Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Филипче: Граѓаните веќе немаат трпение, на младите не им се живее во државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library7idjh85vq4vc3y0pQnY

Филипче изјави дека граѓаните се презаситени, а младите не гледаат иднина во државата. Според него, власта не спроведува суштински реформи во правосудството: донесен е само 1 од 12 реформски закони, и тоа спротивно на препораките и во корист на власта. Тој како излез ги посочи вистинските реформи, силна борба против корупцијата и отворање канцеларија на Европското обвинителство (Лаура Ковеши) со целосни овластувања. Филипче обвини дека власта ја држи државата изолирана со закочени евроинтеграции, поради што страдаат граѓаните и младите.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

 Граѓаните се презаситени и веќе немаат трпение, на младите веќе не им се живее во државата, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во „Тема на денот“, на телевизија Сител. Филипче посочи дека власта не презема не презема суштински реформи во правосудниот систем.

— реклама —

— реклама —

„Нема очигледно желба да се реформира правосудниот систем. Само еден од 12-те реформски закони кои што требаше лани да се донесат, се донесе. И тоа се направи трик и тој не се донесе согласно препораките на Оценската мисија,  и тој закон кој што е во рамки на реформската агенда, се донесе така да служи на власта“, рече Филипче.

— реклама —

Во интервјуто, Филипче порача дека  излезот е јасен - вистинско реформирање на системот и силна борба против корупцијата.

„Тоа што ни е суштински потребно, тоа што ќе врати ја довербата во државата, во институциите, тоа што ќе ја врати довербата на младите,е само вистински реформирано правосудство и за почеток канцеларија на Европското обвинителство, на обвинителката Лаура Ковеши, која што ќе има одврзани раце, како што ги има во сите други земји, и во овие последни кои што се приклучија кон Европското обвинителство, да се расчисти со корупција и криминалот“, рече Филипче.

Тој посочи дека власта свесно ја држи државата изолирана со закочен евроинтеграциски процес,  а поради погрешните владини политики страда државата и граѓаните.

„Треба храбри чекори. Доста ние само стоиме во место и премиерот и цело раководство на ВМРО ДПМНЕ, цела влада лаже дека нешто е загрозено. Дека они се борат за некакви национални интереси. Ништо не е загрозено. Страда државата, страдаат граѓаните, страдаат младите. Ние сме сега граѓани од втор или трет ред. Ние немаме пристап до единствениот пазар во Европа, немаме слободно движење низ Европа. Не ставаат на страна, отисоци, печати, пасоши и итн. Ние сме сега таму кај што не сакаме да бидеме. Владата има механизам, има начин, има понуда на масата, која што никако не е ризична. Треба да го направи чекорот“, рече Филипче.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 6 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 10 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања