Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Филипче ги осуди иредентистичките изјави на Костадинов, очекува реакција од официјална Софија и ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
VenkoFilipceSDSM

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ги осуди, како што вели, иредентистичките изјави на претседателот на крајнодесничарската бугарска партија Преродба, Костадин Костадинов и побара реакција од Софија и осуда од страна на Европската унија.

— реклама —

— реклама —

„Најостро ги осудувам иредентистичките изјави на лидерот на крајнодесничарската бугарска партија Преродба, Костадин Костадинов, со кои тој го поткопува суверенитетот и достоинството на Република Северна Македонија и негира посебниот македонски етнички идентитет. Негирањето на посебноста на македонскиот јазик, идентитет и историја претставува директно кршење на принципите на меѓународното право и основните вредности на Европската унија“, наведува Филипче.

— реклама —

Тој ја повика и очекува официјална Софија јасно и недвосмислено да се огради од изјавите на Костадинов, кои се во спротивност со европските вредности и принципите на добрососедство. Ја повика Европската унија јасно да го осуди ваквиот однос, кој ги поткопува универзалните човекови права и европските вредности, и да покаже дека ваквите изјави немаат место во ЕУ, потенцира претседателот Филипче.

Претседателот на СДСМ очекува македонската влада итно да соопшти конкретни мерки за спречување на ваквите иредентистички изјави и активности и да преземе активности за заштита на македонското национално достоинство и интереси.

„Секој обид за негирање на македонската посебност е неприфатлив и директно спротивен на европските вредности за почитување на различностите“, потенцира Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

bugarija

Бугарија бара податоци за засолништата: проверка на бункерите и подготвеноста по зголемени регионални тензии

Свет | пред 3 седмици

media-libraryhgt83hfh984sb2UD2cL

Бугарија му забрани влез на адвокатот Тони Менкиноски во наредните 10 години

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryk7figlkgcm3jfKa8txv

Муцунски телефонски и честиташе на новата бугарска министерка за надворешни работи, иницирана билатерална средба

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2022-04-17-at-11.15.36

По оставката на владата и неуспешните мандати – Бугарија повторно на избори

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања