран возвратил со напади со беспилотни летала и ракети врз цели поврзани со САД во заливските земји.Потврдена е смртта на четворица американски војници, додека уште четворица се тешко повредени. Иранскиот Црвен полумесец соопшти дека бројот на загинати во американските и израелските воздушни напади од саботата се искачил на 555 лица.

Свет | пред 4 седмици

media-librarydnnqm6i9k13tck8SYt4

Орбан: Постигнав договор со Трамп, Путин и Ердоган

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека без интервенција на владата сметките на домаќинствата би се зголемиле за околу 30 отсто поради екстремно студеното време, нагласувајќи дека државните мерки се клучни за заштита на граѓаните. Во редовното утринско интервју на радиото „Кошут“, Орбан рече дека постигнал договор со американскиот претседател Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за натамошно снабдување на Унгарија со евтин гас.Според Орбан, претстојните избори во април ќе бидат одлучувачки за опстанокот на намалените цени на енергенсите, за кои тврди дека Брисел сака да ги укине. Тој истакна дека рускиот гас е неопходен за одржување на сегашното ниво на цени и дека Унгарија има рок од околу година и пол за да најде начин да ја заобиколи забраната на Европската унија.Европската унија оваа недела усвои регулатива со која постепено се укинува увозот на природен гас од руски гасоводи и течен природен гас. Целосната забрана за увоз на течен гас треба да стапи на сила на почетокот на 2027 година, додека забраната за увоз преку гасоводи е предвидена за есента истата година. Орбан оцени дека доколку Унгарија не најде решение во предвидениот рок, домаќинствата ќе се соочат со сериозен хаос, додавајќи дека со оваа одлука Брисел, според него, настојува да ѝ помогне на Украина.Тој посочи дека Европската унија не би требало да се меша во трговските прашања, освен кога станува збор за санкции, за кои, како што нагласи, е потребна согласност од сите земји членки. Истовремено додаде дека за трговските одлуки не е потребна едногласност.Осврнувајќи се на Украина, Орбан потсети на планот за нејзино обновување, со кој од Европа се бараат стотици милијарди евра. Според него, целта е во Унгарија да дојде на власт проукраинска влада, што, како што тврди, би го уништило унгарското стопанство, а поради географската близина со Украина, најмногу би страдале токму унгарските граѓани.Орбан оцени дека Украина не ја зајакнува, туку ја ослабува Европа и дека таа треба да се задржи во, како што рече, преодна состојба. Тој порача дека во Брисел се води битка која мора да се добие, наведувајќи дека како што Унгарија, според него, ја добила битката околу миграциите, така може да ја добие и битката околу членството на Украина во Европската унија. Премиерот изрази уверување дека и западноевропските земји ќе се спротивстават и ќе ги принудат своите лидери да не ги поддржуваат, како што ги нарече, погрешните политики, нагласувајќи дека за тоа најпрво е потребна победа на домашен терен, а потоа и во Брисел.

Свет | пред 2 месеци

erdogan

Ердоган: Турција е против каква било странска интервенција во Иран

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор со својот ирански колега Масуд Пезешкијан порача дека Турција се противи на каква било странска интервенција во Иран.„Турција ги цени мирот и стабилноста на своите соседи“, соопшти кабинетот на турскиот претседател, пренесува агенцијата Анадолија.Ердоган нагласил дека решавањето на проблемите без понатамошна ескалација е од корист и за Анкара.Двајцата претседатели во разговорот размениле мислења и за билатералните односи, како и за актуелните регионални прашања, се наведува во соопштението.

Свет | пред 2 месеци

erdogan-3

Ердоган: Она што го направи „фараонот“ Нетанјаху нема да остане неказнето

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека во понеделник ќе има телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп.„Во понеделник ќе имаме уште еден разговор со американскиот претседател Доналд Трамп“, рече Ердоган, нагласувајќи дека повикот ќе се одржи во попладневните часови.Голем собир на мостот во ИстанбулГоворејќи за масовната поддршка што турската јавност ѝ ја даде на Палестина за Нова година, Ердоган порача дека големото собирање на мостот Галата во Истанбул претставува историски момент, покажувајќи дека Палестина не е сама.„Она што го направи човекот наречен фараон, Бенјамин Нетанјаху, нема да остане неказнето, бидејќи врз себе го навлече проклетството на безброј потчинети луѓе, од млади до стари“, изјави Ердоган.Осудувајќи ги израелските постапки во Газа и влошувањето на хуманитарната состојба таму, турскиот претседател повтори дека страдањето на децата во Газа, кои живеат во импровизирани шатори среде ветер и дожд, нема да остане без одговор и дека Нетанјаху нема да избега од одговорност.

Свет | пред 2 месеци

erdogan-3

Ердоган бара посилен притисок врз Израел: „САД мора да делуваат, прекинoт на огнот се прекршува“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека САД и меѓународната заедница мора да направат многу повеќе за да извршат притисок врз Израел да го почитува договорот за прекин на огнот во Газа.По враќањето од својата дипломатска турнеја низ земјите од Персискиот Залив, Ердоган пред новинарите изјави дека притисокот врз Израел може да вклучува и воведување санкции или запирање на продажбата на оружје. Според соопштението на неговиот кабинет, турскиот лидер смета дека меѓународната заедница има морална и политичка обврска да го спречи натамошното насилство.Ердоган истакна дека, за разлика од Израел, палестинската организација Хамас го почитува примирјето и дека тоа е потврда за нејзината подготвеност за политичко решение.Тој додаде дека Турција е подготвена да учествува во планираната оперативна група за Газа, со цел да придонесе кон стабилизирање на регионот и воспоставување траен мир.„Нашата земја ќе даде поддршка на секој план кој води кон мир и ќе преземе конкретна улога ако е потребно“, изјави Ердоган, пренесува Ројтерс.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2024-10-21-090043

Почина најголемиот противник на Ердоган

Турскиот муслимански проповедник Фетула Ѓулен, за кого Анкара тврди дека стои зад неуспешниот пуч во 2016 година, починал во Пенсилванија, САД, каде што живееше, објавија турските медиуми и веб-страницата поврзана со Ѓулен. Имаше 83 години.Изградил силно исламско движење во Турција и пошироко, но последните години од својот живот ги помина соочувајќи се со обвинувања дека организирал обид за државен удар против турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган. Ѓулен негираше.Веб-страницата Херкулес, која ги објавува проповедите на Ѓулен, на својот Х профил објави дека Ѓулен починал во неделата вечерта во болницата каде што бил на лекување.Ѓулен некогаш беше сојузник на Ердоган, но нивните односи драматично се влошија, а Ердоган го обвини дека е одговорен за обидот за пуч во 2016 година, во кој бунтовничките војници запленија воени авиони, тенкови и хеликоптери. Во обидот за државен удар загинаа околу 250 луѓе.Ѓулен живееше во самонаметнат егзил во САД од 1999 година.Смртта на Ѓулен треба да отстрани една од главните точки на спор меѓу Турција и САД. Ердоган побара од САД да го екстрадираат Ѓулен, но во последните години тие барања стивнаа. Со смртта на Ѓулен, прашањето за неговата екстрадиција повеќе нема да биде проблем во односите меѓу САД и Турција.

Свет | пред 1 година

erdogan-3

Ердоган: Како што Хитлер беше запрен од сојузот, Нетанјаху ќе биде запрен на ист начин

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вети дека Израел ќе ја плати цената за своите акции во Газа. „Не треба да заборавиме дека порано или подоцна Израел ќе ја плати цената за овој геноцид кој се случува една година и се уште трае“, напиша Ердоган на X.„Како што Хитлер беше запрен од сојузот, Нетанјаху и неговата мрежа на убиства ќе бидат запрени на ист начин. Свет без одговорност за геноцидот во Газа никогаш нема да најде мир“, додаде тој.Ердоган беше гласен противник на операциите на Израел во Газа.Тој повика Израел да биде казнет пред меѓународните судови и ги критикуваше западните земји дека го поддржуваат Израел.„Она што беше масакрирано во живо на телевизија пред очите на светот во текот на минатата година е всушност целото човештво, сите надежи на човештвото“, истакна Ердоган.„Денес со тага се сеќавам на десетици илјади луѓе кои беа масакрирани од убиствената израелска влада од 7 октомври и изразувам длабоко сочувство до моите уништени браќа и сестри во Газа, Палестинци и Либанци кои ги загубија своите сопружници, деца и семејства. На долгогодишната политика на Израел на геноцид, окупација и инвазија сега мора да му дојде крајот“, истакна тој.

Свет | пред 1 година

gashi-erdogan1

Гаши се сретна со Ердоган: разменети мислења за унапредување на соработката меѓу Македонија и Турција

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, во придружба на пратениците: Бејџан Иљас, претседател на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Турција, Никола Мицевски, Оливер Спасовски, Мерита Колчи Коџаџуку и Беким Сали, од 2 до 5 октомври 2024 година престојува во официјалната посета на Република Турција, на покана од Нуман Куртулмуш, претседател на Големото национално собрание на Турција.Во рамките на посетата, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, оствари средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Тајип Ердоган, на која присуствуваше и претседателот на Големото национално собрание на Турција, Нуман Куртулшуш, како и претседателите на парламентарните групи за соработка и пријателство од двете собранија, пратениците Бејџан Илјаз и Ахмет Килич.На средбата беа разменети мислења за унапредување на одличната соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Турција, за состојбите во двете држави и за актуелните случувања во регионот и пошироко.Претседателот Африм Гаши оствари tête-à-tête средба со министерот за надворешни работи Хакан Фидан, по што се одржа и заедничка средба со пратениците членови на Делегацијата.Претседателот Африм Гаши истакната дека средбата претставува можност Република Северна Македонија и Република Турција да ја зајакнат долгогодишната активна и успешна соработка. Тој оцени дека неодамнешната посета на министерот Фидан на Република Северна Македонија, како и неговата посета на Турција, се потврда за високото ниво на билатерални односи меѓу двете традиционално пријателски земји и НАТО-сојузници.Претседателот Африм Гаши нагласи дека високо ја вреднуваме успешната соработка со Република Турција во сите полиња и изрази голема благодарност до Турција, која од самиот почеток беше принципиелен подржувач на нашето членство во НАТО.Министерот Хакан Фидан ја потврди безрезервната поддршка на Турција за Северна Македонија на сите полиња и се осврна на потребата за интензивирање на соработката во полето на економијата, реафирмирајќи ја заложбата за зголемување на трговската размена меѓу двете земји.На средбата беше нагласено значењето на меѓупарламентарната соработка и парламентарната дипломатија за билатералните и мултилатералните односи, во однос на унапредувањето на политичкиот дијалог и зголемувањето на динамиката на севкупната соработка меѓу земјите.Претседателот на Собранието Гаши и пратениците остварија средба и со Ерол Озвар, претседател на Советот за високо образование на Турција и членови на Советот.На средбата, високата собраниска делегација беше информирана за активностите на ова тело во насока на стратешко планирање на високото образование, координација меѓу универзитетите и воспоставување и одржување механизми за обезбедување квалитетно високо образование. Стана збор и за можностите за унапредување на соработката меѓу Република Северна Македонија и Република Турција на полето на високото образование.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ердоган незапирлив: Влегува во војна?

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац во понеделникот го повика НАТО да ја исфрли Турција од алијансата, по контроверзната изјава на нејзиниот претседател Реџеп Таип Ердоган.Потсетуваме, во неделата Ердоган рече дека Турција може да влезе во Израел за да им помогне на Палестинците, како што тоа некогаш го правеше во Либија и Нагорно Карабах.„Мораме да бидеме многу силни за Израел да не може да го прави она што моментално и го прави на Палестина “, рече турскиот претседател на митингот на владејачката партија АКП во црноморскиот град Ризе, пофалувајќи ги резултатите. на индустријата за оружје.„Како што влеговме во Карабах и Либија, можевме да направиме нешто слично на нив“, рече Ердоган во телевизискиот говор.Турскиот претседател не прецизираше каква интервенција има на ум, а претставници на неговата партија не одговорија на прашање за деталите од неговата изјава.„Во светлината на опасната реторика на турскиот претседател Ердоган и заканите за напад на Израел, министерот за надворешни работи Израел Кац им нареди на дипломатите итно да контактираат со сите членки на НАТО, повикувајќи на осуда од Турција и барајќи нејзино протерување од алијансата.

Свет | пред 1 година

erdogan

Шефот на израелската дипломатија одговори на заканата на Ердоган: Сетете се што се случи со Садам Хусеин

Откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Турција може да влезе во Израел како што еднаш влезе во Либија и Нагорно Карабах, му одговори израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац.„Ердоган оди по патот на Садам Хусеин и се заканува дека ќе го нападне Израел. Треба само да се сети што се случи таму и како заврши“, напиша Кац на мрежата Икс.Да потсетиме дека Хусеин беше претседател на Ирак од 1979 до 2003 година, а од власт беше соборен од западната коалиција предводена од САД. Американците го уапсија, а во 2006 година беше осуден на смрт за злосторства врз Курдите и шиитите. Казната била извршена со бесење.Последната изјава на Ердоган Израелците ја протолкуваа како закана од инвазија. Односите меѓу Ерусалим и Анкара се затегнати од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во октомври минатата година.За разлика од нејзините западни сојузници и некои арапски земји, Турција не го смета Хамас за терористичка организација. Ердоган постојано ги обвинуваше и напаѓaше Израелците. Така, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го нарече „касапот на Газа“ и „воен злосторник“.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Ердоган најави: Турција може да влезе во Израел за да им помогне на Палестинците

Турција би можела да влезе во Израел за да им помогне на Палестинците како што правеше некогаш во Либија и Нагорно Карабах, изјави во неделата претседателот Тајип Ердоган.„Мораме да бидеме многу силни за Израел да не може да и го прави на Палестина она што моментално го прави“, рече турскиот претседател на митингот на владејачката партија АКП во црноморскиот град Ризе, пофалувајќи ги резултатите. на индустријата за оружје.„Како што влеговме во Карабах и Либија, можевме да направиме нешто слично на нив“, рече Ердоган во телевизискиот говор.Турскиот претседател не прецизираше каква интервенција има на ум, а претставниците на неговата партија не одговорија на истрагата за деталите од неговата изјава.Израел не коментираше.Во 2020 година, Анкара испрати војници и воена опрема во Либија за да ја поддржи либиската влада на национално единство и нејзиниот лидер Абдулхамид ал-Дбеиба.Минатата година Турција негираше директна вмешаност во азербејџанската воена операција во Нагорно-Карабах, но нагласи дека го поддржува блискиот сојузник „со сите средства“, вклучувајќи обука и модернизација на армијата, потсетува Ројтерс.

Свет | пред 1 година

erdogan-1

(Видео) Скандал: Ердоган му удри шлаканица

На социјалните мрежи беше објавено видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како му удира шлаканица на момче кое му пријде, но не му бакна рака.Видеото настанало за време на митингот во градот Ризе, а предизвикало гнев кај корисниците на социјалните мрежи, објави Курир.Момчето било предупредено од луѓето што стоеле околу него, по што се согласило да ја бакне раката на турскиот претседател, кој потоа му дал џепарлак.Ова не е првпат Ердоган да биде снимен како физички „казнува“ деца.Во една прилика удри момче кое побара од турскиот претседател да му се потпише на дресот. Друг пат, за време на отворањето на тунелот Саларха, Ердоган исто така беше снимен како удира момче по глава.Минатата година и тој јавно му удри шлаканица на внукот, но подоцна изјави дека го „помилува“.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Ердоган: Турција нема да ги одобри обидите на НАТО да соработува со Израел

Турскиот претседател Таип Ердоган денеска изјави дека НАТО не може да го продолжи партнерството со израелската администрација.„Додека не се воспостави сеопфатен и одржлив мир во Палестина, Турција нема да одобри обиди за соработка со Израел во рамките на НАТО“, рече Ердоган на прес-конференција на самитот на НАТО.Тој исто така рече дека Турција продолжува со дипломатските напори за ставање крај на руско-украинската војна.Ердоган додаде дека му наредил на турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан да се сретне со сирискиот претседател Башар ал Асад за да започне со обновување на односите со Сирија.Турција „во одреден момент“ ќе упати покана до Асад за потенцијални разговори за обновување на односите меѓу двата соседа, рече Ердоган.Во врска со продажбата на авиони Ф-16 на Турција, Ердоган рече: „Разговарав со господинот Бајден. Тој ми рече: „Ќе го решам овој проблем за три до четири недели“.Во март, американскиот Сенат го отфрли обидот да се запре продажбата на Ф-16 и опрема за модернизација на Турција од 23 милијарди долари од администрацијата на претседателот Џо Бајден, откако Турција го одобри пристапот на Шведска во НАТО.Ердоган рече дека Турција очекува солидарност од сојузниците во НАТО во борбата против тероризмот.

Свет | пред 1 година

erdogan-1

Ердоган ја загуби круната на непобедивост, доживеа изборен дебакл

Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган на вчерашните локални избори го претрпе најголемиот изборен пораз.Неговата партија ги загуби Истанбул, Анкара и Измир. Ердоган го призна поразот на локалните избори во Турција кои бележеа висока излезност од речиси Ердоган го призна својот пораз на локалните избори во Турција кои имаа висока излезност од 74 отсто. Екрем Имамоглу прогласи победа во Истанбул.,,Од утре Турција ќе биде поинаква Турција. Драги мои истанбулци, денес ја отворивте вратата за нова иднина. Ја отворивте вратата за подемот на демократијата, еднаквоста и слободата, рече Имамоглу.Победата ја објави и актуелниот градоначалник на Анкара Мансур Јаваш.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Ердоган изгуби на локалните избори

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рано утринава изјави дека неговата владејачка партија не го постигнала посакуваниот резултат на вчерашните локални избори.Турците на тој начин го казнија Ердоган и неговата партија на локалните избори ширум земјата, рушејќи ги надежите на претседателот за враќање на општините во Истанбул и Анкара кои опозицијата ги освои во 2019 година, објави Новости.Обраќајќи им се на поддржувачите во Анкара, Ердоган рече дека изборите не се крај, туку пресвртница за неговиот сојуз, додавајќи дека изборниот циклус, кој датира од мај минатата година и ја исцрпи турската економија, сега е завршен.Актуелните опозициски градоначалници на Истанбул и Анкара прогласија победа на локалните избори во неделата, што значи дека партијата на турскиот претседател загуби во двата најголеми града во земјата.Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кандидат на најголемата турска опозициска партија ЦХП, рече дека води со повеќе од еден милион гласови по преброените 96 отсто од гласачките ливчиња.Градоначалникот на Анкара Мансур Јавас, исто така од партијата ЦХП, прогласи победа во тој град.„Изборите завршија, ние продолжуваме да им служиме на Анкара и нејзините шест милиони жители без дискриминација“, вети тој.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Ердоган оди во Америка

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се подготвувс за официјална посета на Вашингтон, каде на 9 мај во Белата куќа ќе биде примен од неговиот американски колега Џо Бајден, соопшти денеска официјален извор.Тоа ќе биде прва средба на овие двајца претседатели во Белата куќа.Ердоган претходно беше примен од поранешниот американски претседател Доналд Трамп.Односите меѓу Вашингтон и Анкара неодамна се подобрија кога Турција, членка на НАТО, го одобри влезот на Финска, а потоа и на Шведска во алијансата, по 20 месеци двоумење.Како знак на поддршка, Бајден во јануари, а потоа и Конгресот на САД во февруари ја одобри продажбата на американски борбени авиони Ф-16 на Турција, со што стави крај на месечните расправии меѓу Вашингтон и Анкара околу ова прашање.

Свет | пред 2 години

Нема фотографија

Ердоган најавува дека ќе се повлече од политиката

Во пресрет на многу важни локални избори, турскиот претседател Ердоган најавува дека ќе се повлече од политиката. Дали го мисли тоа или е само тактички потег?„Работам со сите сили, бидејќи ова е финале за мене, според законот овие избори ќе ми бидат последни.Таа реченица на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предизвика бура на Запад. Агенциите пренесоа: „Ердоган размислува за заминување“. Или: „Ердоган најави повлекување“. Во Турција, пак, наиде на потсмев. „Повторно се откажува“, напишаа многумина на социјалните мрежи, потсетувајќи ги колку пати Ердоган веќе го најави своето заминување: два, три или повеќе.Според д-р Хаки Таш, политиколог од германскиот институт за глобални студии (ГИГА), луѓето со право се скептични, бидејќи веќе неколку пати слушнале слични најави од Ердоган.„Тој зборуваше за неговите последни избори во 2009 година. Потоа во 2012 година рече дека последен пат ќе се кандидира за лидер на партијата. А во 2023 година вети дека последен пат ќе побара поддршка од гласачите и потоа ќе ја предаде палката на помладата генерација“, се сеќава Таш. И сега повторно истите изјави дека претстојните локални избори ќе му бидат последни.Во исто време, по секои избори, Ердоган продолжи да ја спроведува својата програма и во исто време ги прошири своите овластувања. Денес е помоќен од било кога. Тој е првиот шеф на државата кој е и шеф на владата. Покрај тоа, тој е и претседател на неговата партија.Затоа Таш смета дека изјавата на Ердоган е повеќе тактички потег. Ги користи емоциите на сопствените гласачи и уште еднаш ја бара нивната доверба за да ги мобилизира, вели експертот на германскиот институт.Ердоган, исламско-конзервативен политичар, е на власт 22 години - прво како премиер, а од 2014 година како претседател. И покрај тоа, локалните избори одржани на 31 март му се многу важни. Во последните десет години во Турција се одржаа неколку референдуми, парламентарни, локални и претседателски избори. Политиката, општеството и економијата постојано се во режим на изборна кампања.

Свет | пред 2 години

erdogan

Ердоган неколку месеци живеел во Тетово кај албанско семејство

Tурскиот претседател Реџеп Таип Ердоган одреден период живеел во Тетово, јави еуроњуз Албанија (euronews Albania).Поранешниот конзул на Албанија во Истанбул, Ермал Калеци изјавил дека Ердоган живеел во Тетово неколку месеци во 1999 година.„Тој по излегувањето од затвор се засолни кај албанско семејство во Тетово. Ова е откако во 1998 година тој беше осуден за поттикнување верска омраза затоа што рецитирал песна во која ги споредува џамиите со касарните и верниците со војската“, тврди Калеци.Ердоган тогаш добил 10 месеци затвор, од кои одлежал само четири месеци.Неодамна Ердоган е реизбран за претседател на Турција.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Ердоган до Западот: Провоцирате

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган го критикуваше колективниот Запад дека инсистира на политиката на провокација од Москва.Како што јави Раша тудеј, Ердоган ова го изјавил по средбата со претседателот на Србија, со кој се сретна во Белград, во рамки на неговата балканска турнеја чија цел е промовирање на турската регионална дипломатија.„Јасно можам да кажам дека мислам дека политиката на Западот кон Русија не е коректна, бидејќи таа политика се заснова на провокации“, рече Ердоган.„Нема да ги именувам сега, но има неколку западни земји чиј пристап кон ова прашање, според нас, не е точен. Затоа што, кога ја следите политиката на провокации, нема да постигнете резултати“, рече Ердоган.Анкара се залага, како што објави Раша тудеј, за балансирана политика која веќе даде резултати во форма на договор за житото постигнат на крајот на јули, додаде турскиот претседател.Тој ги коментираше и испораките на огромни количини оружје за Украина, велејќи дека тоа се „остаток“.

пред 3 години

erdogan-1

Ковачевски денес на средба со Ердоган

Премиерот, Димитар Ковачевски, денеска во рамките на неговата работна посета во Истанбул ќе предводи владина делегација на средба со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.Како што информираат од владината прес-служба, средбата на Ковачевски со претседателот Ердоган е потврда на исклучително добрите односи со Турција и на неа е предвидено да се разговара за повеќе билатерални прашања од интерес на двете земји.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања