Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Ердоган предупредува: Конфликтот во Иран ќе се прошири и ќе ја загрози светската безбедност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Свет
erdogan-3

Реџеп Таип Ердоган, претседател на Турција, изрази длабока загриженост поради страдањата на цивилите во Иран и најави засилени дипломатски напори за воспоставување прекин на огнот и враќање на мирот во регионот, пишува Анадолу.

— реклама —

Говорејќи на настан во Анкара, Ердоган порача дека Турција ја споделува болката на иранскиот народ и дека цивилите, особено недолжните деца, го носат товарот на конфликтот. Тој нагласи дека приоритет на Анкара е обезбедување прекин на огнот и отворање пат за дијалог.

— реклама —

„Доколку не се преземат неопходни мерки, конфликтот ќе има тешки последици за регионалната и глобалната безбедност“, предупреди Ердоган, додавајќи дека никој не може да ја поднесе економската и геополитичката неизвесност што би произлегла од натамошна ескалација.

— реклама —

Во заедничките американско-израелски напади од саботата, според извештаите, биле убиени повеќе високи ирански претставници, меѓу кои и врховниот лидер ајатолах Али Хамнеи. Техеран возвратил со напади со беспилотни летала и ракети врз цели поврзани со САД во заливските земји.

Потврдена е смртта на четворица американски војници, додека уште четворица се тешко повредени. Иранскиот Црвен полумесец соопшти дека бројот на загинати во американските и израелските воздушни напади од саботата се искачил на 555 лица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Претседателот на Египет до Трамп: „Ве молам, запрете ја војната“

Свет | пред 6 часа

media-libraryoilhi33moenp3cStO1e

Стармер: Британија нема да испрати војници во Иран

Свет | пред 6 часа

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио со жестока порака до Иран: „Ова нема да се дозволи“

Македонија | пред 7 часа

media-libraryu2851kdd8n807FhzUcJ

Иран потврди смрт на важен командант

Свет | пред 11 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања