Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Филипче: Глас за СДСМ е глас за враќање на надежта во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-librarys0tfckd8539j7aMwMLg

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на вечерашната граѓанска трибина „Се бориме за нашиот дом“, што се одржа  во Крива Паланка, порача дека овие локални избори се избори за одлука,  момент кога секој глас  станува дел од голема приказна за обнова и единство, а гласот за СДСМ е глас за враќање на надежта во Македонија.

„Во недела одлучуваме дали ќе живееме во држава со ред, правда и чесност, или ќе во држава на хаос, корупција и привилегии за блиските на власта како што е сега. Или нашиот дом ќе продолжат да го рушат цигла по цигла, како во изминатите една и пол година, или сите заедно ќе го спасиме. Во недела одлучуваме дали лажниот патриотизам и поделбите ќе продолжат или љубовта кон татковината и заедништвото ќе надвладее“, рече Филипче.

— реклама —

Во ораќањето пред граѓаните тој посочи дека сега не е време за апатија и разочараност, туку време за обединување и масовно гласање. Потенцираше дека СДСМ е секогаш на страната на граѓанинте.

„СДСМ е тука за вас, на ваша страна. СДСМ се крена, СДСМ се враќа.СДСМ е партијата што донесе независност по мирен пат, што ја внесе Македонија во НАТО, што ги отвори вратите кон Европа, што секогаш беше со граѓаните и во кризи и кога беше најтешко. Да се бориме за држава што ќе биде место на сигурност, правда и достоинствен живот“, рече Филипче.

— реклама —

Концептот на СДСМ, како што кажа Филипче, е концептот за општество во кое секој човек е важен.

„А тој концепт, тој граѓански дух, го изгубивме со ВМРО-ДПМНЕ.  Нашата борба е за враќање на граѓанскиот концепт, за општество во кое никој не е над законот, и никој не е под достоинството што му припаѓа. Борбата на СДСМ е борба за подобри денови за Македонија, за домот што го сакаме, што го чуваме и што мора да го спасиме“, рече Филипче.

На трибината во Крива Паланка, Филипче ги повика граѓаните да ја покажат својата сила во недела, со масовно излегување на гласачките места, да гласаат за бројот 5 и да пратат силна порака за вистинска промена, затоа што на Македонија ѝ се потребни промени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

СДСМ: Уште една партизација на МТВ – Мицкоски си го постави пријателот за директор

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-libraryil7tasdiq4565MuomkL

СДСМ: Митева и ВМРО-ОКГ повторно покажуваат дека не разбираат основна работа

Македонија | пред 3 часа

media-libraryv5p0k4ull5i5266Yjos

Кузмановска: Европската Унија е единствениот реален пат за подобра иднина на младите

Македонија | пред 3 часа

media-library2dm69fmklhc560F8vVx

Филипче:Здравјето на граѓаните на Крива Паланка мора да биде приоритет, а не бизнисите на донаторите на ВМРО

Македонија | пред 4 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања