Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Филипче и Заев сакале да му ја одземат болницата на Жан Митрев, сведоштвата на Жан Митрев мора итно да ги провери обвинителството, вели Стојаноски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library8a44hhthq0pn3VV5H13

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, денеска јавно реагираше на тврдењата изнесени од Жан Митрев, кој во гостување во емисија на национална телевизија обвини за сериозна и груба злоупотреба на власта од страна на поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче.

— реклама —

Според Стојаноски, сведоштвото на д-р Митрев отвора сериозни сомнежи дека во периодот кога СДСМ ја имаше целосната власт, биле вршени силни институционални притисоци со цел одземање на приватната болница „Жан Митрев“. Како што посочува пратеникот, д-р Митрев директно ги именувал Заев и Филипче како лица кои стоеле зад притисоците.

— реклама —

Според изјавите на Митрев, притисоците се случувале токму во периодот кога против него се водел активен судски процес, што, како што оценува Стојаноски, дополнително ја зајакнува тезата за политичка злоупотреба на правосудните и извршните институции. Во тој период, преку државните институции му биле блокирани личната сметка и сметката на болницата, а воедно му била изречена и забрана за продажба на удели во клиниката.

— реклама —

Стојаноски потенцира дека особено загрижува фактот што, само една недела по наводното барање од страна на Заев и Филипче за откуп на болницата, Јавно обвинителство ја повлекло забраната за продажба на удели. Со тоа, според него, било овозможено купување на удели во болницата, што претставува директен доказ за политички притисок врз обвинителството и злоупотреба на институциите.

Дополнително, како што пренесува Стојаноски, д-р Митрев тврдел дека му била понудена и спогодба – доколку ја продаде болницата по значително пониска цена од пазарната, тогаш ќе му биде помогнато да се ослободи од обвиненијата. Овие наводи, според пратеникот, претставуваат класичен пример на уцена и тргување со влијание на највисоко политичко ниво.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека ваквите тврдења не смеат да останат само медиумски сензации и дека Јавното обвинителство мора итно да отвори постапка и темелно да ги испита сите наводи. „Доста е со заштита од одговорност. Време е Венко Филипче и Зоран Заев да одговараат за секој еден криминал и злоупотреба на власта во изминатите осум години“, порача Стојаноски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryl9um9do4unvla2NNs1v

Прв EAES курс за лапароскопија на Балканот одржан во Клиника Жан Митрев

Македонија | пред 1 седмица

media-librarysrkcs13atg9eeynKjWg

Мицкоски: Обвинителството треба да го повика Зоран Заев за случајот со исказите за нелегално преземање на болницата „Жан Митрев“

Македонија | пред 1 месец

media-libraryi2c2r98upi1eaZgzk25

Заев бара еден милион од Жан Митрев и Петрушевски, ги тужи му го нарушиле угледот со клеветење

Македонија | пред 1 месец

media-libraryd42hc4gcsq0pfRapTpX

Жан Митрев: Трансплантацијата мора да стане рутинска пракса во Македонија

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања