Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Патување низ Европа бесплатно: ЕУ доделува 40.000 бесплатни карти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Магазин
kuferi-odmor

Европската комисија повторно ја отвора можноста за патување со воз низ Европа за младите. Овој пат ќе бидат доделени повеќе од 40.000 карти за лица родени помеѓу 1 јули 2007 и 30 јуни 2008 година, а право на пријавување имаат и млади од Македонија.

Пријавувањето е можно и пред да се наполни 18 години, но учесниците мора да бидат полнолетни пред почетокот на патувањето. Младите можат да се пријават поединечно или како група од максимум пет лица преку Европскиот портал за млади до 22 април напладне. По пријавувањето, учесниците треба да решат краток квиз за општо знаење за Европската унија и едно прашање за процена.

— реклама —

Пријавите потоа ќе бидат разгледани од Комисијата и Извршната агенција за европско образование и култура. Победниците ќе имаат можност бесплатно да патуваат со воз низ ЕУ во периодот од 1 јули 2026 до 30 септември 2027 година. Патувањето може да трае до 30 дена, од кои најмногу седум дена со воз.

Од почетокот на оваа популарна програма, повеќе од 1,9 милиони млади се пријавиле, а околу 431.931 од нив веќе добиле карта.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryccg0aktmt8nba7bE950

Шпанија, Словенија и Ирска бараат преиспитување на односите ЕУ–Израел

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryssrcquqp4hg87L3h35Z

Европа губи 53 милиони жители до 2100 година: алармантна прогноза на Евростат

Свет | пред 5 дена

media-library6bi22uv8gvv63tlvg2S

По победата на Маѓар, Унгарија би можела да добие милијарди евра од ЕУ

Свет | пред 1 седмица

media-librarye4qv4hk7n5ck3xF03iH

Прва реакција од Русија: Поразот на Орбан ќе го забрза распадот на ЕУ

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања