Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Фатени девет лица алкохолизирани зад волан: акциска контрола во Скопје, 27 се казнети

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 дена -

Скопје
policiski-cas-policaec-skopje-7

Девет возачи биле затекнати како управуваат возило под дејство на алкохол, едно лице е лишено од слобода, а вкупно 27 мерки се изречени во акциска контрола што ја спроведе Мобилната единица на МВР во Скопје.

— реклама —

Контролата била реализирана во текот на ноќта меѓу 27 и 28 март, во периодот од 21:00 до 03:00 часот, на подрачјето на општините Илинден, Гази Баба и Кисела Вода, со акцент на санкционирање на возачи под дејство на алкохол.

— реклама —

Вкупно биле алкотестирани 49 возачи, при што кај девет од нив било утврдено присуство на алкохол, додека еден возач одбил да се подложи на тестирање.

— реклама —

Покрај тоа, биле констатирани уште 12 други сообраќајни прекршоци, а поднесени се и пет барања за поведување прекршочна постапка против правни и одговорни лица.

Едно лице било лишено од слобода и одземено е едно возило поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, односно управување под активна забрана.

За сите сторители се изготвени соодветни поднесоци, информираат од МВР.

Од полицијата најавуваат дека ваквите контроли ќе продолжат и во наредниот период со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Управувањето возило под дејство на алкохол, како што посочуваат, останува една од водечките причини за сообраќајни незгоди со тешки и често фатални последици.

Апелот до граѓаните е да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел заеднички да се придонесе за побезбедни патишта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarydjbok6g6h1b9ezkKqGJ

Уапсени осум возачи: шест биле без возачка, а двајца пијани

Македонија | пред 3 часа

policija-policaec-35-450x270-1

Тепачка во Карпош, кога полицијата интервенирала едно од лицата се заканувало кон службеник, па го привеле

Македонија | пред 5 часа

media-libraryet16s6jn6mqrdKXXpd4

Скопјанец ѝ се заканувал на мајка си, приведен

Скопје | пред 5 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања