Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ПАТУВАЊЕ

media-libraryavdbt5hs3nh29NVb0Bj

Стејт департментот со безбедносно предупредување: Американците ширум светот да бидат повнимателни, со посебен акцент на Блискиот Исток

Стејт департментот на САД издаде глобално безбедносно предупредување „Worldwide Caution“, со кое им препорачува на американските државјани ширум светот да применуваат зголемена претпазливост, а особено при престој и патување на Блискиот Исток.Во соопштението, означено како „Security alert“ се наведува дека американските граѓани во странство треба внимателно да ги следат насоките од безбедносните известувања што ги објавуваат најблиските амбасади и конзулати на САД. Како дополнителен фактор, се предупредува и на можни периодични затворања на воздушен простор, што може да предизвика нарушувања во патувањата и измена на летовите во последен момент.Предупредувањето посочува и дека американски дипломатски објекти биле цел на напади, вклучително и надвор од регионот на Блискиот Исток, и дека постои ризик од насочување кон други американски интереси во странство, како и кон места што се поврзуваат со Соединетите Американски Држави или со американски државјани.Надлежните им препорачуваат на патниците навремено да се информираат и да ги прочитаат препораките за конкретната дестинација пред да тргнат на пат. Како практична мерка за подобра информираност, се потсетува и на можноста за пријавување во системот STEP, преку кој се добиваат најновите безбедносни известувања.Предупредувањето е означено како глобално („Location: Worldwide“) и, според објавата, последен пат е ажурирано на 22 март 2026 година.

Свет | пред 1 седмица

horoskop1

Хороскопски знаци кои најмногу сакаат да патуваат и да го истражуваат светот

Додека некои луѓе најголемата среќа ја наоѓаат во удобноста на сопствениот дом, опкружени со познати лица и работи, за други и самата помисла на рутина е доволна за да почнат да ги пакуваат куферите. Се чини дека желбата за истражување на непознатото, за патување и авантура, кај некои едноставно е запишана во ѕвездите. Астрологијата открива кои се тие знаци на Зодијакот што се родени со пасош во едната и карта на светот во другата рака.СтрелецАко постои знак што го отелотворува духот на слободниот патник, тоа е Стрелецот. Владетел на овој знак е Јупитер, планетата на експанзијата, среќата и повисокото знаење, па затоа не изненадува што Стрелците постојано тежнеат да ги прошират своите хоризонти – буквално и фигуративно. За нив патувањето не е само одмор, туку потреба, начин на живот и потрага по смисла. Тие се вечни оптимисти и филозофи кои без проблем ќе тргнат на повеќемесечно патување со ранец низ Југоисточна Азија или ќе заминат да истражуваат древни урнатини во Јужна Америка.Стрелците не сакаат детално планирање. Нивната авантура започнува во моментот кога спонтано ќе купат авионска карта за дестинацијата од соништата. Уживаат во запознавање локални култури, дегустација автентична храна и разговори со непознати луѓе, собирајќи приказни и искуства што подоцна со воодушевување ги споделуваат. За нив, луксузот не е важен – најважни се автентичноста и слободата што патувањето ја носи.БлизнациЉубопитните и друштвени Близнаци едноставно не можат долго да бидат на едно место. Нивниот ум е под влијание на Меркур, планетата на комуникацијата и движењето, што ги прави немирни и гладни за нови информации и дразби. Иако можеби нема да тргнат на епско патување околу светот како Стрелците, Близнаците се мајстори на кратки, динамични патувања. Викинд одмори во европски метрополи, патувања со автомобил со пријатели или истражување на скриените места во сопствената земја совршено одговараат на нивната енергија.За Близнаците патувањето е можност да ја задоволат својата неисцрпна љубопитност. Тие сакаат да видат сè, да разговараат со сите и да впијат што е можно повеќе информации. Ќе го посетат секој музеј, галерија и позната знаменитост, а навечер со задоволство ќе се загубат во атмосферата на локалните барови. Нивната способност за прилагодување ги прави идеални сопатници, секогаш подготвени за разговор и нова авантура зад аголот.ОвенКако прв знак на Зодијакот, Овенот е роден водач и пионер, а таа енергија совршено се пресликува и во неговиот стил на патување. Под водство на Марс, планетата на акцијата и страста, Овните не бараат опуштен одмор на плажа – тие бараат предизвик и возбуда. Нивниот идеален одмор вклучува планинарење, рафтинг, истражување на дивината или било која активност што го крева адреналинот. Досадата е нивни најголем непријател, па затоа куферите секогаш им се спремни за спонтано бегство од рутината.Овните се независни патници кои не се плашат да истражуваат сами. Тие се импулсивни и често одлучуваат да патуваат во последен момент, водени од желба за акција. Уживаат во поместување на сопствените граници и освојување нови територии. Без разлика дали се искачуваат на вулкан или учат да сурфаат на егзотична плажа, Овните се враќаат од патување со чувство на победа и необични приказни.ВодолијаВодолиите се оригинални и неконвенционални личности во Зодијакот, а такви се и нивните патувања. Под влијание на Уран, планетата на револуцијата и неочекуваното, тие ги избегнуваат популарните туристички дестинации и утврдените патеки. Нив ги привлекуваат места што нудат уникатно искуство – било тоа да е волонтирање во еколошко село во Костарика, посета на технолошки саем во Јапонија или истражување на алтернативната уметничка сцена во Берлин.За Водолијата патувањето не е само бегство, туку начин на поврзување со глобалната заедница и проширување на свеста. Тие се заинтересирани за иднината, технологијата, хуманитарната работа и општествениот напредок. На патувањата често создаваат необични пријателства и стануваат дел од локалните заедници, барајќи интелектуална стимулација и доживувања што ќе им ја променат перспективата за светот.ЛавИако можеби не се авантуристи во класична смисла како Овенот или Стрелецот, Лавовите обожуваат да патуваат – но тоа го прават со стил. Владетел на Лавот е Сонцето, па тие природно тежнеат кон места што се гламурозни, сончеви и полни со живот. За нив патувањето е можност да уживаат во луксуз, забава и, секако, внимание. Нивниот идеален одмор вклучува хотел со пет ѕвезди, вечери во најдобрите ресторани и посета на ексклузивни настани.Дестинации како Азурниот Брег, Дубаи или Мајами совршено одговараат на нивниот вкус. Лавовите сакаат места со богата културна сцена, театри и уметнички галерии, каде што можат да впијат инспирација и убавина. Нивните патувања секогаш се добро документирани на социјалните мрежи, затоа што Лавот сака со светот да ги сподели своите спектакуларни доживувања. За нив, одморот е голема сцена, а тие се главните ѕвезди.Иако Стрелец, Близнаци, Овен, Водолија и Лав се издвоени како најголеми патници во Зодијакот, страста за истражување може да се разбуди кај секој од нас. Без разлика дали сонувате за далечни егзотични места или само за викенд-излет во блискиот град, не дозволувајте ѕвездите да ви стојат на патот. Понекогаш најдобрата авантура е онаа на која ќе се осмелиме – без оглед на хороскопскиот знак.

Магазин | пред 2 месеци

ganikj

Инспекција влезе во компанијата со која граѓани поминаа патешествие од Истанбул до Скопје

По голготата на македонските туристи кои за Истанбул со „Ганиќ-Ексклузив“, Министерството за транспорт и врски започна со вонреден надзор. Истовремено, од Министерството за внатрешни работи посочуваат дека во континуитет вршат контроли во доменот на нивната надлежност. Ова доаѓа откако патници се пожалија дека компанијата сакала да ги превезува со неисправен автобус, а по низа инсистирања (за некои се објавени и снимки), испратено е ново возило. Од Министерството за транспорт посочуваат дека проверките ќе бидат детални.„Во рамки на своите законски надлежности Министерството за транспорт ги презема сите активности за реализација на внатрешниот и меѓународниот транспорт на патници. Исто така Министерството за транспорт во континуитет го следи случајот со туристичкиот автобус. Според првичните информации се работи за техничка неисправност на автобусот што е надвор од надлежностите на Министерството за транспорт. Она што министерството согласно своите законски надлежности ќе направи е ќе се побара вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторатот за транспорт и ќе се извршат детални проверки. Доколку се утврди прекршување на Законот за превоз во патниот сообраќај, ќе се изречат соодветни законски санкции“, велат од Министерството за транспорт за „Скопје1“.Од Министерството за внатрешни работи, посочуваат дека секое моторно возило мора да биде технички исправно за да биде во сообраќај.„Во рамките на нашите законски овластувања, редовно спроведуваме контроли на техничките прегледи и работата на овластените станици, надзор над спроведувањето на прописите за безбедност во сообраќајот, проверки на исправноста на возилата во сообраќај, секоја констатирана неправилност се третира согласно важечките закони, со преземање на соодветни правни мерки“, велат од МВР.Патниците кои биле со компанијата за Истанбул, за назад патувале повеќе од 30 часови, сведочат самите. За нивниот револт има сведочења на социјалните мрежи, а некои од нив најавија и групна тужба за компанијата, а со цел вакво патешествие да не се повтори. Од компанијата пак, тврдат дека дефектот бил технички и надминат, а патниците се враќале со друго возило. Истовремено, спротивно на сведочењата, оттаму велат дека патниците правеле дури и забава, а не дека биле лути и гневни.

Македонија | пред 6 месеци

ganikj

(Видео) Македонски туристи поминаа голгота: вчера ги убедуваа да продолжат со автобус за кои тврдеа дека е исправен, сега и сами признаваат дека не бил

Патници од Македонија со страв се враќале кон Македонија по туристичка посета на Истанбул, бидејќи се појавиле проблеми со исправноста на автобусот. Тие тврдат дека возилото постојано прегревало, а возачот морал да застанува за да се олади моторот. Компанијата „Ганиќ-Ексклузив“ за „Скопје1“признава дека имало проблеми со автобусот, иако ако се слушнат снимките може да се воочи дека претходно претставник оттаму ги убедува патниците да продолжат со истото возило. На крајот, поради инсистирањето, пратиле друг автобус, за да ги врати во Македонија. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)„Проблемот е решен“, вели патничката Амела во разговор за кој посочуваат дека е со газдата, а тој и враќа: „Решен е проблемот“. Таа потоа му објаснува: „Не е решен, автобусот не е во ред. Не е само цревото. Од вчера свети сијалицата. Немојте да се силите и заканувате многу. Јас ви кажав, сите овде чекаат“.Од другата страна, газдата им вели: „автобусот е направен“, на што тие враќаат: „Господине, мајсторите кажаа дека автобусот не е исправен! 60 души нѐ дриблате!“.Според патници, на автобусот прво му паднала пластика од тркало, па почнало да мириса и да има чад. Го поправале со часови, смениле водна пумпа и други делови. Ова траело четири часа.„За време на враќање од Истанбул за Македонија непредвидено дојде до пукање на црво и загревање на моторот поради што автобусот не можеше да го продолжи патот. Поради пукање на црево патниците не се доведени до никаков ризик, но поради дефектот автобусот не можеше да продолжи на пат кон Македонија. Веднаш испративме друг исправен автобус од Македонија за да ги земеме патниците. Патниците се веќе во автобус и се враќаат за Македонија. Искрено жалиме за непредвидениот дефект што се случи за време на враќање кон Македонија, и поради тоа што патниците мораа да чекаат додека дојде автобусот што тргна од Македонија, сепак се работи за голема релација и повеќечасовно чекање од страна на патниците“, велат во писмениот одговор на компанијата испратен до „Скопје1“.Патниците ни испратија и снимки на кои се гледа дека автобусот паркиран, и вон-возна состојба. На друга снимка се гледа и чадот кој доаѓа од задниот дел на возилото. Компанијата пак, тврди дека пратиле исправен автобус.„Патување повеќе од 24 часа, прашање е кога ќе се стигне. Газдата на агенцијата ни спушта телефон, не креваше синоќа“, сведочи патничка попладнево.Патниците уште патуваат кон Македонија.

Македонија | пред 6 месеци

zlatni-rat-promena-plaza

Оваа земја минатата година не беше ниту во топ 10, а сега е најбараната дестинација во светот

Google го објави својот извештај за најпребаруваните термини во 2024 година, а врз основа на него, познатиот магазин за патувања Conde Nast Traveler (CNT) издвои 10 дестинации кои забележаа најголем пораст на пребарувања и ги предложи како инспирација за патување во 2025 година.Според извештајот на Google, најбарана дестинација во светот во 2024 година е Турција. Интересно, во извештајот за 2023 година, таа не била ниту во првите десет пребарувања.Најмногу пребарувани земји во 2024 година10. ХрватскаХрватска постепено стекнува репутација на европска туристичка дестинација и е претставена како подостапна дестинација за одмор - освен фантастичните острови на Јадранот, тие препорачуваат „да се упатите кон внатрешноста на вкусните гурмански патувања во Сплит или Загреб или да го посетите Дубровник“. „Но, плажите се главната атракција во оваа земја - со повеќе од 4.000 километри крајбрежје.9. МаурициусВо 1980-тите и 1990-тите, Маурициус беше омилена дестинација за џет-сетот, а сега е повторно во центарот на вниманието, благодарение на низата гламурозни хотели, зачувувањето на природата и растечката сцена на улична храна.8. МексикоШироки плажи со бел песок, бујни дождовни шуми, урнатини на Маите и Ацтеките и неверојатна кујна - Мексико ги има сите состојки за да ги „покрие“ вкусовите на сите видови патници, одговарајќи на секој тип на патник.7. КипарСместено помеѓу Грција, Турција и Либан - Кипар е совршен спој на култури. „Дојдете по суровите планини покриени со снег, меките плажи со прекриени со блескавиот Медитеран и одлична кипарска храна. Поминете часови нуркајќи во морето или посетете ги византиските цркви, пред да одите на некое од лозјата навечер“, предлага CNT.6. ПортугалијаИ покрај падот од четвртото на шестото место годинава, интересот за оваа европска земја сè уште постои. Има шармантни градови, возбудливи ресторани, прекрасно сино море, но и термални води, тиркизни лагуни и вулкани кои ги пробиваат облаците.5. Египет„Се разбира, има многу античка историја за откривање, но талкајте низ улиците за да најдете скриени богатства на кои би им позавиделе фараоните... Нил е доволно блескав за оние кои бараат спомени поголеми од сувенири и далеку од реката, Сахара покрива 94 проценти од земјата, оставајќи огромен простор за истражување ако се впуштите во внатрешноста на земјата“.4. Италија„Земјата е мешавина од прекрасни места од бајките, раздвижени градови и недопрени плажи.3. МалтаОвој остров е хит европска дестинација. Забележано е дека Малта била користена како позадина за многу иконски филмови и ТВ серии, но зад нејзините улици во боја на мед се наоѓаат ресторани, барови и хотели кои чекаат да бидат откриени.2. ГрцијаГрција беше прва на оваа листа за 2023 година, а нејзината популарност не се намалува. Од белиот Миконос до Кефалонија, позната по дивите патеки и рустикални села, Грција е полна со места од соништата - препорачуваме да започнете од Атина и потоа да го најдете вашиот омилен грчки остров - совршените зајдисонца на Санторини, непреполните плажи на Крф, Сонце на крајот на летото на Крит…1. ТурцијаВо 2023 година Турција не беше ниту во првите десет, а сега е на самиот врв на листата на најбарани во 2024 година – заслужено. „Тоа е многу разновидна земја, полна со култура, историја, одлична архитектура и уметност“, вели CNT.

Магазин | пред 1 година

Нема фотографија

Наскоро ќе се наплаќа влезот во Римскиот Пантеон: Цената е симболична

На туристите во Рим кои ќе го посетат Пантеон, најпосетуваното културно место во Италија, наскоро ќе им се наплаќа 5 евра (5,28 долари) за влез, но точниот датум на спроведување на одлуката не е познат.Според податоците на италијанското Министерство за култура од март, овој римски храм, изграден во екот на Римската империја, годишно го посетуваат повеќе од 7 милиони луѓе, што го прави најпосетуваното културно место во цела Италија. Средствата од наплатата на билетите ќе бидат наменети за одржување и реновирање на објектот, еден од најважните во историјата на архитектурата, соопшти Министерството.Децата и младите до 18 години, како и жителите на Рим, нема да плаќаат влез, а влезот ќе биде бесплатен за членовите на црквата и верските служби. Во собирањето средства е вклучена и Римската епархија, која сака да ги искористи средствата за добротворни и културни цели.Многу слични римски споменици, како Колосеумот или Римскиот форум, долго време се наплаќаат за влез, но влезот во многу цркви и светилишта е сè уште бесплатен. Во Пантеонот се погребани италијанските кралеви Виторио Емануеле II и Умберто I, како и некои уметници, меѓу кои и ренесансниот сликар и архитект Рафаело.Првата градба била подигната помеѓу 27 и 25 п.н.е., а импресивната купола била изградена во првата половина на вториот век од нашата ера. Пантеонот се смета за архитектонско чудо и најимпресивниот антички храм во центарот на Рим.Нејзината купола е најголемата неармирана купола на светот, а до денес не е познато како Римјаните ја изградиле пред 2000 години. Првично, Пантеон бил изграден како храм на сите богови, а од VII век е католичка црква. Кога Микеланџело првпат го видел, се вели дека рекол дека тоа е дело на ангели, а не на човечки раце.

Магазин | пред 3 години

hotel-room-with-white-sheets

Гостин во хотел во шок: Ми наплаќаат дополнителни 46 евра ако ја отворам вратата

Еден гостин на хотелот останал во шок откако открил дека ќе му наплатат дополнителни 50 долари или нешто повеќе од 46 евра за користење на минибарот доколку ја отвори вратата.Тој се пожали на Редит, споделувајќи фотографија од фрижидер од хотелска соба со известување во кое се вели дека фрижидерот содржи сензор и дека се плаќа 50 долари за користење за приватни цели.Со други зборови, ако ставите шише вода во минибарот и поради тоа ја отворите вратата, во овој случај ќе ве чини 50 долари, но корисникот не откри за кој хотел станува збор.„Би било освежувачко да не те скинат на секој чекор“, напишал еден корисник на Reddit, додека друг прашал: „Како е ова дури и легално?Како функционираат минибарите?Поновите користат инфрацрвени или други автоматизирани техники за снимање на купувања. Отстранувањето на ставката автоматски се открива и веднаш се наплаќа на кредитната картичка на гостинот, дури и ако предметот не се користи. Овој метод успешно го спречува губењето на производот, кражбата или загубата на приход, според хрватски Индекс.

Магазин | пред 3 години

Kranj-Slovenia-1136x640-Wallpapers1

Објавени победниците за европски престолнини на паметниот туризам за 2023 година

Европската комисија ги објави овогодинешните победници на натпреварот за европска престолнина на паметниот туризам за 2023 година. Најдобри дестинации за паметен туризам се Пафос и Севилја, а Крањ од Словенија е избрана за најдобра европска дестинација за извонредност во 2023 година.Овие две иницијативи на ЕУ имаат за цел да промовираат дестинации за нивните паметни и одржливи туристички практики. Натпреварот за европска престолнина на паметен туризам признава извонредни достигнувања во четири специфични категории. Тоа се пристапноста, одржливоста, дигитализацијата како и културното наследство и креативноста.Европската дестинација за извонредност се однесува на помалите туристички дестинации кои можат да ги покажат своите извонредни достигнувања за одржливост и да инспирираат други туристички дестинации во нивната зелена транзиција. Натпреварите беа отворени за дестинации низ ЕУ, како и за земји кои не се членки на ЕУ кои учествуваат во програмата COSME.Европските паметни туристички престолнини ќе имаат корист од поддршката за комуникација и брендирање во текот на 2023 година. Дополнително, европската дестинација на извонредност ќе биде позиционирана како пионер на одржливиот туризам посветен на целите на Европскиот зелен план. Во текот на годината, Крањ како најдобра европска дестинација за извонредност во 2023 година ќе добие професионална поддршка закомуникација и брендирање на ниво на ЕУ.Foto: José Fuste Raga/Corbis

Магазин | пред 3 години

brod

(ВИДЕО) Најголемиот крузер во светот ќе заплови во 2024 година: Ќе има свој водопад и модерна роботика

Крузерот „Icon of the Seas“ е најголемиот во светот. Планирано е оваа луксузна морска убавица да исплови во јануари 2024 година. На посетителите им се нудат бројни базени, водопади и тематски паркови.Компанијата „Royal Caribbean“ откри детали за својот најголем брод за крстарење во светот „Icon of the Seas“. Тоа ќе биде најголемиот брод за крстарење со неверојатна понуда на различни удобности за сечиј вкус.Дел од бродот е дизајниран како Централ Парк. Ќе има водопад висок 16 метри, решетки, тобоган, кино, караоке и огромна тераса. Крузерот е 250.800 тони, долг е 365 метри и три метри подолг од крстаречкиот брод „Cuda Mora“, кој моментално е најголемиот во светот.Може да прими 7.600 патници и 2.350 членови на екипажот. Има 2.805 кабини и е фокусиран на семејните одмори. Посетителите ќе можат да уживаат во луксузните семејни кабини и апартмани.На врвот на бродот за крстарење се наоѓа AquaDome, кој преку ден ќе има сопствен водопад и поглед на океанот, а навечер ќе се претвори во центар за забава со ресторани, барови и ревии.Бродот ќе биде опремен со најсовремени технологии, вклучувајќи модерна роботика.„Од моментот кога посетителите влегуваат во бродот за крстарење, секое нивно движење е дизајнирано да им го понуди најдобриот одмор. Пред се, „Icon of the Seas“ е наменет за семеен одмор“, рече Џејсон Либерти, претседател и извршен директор на Royal Caribbean Group.

Магазин | пред 3 години

IMG_0960

Шпанија ги промени условите за влез, постави нови правила поврзани со Ковид

Шпанија е меѓу последните европски земји што ги укина патните ограничувања поврзани со пандемијата. Шпанија сака да ја усогласи својата политика со онаа на речиси сите други земји од ЕУ кои веќе ги отстранија сите ограничувања кога станува збор за коронавирусот.Шпанија ги укина сите ограничувања за патување. Сите меѓународни патници кои доаѓаат надвор од ЕУ или Шенген зоната повеќе не треба да имаат никаков документ. До неодамна им беше неопходен доказ за вакцинација, доказ за прележан ковид или негативен тест.Позитивниот тренд на вакцинација на глобално ниво овозможи да се укинат ограничувањата. Дополнително, намалениот број на случаи на сериозни болести најави крај на сите ограничувања во повеќето европски земји. Некои од земјите кои исто така ги укинаа ограничувањата за патување се Обединетото Кралство, Грција, Италија, Франција и Исланд.Од остатокот од светот, Австралија, Нов Зеланд и Канада, земји кои одржуваа особено строги протоколи за време на пандемијата, исто така ги укинаа своите ограничувања. Овие земји се целосно отворени за сите меѓународни патници.Ваквата одлука е особено важна, имајќи предвид дека Шпанија е една од земјите кои годинава ги сруши речиси сите туристички рекорди.

Магазин | пред 3 години

avion-1

Соборен е рекорд во целиот свет: Бројот на патници скокнал за 69 отсто

Меѓународниот совет на аеродроми (АЦИ) соопшти дека во првите шест месеци од годинава бројот на патници во воздушниот сообраќај е зголемен за 69 отсто, јавува Anadolu Agency.Од 22 до 28 во Маракеш се одржува годишниот конгрес на Меѓународниот совет на аеродроми, а претседателот на советот Луис Фелипе де Оливеира во оваа прилика соопшти дека бројот на патници во авиосообраќајот во првите шест месеци достигнал три милијарди.Оливеира додаде дека зголемувањето е поврзано со летниот период од 2022 година и посочи дека тоа се одлични резултати кои доаѓаат по ограничувањата на Ковид поради пандемијата која започна пред две години.Тој посочи дека бројот на патници кои користеле авиосообраќај во првата половина од годинава е зголемен за 69 отсто, а се повика и на претпоставките за крајот на годината.Патувањето беше меѓу најпогодените полиња од пандемијата на Ковид 19 во 2020 година. Претпоставките на Меѓународната агенција за воздушен транспорт (ИАТА) се дека последиците ќе бидат видливи до 2026 година.

Магазин | пред 3 години

hrvatska-dubrovnik

Туристите разочарани: „Миланo е полнo со Кинези, Атина запоставена, а Дубровник...“

Еден од најдобрите начини да ги избегнете туристичките стапици кога патувате е да читате книги или форуми каде патниците споделуваат совети, фотографии и искуства, а токму на Reddit можете да најдете дискусии за најизненадувачките европски градови, без разлика дали се пријатни или непријатни.На пример, корисниците на Редит забележуваат дека Пловдив во Бугарија е неправедно запоставен и дека е многу подобро да се оди таму отколку Софија.На листата на градови кои беа непријатно изненадување се најде Дубровник, пред се поради гужвата и премалку места за поминување време, како и Цирих поради недостапните луѓе. Членовите на форумот се советуваат да го посетат Дубровник напролет, кога нема гужви, цените се поповолни, а времето е топло.„Можете да најдете многу интересни места во Атина, но таа е во голема мера запоставена, а Ливерпул ми е сив и депресивен“, пишува еден од корисниците.Тој ја препорачува Виена, „најчистиот град што некогаш го посетил“, потоа Венеција, без разлика на туристите, но никого не би советувал да го посети Закопане во Полска.„Во Милано бев изненаден од големата кинеска заедница, како и од најстариот кинески кварт во Европа, каде јадев вкусна кинеска храна“, пишува турист од Германија. Други членови на форумот рекоа дека кинескиот кварт во Милано нуди одлични места за јадење, како што е Равиолерија Сарпи."Неапол ме изненади позитивно. Иако е хаотичен и валкан, а сообраќајот е кошмар, мислам дека е посебен, има многу кул атмосфера и посебна убавина. Негативно изненадување беше Брисел. Со оглед на тоа што неофицијално е главен град на Европа, срамота е некои делови од градот да се запуштени и грди“, вели корисник на Редит од Германија, кој ја пофалил и Варшава, каде што живеел една година како студент. Тој беше изненаден од чистотата на улиците, како и од интересната мешавина на историја и модерни карактеристики.

Магазин | пред 3 години

1859697970631dded139433465581695_690x460

(ФОТО) Прекрасна плажа која е симбол на Крит

Крит е секогаш вистинскиот избор за одмор, особено ако планирате одмор во втората половина на септември или во октомври. Овој пат ви ја откриваме плажата која важи за симбол на овој остров, и на која можете да пливате и во свежа и во солена вода.Често ќе слушнете дека туристите ја нарекуваат оваа плажа „Палм плажа“, што целосно го заслужува. Во исто време, плажата Превели (позната и како Феникс) е еден од симболите на островот, па не е чудно што е најпосетувана. Се наоѓа на самиот влез во клисурата Курталиотис, јужно од Ретимно, на устието на реката Курталиотис во Либиското Море, пишува Grčkainfo.com. На бреговите на реката има голема шума од палми, што на пејзажот му дава егзотичен шмек. На излезот од реката има песочна плажа со камчиња на дното и многу студена вода, токму поради близината на реката. Во источниот дел на плажата има прекрасна карпа која личи на јарбол. Плажата е слабо одржувана, без чадори, но во близина има неколку ресторани и барови. Исто така, можно е да се изнајмат педалинки за возење по реката.Превели до пред неколку години најчесто го посетуваа туристи кои практикуваат нудизам, бидејќи е заштитен од љубопитните погледи и се наоѓа во залив, а опкружен е со вегетација која е доволна за заштита на приватноста на нудистите. Денес тоа повеќе не е случај.Таа е покриена со ситен бел песок, а морето, како и повеќето плажи на Крит, е тиркизно сино. До него можете да стигнете на два начина: со автомобил и со брод.Но, имајте на ум дека тоа е прилично мала плажа, па во текот на летните месеци често има гужва. На него има и кафе-бар, па можете да изнајмите лежалки и чадори.Foto: Shutterstock/Georgios Tsichlis

Магазин | пред 3 години

Crna-gora

Ако планирате да ја посетите Црна Гора во септември, еве каде е најчистата водата

Институтот за биологија направи нова анализа на квалитетот на водата на црногорскиот брег.Резултатите од анализата на квалитетот на морската вода за 110 локации, што Институтот ја спроведе во периодот од 30 август до 3 септември годинава, покажаа дека на 84,5 отсто од локациите, морската вода била со одличен квалитет, во 9,1 отсто водата била со добар квалитет, додека на 6,4 отсто од локациите водата била со задоволителен квалитет.Резултатите покажуваат дека морската вода е безбедна за пливање и рекреација.Што се однесува до квалитетот на морската вода по општини, во Улцињ, од вкупно 18 локации каде што се спроведува Програмата за мониторинг на санитарен квалитет, во 15 од нив морската вода била со одличен квалитет, додека во 3 задоволителен квалитет.Анализите покажаа дека морската вода е со одличен квалитет на 11 локации во општина Бар, добра на 2 локации, а задоволителен квалитет и на 2 локации во овој град.Кога станува збор за општина Будва, Програмата се спроведува на 32 локации, од кои 28 со одличен квалитет на водата, а останатите 4 локации со добар квалитет.Во Которскиот залив, во општина Тиват, од вкупно 9 локации, водата била со одличен квалитет на 8, додека на 1 локација била со задоволителен квалитет.Анализите покажаа дека во Котор водата била со одличен квалитет на 11 локации, добра на 3 локации, а задоволителна на 1 локација. Во Херцег Нови примероци од вода се земени на вкупно 21 локација, од кои 20 се со одличен квалитет, а 1 со добар квалитет.

Магазин | пред 3 години

pointe-de-la-jonction-geneva-by-andras-barta-1

(ФОТО) Место каде се судираат две реки: Забрането е пливање

Дали знаевте дека реките Рона и Арв се спојуваат во Женева? Спектакуларната глетка на средбата на две сосема различни реки е уште една посебна причина да се посети вториот по големина швајцарски град.Сцената најдобро се гледа од железничкиот мост La Jonction, кој е оддалечен околу 40 метри од овој природен феномен...Ако ја погледнете фотографијата од нивната спектакуларна средба, веднаш ќе забележите дека Рона се карактеризира со изразито темно сина боја, која ја има поради водата што извира од глечерите на швајцарските Алпи. Од друга страна, Арв носи голема количина тиња, поради што има светло кафена боја. На крајот од мостот во Женева, на пристаништето, реките се спојуваат, а Арв на крајот се влева во Рона.Скокањето од мостот заради освежување и пливање е апсолутно забрането. Фото: spottedbylocals.com

Магазин | пред 3 години

IMG_5816

(ВИДЕО) Земјотрес ги погоди островите Закинтос и Кефалонија: Затворена позната грчка плажа

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала денеска ги погоди грчките острови Закинтос и Кефалонија.Геодинамичкиот институт од Атина соопшти дека подводниот земјотрес се случил вчера во 10 часот и 36 минути на околу 57 километри југозападно од Ликсури во Кефалонија во Јонското Море и дека земјотресот бил почувствуван во голем дел од западна Грција.Противпожарните и спасувачките служби соопштија дека нема извештаи за материјална штета или повредени од земјотресот.Како што јавија грчките медиуми, поради земјотресот дел од карпата на популарната плажа Навагио на Закинтос паднала во морето.На видеата кои кружат на социјалните мрежи може да се види прашината која се крена откако дел од карпата падна во вода, како и дека на некои капачи не им е грижа што гледаат, па продолжуваат да пливаат.Грчките власти одлучија да ја затворат оваа плажа до понатамошно известување, пишува репортер Грик.Областа е евакуирана, а на туристите и чамците им е забрането да стигнат до плажата.Да потсетиме, ова не е прв пат плажата да биде затворена поради истата причина. Имено, во 2018 година се случи и свлечиште, кога седум лица беа повредени, а на ист начин реагираа и грчките власти со затворање на плажата.

Магазин | пред 3 години

f31ddaab-2639-435b-807d-02c374007bce

Најскап оброк во животот: Американски турист казнет со 450 евра

Посетата на Рим на американски турист (55) нема да остане во најдобро сеќавање.Според Си-Ен-Ен, турист од САД седел на работ на фонтаната деи Катехумени и јадел околу еден часот по полноќ, а потоа бил запрен од полицијата и казнет поради законите за заштита на спомениците, кои се дизајнирани да го задржат пристојниот изглед на градот.Фонтаната била изградена помеѓу 1588 и 1589 година од страна на архитектот и скулптор Џакомо Дела Порта, а била обновена во 1997 година. Заштитенa е со правила кои првпат беа воведени во 1970-тите за да се зачуваат историските фонтани, статуи и други споменици. Ажурираните закони со фокус на одржување на „еколошкиот дизајн“ на градот се во сила од 2019 година.Правилата, покрај забраната за јадење, вклучуваат и забрана за консумирање алкохолни пијалоци на улица, организирање обиколка на посета на локали со алкохолни пијалоци и капење во градски фонтани.Локалната полиција соопшти дека минатиот викенд имале повеќе од 300 случаи. Полицајците можат да изрекуваат казни, па дури и да забранат луѓе од одредена област во период од 48 часа. Повторените престапници може да добијат забрана до 60 дена.Кога беа воведени овие правила, градскиот совет рече дека тие „се занимаваат со многу аспекти од градскиот живот, со особено внимание на почитувањето на уметничкото и културното наследство на главниот град“.Правилата се и во служба на борбата со прекумерниот туризам, бидејќи Рим има проблем со премногу посетители. Пред пандемијата на коронавирус, околу 10 милиони туристи пристигнуваа во Рим секоја година.

Магазин | пред 3 години

atina

Најевтината сити брејк дестинација во Европа - одмор за 239 евра

Атина ги победи традиционалните достапни источноевропски дестинации за да го заземе првото место како најевтина локација за сити брејк на континентот.Компанијата „Post Office Travel Money“ анализирала десет типични критериуми и трошоци меѓу британските туристи во 20 популарни градови, а резултатите покажале дека грчката престолнина е за 15 отсто подостапна во споредба со минатата година.Трошоците како храна, сместување во хотел, билети за атракции и јавен превоз изнесуваа вкупно 239 евра.На второ место е Лисабон каде ќе ви требаат 250 евра, а интересно е што португалскиот град го зазеде второто место и покрај зголемувањето на цените од 21 отсто во однос на лани.Краков (254 евра), Рига (255) и Будимпешта (256 евра) се исто така градови познати по ниските цени.Ниските цени во Атина вклучуваат 45 евра за вечера за двајца со вино, 102 евра за две ноќевања во хотел со три ѕвезди и 9 евра за 48-часовен билет за јавен превоз.Дури шест анализирани градови се повеќе од двојно поскапи од Атина: Стокхолм (487 евра), Париз (489 евра), Даблин (504 евра), Копенхаген (527 евра), Венеција (528 евра) и Амстердам (685 евра) .

Магазин | пред 3 години

trebinje

Требиње оваа сезона постигна туристички рекорд

Резултатите од летната сезона во Требиње покажуваат дека е забележан рекорден број на туристички посети. Во подготовките за есенската сезона, која е традиционално добра, туристичките работници најавуваат дека е можна сезона која, според сите проценки, би можела да ги надмине сите очекувања.Во Требиње е забележан туристички рекорд по бројот на пристигнувања и туристички ноќевања. Оваа сезона се забележани над 100.000 ноќевања, а август е регистриран како рекорден месец. Требиње во текот на летото го посетија гости од над 70 земји. Пред се, ако ја игнорираме убавината на самиот град, им се допадна топлата клима, одличната гастрономска понуда, хотелското сместување и зголемениот број на културни настани што се организираат.Туристите се особено привлечени од богатата и значајна културно-забавна програма. Оваа туристичка сезона ја одбележаа веселби и концерти на најголемите регионални ѕвезди. Од добрата туристичка сезона задоволни се и хотелиерите, чии капацитети во текот на летото беа речиси 100% исполнети.

Магазин | пред 3 години

thailand-20653761920-830x0-1

Тајланд воведува туристичка такса од 8 евра

Почнувајќи од следната година, сите странци кои ќе влезат во Тајланд ќе треба да плаќаат влезница од 300 бати, т.е. 8 евра. Туристичката такса требаше да се воведе на почетокот на годинава, но таа беше одложена.Таксата ќе биде воведена следната година - веројатно до 1 јануари 2023 година - според министерот за туризам на Тајланд, Фифат Рачакитпракарн.Странците кои летаат во Тајланд се обврзани да платат влезница, без оглед на нивниот визен статус. Сите странци кои престојуваат во Кралството Тајланд помалку од 24 часа ќе бидат ослободени од плаќање, соопшти Министерството.Граѓаните на Тајланд и оние кои поседуваат тајландски пасош ќе бидат ослободени од туристичка такса. Странците со работна дозвола, дипломатите и децата до две години најверојатно ќе бидат ослободени од данок за престој, иако министерството допрва треба да го потврди тоа, пишува Putoholicari.hr.Министерството за туризам се уште одлучува дали таксата ќе важи за странците кои влегуваат во Тајланд по копно и море.Како Тајланд има намера да ги искористи парите од туристичката такса засега останува тајна. Од Министерството за туризам велат дека данокот ќе се троши за развој на туристички капацитети.Сепак, Министерството, исто така, рече дека данокот ќе делува како осигурување од несреќа за туристите кои ќе западнат во неволја за време на нивниот престој - но точните детали за тоа какви видови инциденти се опфатени или како функционира полисата за осигурување допрва треба да се објават.Надоместокот се подготвува од 2020 година, но идејата наиде на отпор кај некои страни, што може да биде уште една причина за нејзиното одложување.

Магазин | пред 3 години

venecija8a

Владата со посебен услов за туристите во Венеција

Властите во романтичната Венеција прават се за да ги зачуваат и остават недопрени познатите канали, улици и плоштади, а сега имаат малку необично барање за туристи.Владата сега има посебен услов за туристите да помогнат во намалувањето на загадувањето со пиење вода од јавните чешми лоцирани низ целиот град наместо да користат пластични шишиња со вода.Градските власти започнаа локална маркетинг кампања за да го рекламираат барањето до милионите посетители кои секоја година доаѓаат во Венеција.Колку и да значат туристите за Венеција и нејзината економија, особено по две тешки години поради пандемијата на коронавирус, овој италијански град сепак сака да ги држи туристите „под контрола“.Веќе е најавен план од почетокот на 2023 година да почне да се наплаќа влезници од дневните посетители со цел да се спречи масовниот туризам. И сега бараат туристите да им помогнат со намера да го намалат загадувањето низ градот.За да им помогнат на туристите со нивното последно барање, градските власти во Венеција почнаа да издаваат мапи на јавни фонтани, особено во историскиот центар околу плоштадот Свети Марко.Во областа има 126 јавни чешми за вода кои се безбедни за пиење, така што туристите сепак ќе можат да ја изгаснат жедта и нема да мора да фрлаат пластични шишиња на улица.

Магазин | пред 3 години

leros-panteli2

(ФОТО) Грчки остров со примеси на Италија

Овој бисер на Додеканезите има многу забележливо убаво модерно италијанско влијание од 20 век, но и класичен грчки репертоар на тајни плажи и секојдневни таверни. Се наоѓа на само неколку километри од Турција. Островот Лерос припаѓа на додеканеската група, а се наоѓа помеѓу Патмос и Калимнос. Самото име доаѓа од зборот „лерос“ што значи „ниво“. Според легендата, божицата Артемида била заштитничка на Лерос во античко време. Сите археолошки откритија докажаа дека историјата на островот започнала во неолитскиот период. Претежно е надвор од туристичките карти, што е штета, бидејќи има се што сакаме од грчки остров - рибарски села, урнатини, како и модерна историја.Овој грчки остров е остров со навестување на Италија, а за сето тоа е виновен Мусолини.Италијанците ги држеле Додеканезите во нивна сопственост по Итало-турската војна, а Мусолини подоцна вложил многу на островот Лерос за да го направи база на неговите империјални амбиции. Така се создал голем комплекс и нов главен град, кој практично изникнал од мочуриште полно со комарци. Портолаго ги претставува сите аспирации на италијанскиот народ кој сакал на најдобар начин да ја претстави својата култура во тој дел од Медитеранот.Овој модел на град е еден од најдобрите примери на рационалистичка архитектура надвор од Италија и останал главно недопрен до ден-денес. Широки булевари, величествени куќи за елитата, станбени блокови за граѓаните и пазарите сè уште се таму.Лерос според многумина е еден од последните недопрени и вистински грчки острови. Локалните жители љубоморно ја чуваа и сочуваа неговата природна убавина. Таму можете да најдете прекрасни плажи со кристално чисти води и недопрени пејзажи со борови шуми и маслинови насади. Токму затоа Лерос е посебен, на островот доаѓаат туристи кои сакаат мирен одмор.Жителите на Лерос се многу пријателски расположени и речиси и да нема разлика помеѓу односите меѓу семејството и пријателите. Со нивното гостопримство, тие едноставно ги покануваат сите луѓе и споделуваат со нив се што имаат. Тие се многу весели, топли и со отворено срце, и секогаш подготвени за танцување!Секоја година на Лерос се одржуваат бројни настани. Се одржуваат концерти, морски трки, изложби и други културни и забавни активности во кои учествуваат и излагачите и посетителите. Покрај тоа, Лерос е познат и по интересниот ноќен живот и одличната медитеранска кујна и специјалитети.Фото: Greektravel

Магазин | пред 3 години

Turisti-hrvatska

Досега 15 милиони туристи ја посетиле Хрватска, најбројни се Германците и Словенците

Досега во 2022 година, Хрватска примила 15 милиони туристи, што е за 40 отсто повеќе пристигнувања и 27 отсто повеќе ноќевања во споредба со истиот период лани, соопшти Министерството за туризам и спорт.Споредено со рекордната 2019 година, во истиот период годинава се остварени 91 отсто пристигнувања и 96 отсто ноќевања.Како што пишува Travelandtourworld, најмногу ноќевања имало во Истра (24,7 милиони), Сплит-Далмација (16 милиони) и Приморско Горанска (15,3 милиони), потоа Задар (12,8 милиони ноќевања), Дубровник-Неретва (6,2 милиони) и Шибеничко-книнската жупанија (5,7 милиони).Во текот на годината туристите најчесто ги посетувале Ровињ, Дубровник, Пореч, Медулин, Умаг и Сплит, а меѓу странците најбројни биле гостите од Германија, Словенија, Австрија, Полска, Чешка, Италија, Словачка, Холандија и Велика Британија.За време на престојот во Хрватска, луѓето најмногу се одлучиле за приватно сместување (33,9 милиони), кампови (17,6 милиони), а дури потоа за хотели (17,2 милиони).

Магазин | пред 3 години

290072771_397345955753902_2294821987251843471_n

(ФОТО) Пет грчки острови идеални за летен одмор во септември

Ова се пет грчки острови кои се идеални за одмор во септември.ХидраНа околу час и половина од Атина, Хидра продолжува да биде постојана атракција за локални и меѓународни патници, вклучително и многу познати личности, од 1960-тите па наваму. Помина долго време од златното доба на Хидра, кога личности како Аристотел Оназис и Џеки Кенеди, Ставрос Нијарохос и Тина Онасис Нијархос, како и боемски уметници како Леонард Коен, летуваа во мали традиционални куќи на островот. Овој мал луксузен остров среде Егејското Море продолжува да шармира со својата архитектура и спокојство, пишува Travel.gr.До Хидра е лесно да се стигне од атинското пристаниште Пиреја, а штом ќе стигнете на овој остров, освен прекрасните плажи, не пропуштајте да ги посетите и црквата Свети Нектариј Ејински, вилата на Лазар Кунтуриотис и црквата Ипананти.Исто така, не пропуштајте ја аптеката Рафалија, една од најстарите во Грција, како и квартот Киафа, каде времето речиси застанува.Љубителите на музиката сигурно ќе ја искористат можноста да ја посетат куќата на славниот Леонард Коен, која музичарот ја купил во 1960 година за само 1.500 долари. SpecesУште еден остров во Егејското Море на кој особено му се восхитуваат локалните и меѓународните патници, а кој е популарен во текот на целата година.Легендарните ресторани на најпривилегираните локации, славните личности, прекрасната архитектура и идилични улички кои нудат целосен мир далеку од сообраќајот и вревата на Атина го прават совршениот амбиент за последно бегство пред да дојде есента. КеаКеа се наоѓа на само 45 минути со брод од Атина и покрај тоа што е откриена од туристи од целиот свет во последните години, успева да го зачува својот автентичен грчки шарм.Туристите кои сакаат мир доаѓаат на овој кикладски остров најблиску до грчкото копно, а со оглед на тоа што за сите нас е најважно плажите што ги посетуваме да се убави, чисти и песочни, на овој остров ќе најдете спас на една од следните плажи: Кампи, Писис, Фреа и Кундурос. СиросНа само два и пол часа од Атина се наоѓа Сирос, кој има сосема поинаков изглед од останатите острови во Егејското Море. Наместо класични сино-бели куќи, главниот град Ермуполи има неверојатен неокласичен стил. Зградите повеќе личат на италијанската Венеција отколку на Миконос. СкопелосСкопелос е најбујниот остров во Грција, бидејќи над 67 проценти од неговата копнена маса е покриена со недопрена борова шума, која се протега и создава прекрасен контраст со околните кристално чисти води на Споради.Ако го сакате морето, одете на прекрасните плажи на островот, вклучувајќи ги Стафилос, Веланио, Панормос, Милија, Линаракија, Кастани и Ховоло. Ако сакате да ја истражите дивата природа на островот, одете по патеките во Делфи и Палука, две од импозантните планини на Скопелос. ФОТО: skopelos_island

Магазин | пред 3 години

Screenshot-2022-09-03-080741

(ВИДЕО) Земја во која можете да пливате и со коњи

Оваа земја е исклучително атрактивна дестинација, нејзините рајски плажи и добрата забава привлекуваат многу туристи од целиот свет. Токму кога се чини дека не може да биде подобро, Јамајка им нуди на туристите неверојатно искуство. Таму можете да пливате во океанот со коњи.Пливањето со коњи стана исклучително популарно меѓу туристите во последниве години. Иако возењето е доволно за да се подигне нивото на адреналин и искуството од престојот до максимум, се појави нов тренд. Јамајка е добро позната како дестинација која ги исполнува соништата на туристите, а тоа е случај и со оваа необична, но интересна содржина.Коњите се сериозно добри пливачи и станаа популарна атракција во Јамајка. Коњите пристигнале во Јамајка во 15 век и од самиот почеток станале незаменливи за жителите на островот. Пливањето со коњи во Јамајка исполнува многу од фантазиите што ги бараат туристите. Тоа е крајниот романтичен одмор за секој што ги посетува островите на Карибите.Турите за јавање траат два часа, од кои само 15 минути се трошат на пливање. Коњите сакаат вода, особено во потоплите делови од денот, бидејќи таа ги разладува. Коњите сами одлучуваат дали сакаат да влезат во вода, никој не ги тера, бидејќи пред се многу ги почитуваат.

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања