Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Филипче: Денот на ромскиот јазик е потсетник за важноста на културната инклузија и почитување на различностите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
filipce

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче го честита Денот на ромскиот јазик – јазик кој е неразделен дел од културата и идентитетот на Ромската заедница, но и на богатството на нашето заедничко мултиетничко општество.

— реклама —

— реклама —

„Како Претседател на СДСМ, упатувам искрена честитка до сите граѓани, особено до припадниците на Ромската заедница, кои со гордост го негуваат и пренесуваат овој јазик низ генерациите.

— реклама —

Преку промоција на ромскиот јазик, не само што ја зачувуваме традицијата и историјата на еден народ, туку испраќаме и силна порака за почитување на различностите и за нашата заложба за инклузивно општество, во кое сите граѓани имаат еднакви можности и права.

Нашата партија, СДСМ, останува посветена на градење на држава во која културните и јазичните богатства на секој народ ќе бидат признаени и вреднувани. Нека овој ден биде потсетник за значењето на ромскиот јазик и за нашата заедничка одговорност да го зачуваме како дел од богатото културно наследство на нашата земја. Честит Ден на ромскиот јазик!“, стои во честитката на Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 10 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 14 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања