Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ЕТИАС ќе стартува во последниот квартал од 2026: електронска дозвола за влез во Шенген, со препорака да се аплицира навреме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
pasosh

ЕТИАС, електронската патна дозвола на ЕУ, треба да започне во последниот квартал од 2026 година, со точен датум најавен неколку месеци однапред. Ќе важи за државјани на околу 60 земји што патуваат без виза и ќе овозможи влез во 30 шенгенски/европски земји до 90 дена во 180 дена. Апликацијата е онлајн и чини 20 евра, со изземање за лица над 70 години и малолетници. Дозволата важи 3 години или до истек на пасош; обработката трае од минути до 14 дена, а во некои случаи до 30, па се препорачува рано аплицирање. ЕТИАС не гарантира автоматски влез. Системот е дел од мерки за дигитализација и посилни гранични контроли, заедно со ЕЕС, кој ќе воведе дигитална биометриска евиденција наместо печати во пасош.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Електронската патна дозвола на Европската унија – ЕТИАС – треба да започне со примена во последниот квартал од 2026 година, а точниот датум на старт ќе биде објавен неколку месеци однапред.

Дозволата ќе важи за државјани на околу 60 земји кои патуваат без виза, а процедурата подразбира онлајн апликација за влез во државите од Шенген-зоната. Со валидна ЕТИАС-дозвола ќе може да се патува во вкупно 30 европски земји, вообичаено до 90 дена во рамки на било кој период од 180 дена.

— реклама —

Цената за онлајн апликацијата е 20 евра. Од плаќање ќе бидат ослободени лица постари од 70 години и малолетници. ЕТИАС ќе важи три години, односно до истекот на патната исправа – по што ќе треба да се извади нова дозвола.

Од ЕУ наведуваат дека обработката на барањето, по онлајн аплицирањето, може да трае од неколку минути до 14 дена (на пример, ако се побара дополнителна документација или информации), а во одредени случаи и до 30 дена доколку апликантот биде повикан на разговор. Поради тоа, се препорачува барањето да се поднесе значително пред планираното патување.

— реклама —

Важно е да се нагласи дека ЕТИАС не претставува автоматска гаранција за влез. На граничен премин, службеник може да побара пасош и други документи и да утврди дали се исполнети условите за влез во земјата.

ЕТИАС е дел од поширокиот пакет мерки за дигитализација и зајакнување на контролите на надворешните граници на ЕУ, заедно со системот ЕЕС (Entry/Exit System), кој треба да го замени печатирањето на пасошите со дигитална евиденција на влезови и излези, базирана на биометриски податоци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryccg0aktmt8nba7bE950

Шпанија, Словенија и Ирска бараат преиспитување на односите ЕУ–Израел

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryssrcquqp4hg87L3h35Z

Европа губи 53 милиони жители до 2100 година: алармантна прогноза на Евростат

Свет | пред 5 дена

media-library6bi22uv8gvv63tlvg2S

По победата на Маѓар, Унгарија би можела да добие милијарди евра од ЕУ

Свет | пред 1 седмица

media-librarye4qv4hk7n5ck3xF03iH

Прва реакција од Русија: Поразот на Орбан ќе го забрза распадот на ЕУ

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања