Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Филипче: Целосна поддршка за работничкиот протест, платите растеа само за време на СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library3cd8tojnvljnbkoF6ta

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска изрази целосна поддршка за протестот на Сојузот на синдикати на Македонија и за барањата на работниците упатени до Владата, оценувајќи дека зголемувањето на платите е реално, оправдано и неопходно за опстанокот на работничките семејства.

— реклама —

Филипче информираше дека на вчерашната седница на Извршниот одбор на Социјалдемократски сојуз на Македонија било донесено едногласно решение партијата да застане зад синдикалниот протест и јавно да ги поддржи барањата на работниците. Според него, станува збор за легитимни и објективни барања, бидејќи поголемата плата не е луксуз, туку услов за достоинствен живот.

— реклама —

Тој потсети дека за време на владите предводени од СДСМ платите континуирано растеле, при што минималната и просечната плата речиси се удвоиле, и тоа во период на тешки глобални кризи, како ковид-пандемијата и енергетската криза. Филипче нагласи дека таквиот раст бил резултат на добро водена економска политика, зголемени капитални инвестиции и силен прилив на странски инвестиции.

— реклама —

Според него, овие практики денес се напуштени, а актуелната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН не покажува капацитет за стабилно економско управување. Наместо реални мерки за подобрување на животниот стандард, како што рече, државата се соочува со постојани нови задолжувања кои ќе паднат на товар на идните генерации.

Филипче изрази жалење што власта пред неколку месеци не го поддржала предлогот на СДСМ за зголемување на минималната плата, додавајќи дека партијата и во иднина ќе продолжи да предлага законски решенија насочени кон раст на платите и подобрување на економската сигурност на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 10 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 14 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања