Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Филипче: Црвените линии за СДСМ се јазикот, идентитетот, историјата и културните особености, за нив не се преговара

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
filipce-ck-sdsm

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче на денешниот брифинг со медиуми ја презентираше Предлог-резолуцијата за дефинирање на заедничките државни и национални позиции во процесот на зачленување на Република Северна Македонија во Европската Унија. Тој нагласи дека целта на резолуцијата е постигнување национален консензус и јасно дефинирање на црвените линии кои не смеат да се преминат во преговорите со ЕУ.

— реклама —
— реклама —

Филипче посочи дека двата најважни делови од предлог резолуцијата односно црвените линии се определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ.

— реклама —

„Тоа се елементи за кои не се преговара со Европската Унија и ова се нашите црвени линии и сметам дека треба да бидат црвените линии на целата нација. Многу од овие одредници се заштитени со претходни декларации документи и договори меѓународни. Тоа што сега нудиме е заеднички пристап како и секоја друга сериозна држава, да имаме заеднички црвени линии. Поради тоа што ако го постигнеме националниот консензус и ако интензивно работиме на реформите притоа државата расте се надградува и зајакнува,никој никогаш и ништо нема може да запре на патот кон Европската унија“, рече Филипче.

Тој додаде доколку во преговорите за членство се отвораат или наметнуваат прашања што го доведуваат во прашање македонскиот јазик или идентитет, државниот врв има обврска со заедничко писмо да ја информира ЕУ дека тие теми се неприфатливи и не се предмет на преговори.

„Ако во текот на преговорите на членство Европската Унија од страна на европски институции или било која држава членка на ЕУ се отворат прашања со кои се проблематизира македонскиот јазик или било кое друга идентитетско обележје или доколку преговарачкиот процес биде блокиран поради идентитетски прашања или барања кои се надвор од преговарачката рамка и не припаѓаат на Копенхашките критериуми за членство, тогаш со заедничко писмо, Претседателот државата,Собранието Владата имаат обврска да ги информираат сите европски институции, Европската Комисија, Претседателот на Европскиот совет, Претседател на европскиот парламент, еврокомесарот за проширување и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, дека е потребно безусловно почитување на јазичните и идентитетски историски и културни особености како елементи за кои не се преговара.

Во својот говор, тој потенцираше дека документот ќе биде поднесен до политичките партии како работна верзија, со цел сите да имаат можност да го разгледаат и да дадат свои предлози и сугестии.

„Ова ќе биде еден предлог-документ, една предлог-работна верзија, за којашто очекувам сите политички чинители прво да имаат конструктивен пристап, да сериозно го разгледаат овој документ, да дадат свои предлози и заеднички да го донесеме документот во Собранието,“ рече Филипче, нагласувајќи дека прашањата поврзани со идентитетот не смеат да бидат предмет на нови пречки во процесот на пристапување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 7 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 11 час

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања