Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЖАН МИТРЕВ

media-libraryr305sqh5du2scxr71h4

Д-р Жан Митрев: За успешно органодарителство потребни се внимателен и одговорен пристап и заедничко делување

Успешното органодарителство и трансплантација бараат врвна медицинска подготвеност, мултидисциплинарен пристап и силна координација меѓу институциите и стручната јавност, истакна д-р Жан Митрев на јавната панел-дискусија „Органодарителството во Македонија“, која се одржа во организација на Мултимедијалниот центар при Економскиот факултет при УГД – Штип.„Тука сме да ја поддржиме оваа иницијатива, бидејќи сме една од болниците каде што најчесто се имплантираат таканаречените вештачки срца. Оваа терапија е наменета за тешко болни пациенти и служи како премостување на периодот додека се пронајде соодветен орган за трансплантација. Конкретно, зборуваме за срце. Во моментов имаме пациенти кои веќе седма година живеат со вештачко срце, нешто што е реткост дури и во светски рамки. Доколку тие живеат уште неколку години, тоа веќе се приближува до просечното очекувано преживување по трансплантација. Сепак, иако ова е значаен медицински успех, квалитетот на живот на овие пациенти е ограничен. Тие се зависни од батерии, надворешни кабли и дополнителна опрема, што особено влијае кога станува збор за млади луѓе, а токму за такви пациенти зборуваме. Првиот пациент кој го опериравме пред седум години имаше само 24 години. Тоа покажува дека не станува збор за пациенти во крајна фаза од животот, туку за млади луѓе на кои може да им се овозможи вистинска втора шанса. Затоа, органодарителството е нешто што треба да се поддржи. Тоа претставува култура на живеење, свесност дека можеме да помогнеме и да спасиме живот на поинаков начин. Истовремено, ова е суптилна тема која бара внимателен и одговорен пристап во јавноста“, изјави д-р Жан Митрев.Настанот беше посветен на подигнување на јавната свест за значењето на органодарителството како чин на хуманост, солидарност и надеж, со силна порака дека еден донор може да спаси осум животи. На панел-дискусијата присуствуваа врвни лекари, трансплантациски експерти, национални координатори за трансплантација и претставници од МПЦ и ИВЗ, што му даде дополнителна тежина на разговорот за ова исклучително важно општествено и медицинско прашање.Посебен придонес во дискусијата даде и д-р Никола Христов, кардиохирург во Клиника Жан Митрев, кој активно учествува во современите медицински процеси и третмани поврзани со спасување на човечки животи.„Трансплантацијата не е само медицинска процедура, туку процес што бара навремена координација, висока стручност и доверба кај граѓаните. За да се развива органодарителството во Македонија, неопходни се континуирана едукација, јасни протоколи и силна институционална поддршка, затоа што само така можеме да изградиме систем што навистина спасува животи“, изјави д-р Никола Христов.Панел-дискусијата отвори значајни прашања за развојот на трансплантациската медицина во земјата, улогата на здравствените институции, како и за важноста од градење култура на информираност, поддршка и хуманост. Учеството на Клиника Жан Митрев на овој настан претставува придонес кон поширокиот општествен дијалог за органодарителството и афирмирање на неговата важност за иднината на здравствениот систем и за спасување човечки животи.

Медиасет | пред 9 часа

media-libraryl9um9do4unvla2NNs1v

Прв EAES курс за лапароскопија на Балканот одржан во Клиника Жан Митрев

Клиника Жан Митрев беше домаќин на првиот EAES курс за основни вештини во лапароскопска хирургија на Балканот, тридневна обука наменета за унапредување на практичните знаења и техники во областа на минимално инвазивната хирургија.Обуката беше наменета пред сè за млади хирурзи и специјализанти, но и за искусни доктори кои сакаат дополнително да ги надградат своите вештини. Програмата вклучуваше практична работа со инструменти што се користат во операциона сала, како и демонстрации, насоки и интерактивни дискусии под водство на искусни експерти.Курсот е осмислен од д-р Марек Шолтес, абдоминален хирург и професор на Универзитетот „Павол Јозеф Шафарик“ во Кошице, а беше реализиран во соработка со д-р Клаудија Ѓиноска од Клиника Жан Митрев.Станува збор за обука акредитирана од Европската асоцијација за ендоскопска хирургија (EAES), една од најрелевантните организации во оваа област. Вакви практични курсеви се реткост и во Европа, а досега не биле организирани во регионот.Според д-р Шолтес, интересот за курсот бил исклучително голем, со број на пријавени кој го надминал предвидениот капацитет. Учесниците, меѓу кои хирурзи, гинеколози и уролози, дале позитивни оценки, посочувајќи дека квалитетот на обуката ги надминал нивните очекувања.Со организацијата на овој настан, Клиника Жан Митрев дополнително се позиционира како регионален центар за медицинска едукација, додека државата се наметнува како атрактивна дестинација за стручно усовршување во лапароскопската хирургија.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarysrkcs13atg9eeynKjWg

Мицкоски: Обвинителството треба да го повика Зоран Заев за случајот со исказите за нелегално преземање на болницата „Жан Митрев“

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување на „Тема на денот“ во Дневникот на Сител истакна коментирајќи ги тврдењата на Жан Митрев дека имало обид за преземање на неговата болница од страна на Зоран Заев и Венко Филипче за време на претходната власт истакна дека Обвинителството треба да го повика Жан Митрев да даде докази за тоа што го зборува бидејќи само така најлесно ќе се дознае дали тоа е вистина.„Тврдењата на Жан Митрев се тврдења на жртва на луѓе од претходната власт. Јас не знам дали некој го повикал од Обвинителството Жан Митрев да посведочи и да даде докази, тоа е суштината. Очекувам идниот обвинител или обвинителка, не е битно, тој што ќе биде избран, да му биде тоа прва задача. Да го повика Жан, ако досега тоа некој не го направил, да го повика бидејќи човекот излезе јавно и кажа дека бил предмет на уцена на високи државни функционери“, кажа премиерот Мицкоски.Тој исто така додаде дека вакви случаи на корупција кои треба да се истражат има многу и дека очекува со новиот јавен обвинител кој што треба да биде избран овие луѓе да се охрабрат и со докази да пријавуваат во Обвинителство.„Тоа е суштината. Не е суштината дали Зоран Заев поднел тужба за клевета кон „Иск“ лице или кон „Ипсилон“ лице. Суштината е дали нашето Обвинителство го повикало тој кој што тврди или тие коишто тврдат, не е само тој. Мене лично ми дошле многу луѓе коишто ми сведочеле дека биле жртва на уцена од претходната Влада. Ајде во претходниот состав на Обвинителството разбирам, се плашеле, бил обвинител којшто бил избран од претходното мнозинство, немале доверба можеби, не знам, но очекувам дека со новиот државен јавен обвинител, сите овие коишто мене ми доаѓаат и ми пријавуваат дека биле жртва на уцени, преземање непријателски на бизниси итн. да си пријават со докази како се исплаќани фактури во РЕК Битола, па како тие завршуваат магично на фирми во Бугарија итн. Тука имаме еден поширок опфат на нештата“, потенцираше Мицкоски и додаде:„Тоа е суштината. Дали некој во Јавното обвинителство го повика Жан Митрев да даде исказ и да даде докази? Тука најлесно ние ќе знаеме дали е вистина тоа или не е вистина. Дали некој туку-така си излегува и си кажува или не е така.“

Македонија | пред 1 месец

media-libraryi2c2r98upi1eaZgzk25

Заев бара еден милион од Жан Митрев и Петрушевски, ги тужи му го нарушиле угледот со клеветење

Експремиерот Зоран Заев соопшти дека поднел тужби за клевета и нарушување на чест и углед против Бране Петрушевски и Жан Митрев.Тужбите се поднесени до Основен суд Струмица, а вредноста на секоја од нив изнесува 500.000 денари.Според наводите во поднесоците, Заев смета дека со јавни изјави и настапи му биле изнесени невистинити факти со кои се нарушува неговата чест и углед. Во едниот предмет, тужбата се однесува на изјави дадени на прес-конференција, а во другиот – на телевизиско гостување, при што, според тужителот, изнесените тврдења биле пренесени и од медиуми и интернет-портали.„Не постои никаква дилема дека ќе се докаже лагата и на двајцата“, изјави Заев, додавајќи дека евентуалниот надоместок од добиените тужби ќе биде дониран за деца без родители и лица со посебни потреби.Во тужбите се повикува на одредбите од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, со барање за утврдување одговорност и надомест на нематеријална штета поради повреда на угледот.Се очекува судот да одлучи по поднесените тужби во редовна постапка.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryd42hc4gcsq0pfRapTpX

Жан Митрев: Трансплантацијата мора да стане рутинска пракса во Македонија

Д-р Жан Митрев ја изрази својата целосна поддршка за иницијативата за заживување на трансплантацијата во Македонија, нагласувајќи дека станува збор за заложба што ја носи повеќе од 26 години, уште од почетоците на неговата професионална кариера.На јавната панел-дискусија „Органодарителство во Македонија“, одржана во Битола, Митрев истакна дека крајната цел треба да биде трансплантацијата да стане рутинска и секојдневна медицинска практика во земјава. Според него, прашањето не е само медицинско, туку длабоко човечко, бидејќи зад секој пациент што чека орган стои семејство кое живее во неизвесност, во исчекување помеѓу надежта и стравот.„Органодарителството е чин на највисока солидарност. Тоа не спасува само еден живот, туку може да врати иднина на повеќе луѓе одеднаш“, посочи Митрев, додавајќи дека бројот на пациенти на кои може да им се помогне е значителен, особено во областа на кардиоваскуларните заболувања.Тој нагласи дека тимот на Клиника „Жан Митрев“ е целосно подготвен за вакви сложени операции, но дека успехот зависи од тесна координација меѓу институциите и медицинската фела. Трансплантацијата, како што истакна, подразбира мултидисциплинарен пристап и системска организација, особено кога станува збор за комплексни пациенти.Панел-дискусијата беше посветена на теми поврзани со надежта, солидарноста и човечноста, отворајќи прашања за законската рамка, правата на пациентите, медицинските аспекти и дилеми, како и искуствата на лица што чекаат трансплантација или веќе го дочекале повикот за нов живот. Во рамки на настанот беа разгледани и ставовите на верските заедници во однос на органодарителството.Со учество на врвни лекари, трансплантациски експерти и координатори, трансплантирани пациенти и претставници на верските заедници, беше испратена порака дека трансплантацијата може да стане реална и достапна можност, доколку постојат знаење, доверба и системска поддршка.

Македонија | пред 1 месец

media-library44fkk6lo0ouk51N5oIy

Филипче најави тужба за Жан: Нема да дозволам лаги и бандитски напади врз мојата чест и углед

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање, денеска изјави дека случајот со Жан Митрев се темели на една голема лага и најави дека приватно ќе го тужи поради нарушување на честа и угледот.„Ова сѐ се темели на една голема лага. Зошто? Ако Жан Митрев бил жртва на таков рекет како што кажува, што правел досега? Второ, зошто тој не поднесува тужба, туку обвинителство по допрен глас? Но, како и да е, нека ја завршат анализата итн., согласно одлуката, а после тоа откако ќе се утврди дека тоа не постои, јас немам никаква вина, ќе го тужам приватно за нарушување на честа и угледот“, рече Филипче.Тој потенцираше дека за неговата чест и углед работел напорно и чесно, и нема да дозволи “бандитски работи да му ги нарушуваат честа и угледот“, што за него се најважни во животот.

Македонија | пред 2 месеци

zaev-filipce-1

Оформен предмет: Обвинител ќе истражува дали Филипче и Заев го принудувале Жан Митрев да им ги продаде неговите удели

Основното јавно обвинителство Скопје постапува и веќе презема конкретни дејствија на проверки во предмет оформен по допрен глас на 21 јануари 2026 година, по однос на јавно изнесените наводи од Жан Митрев, доктор и сопственик на Клиника „Жан Митрев“.Како што соопштија од Обвинителството, предметот е отворен поради тврдењата дека поранешен премиер и поранешен министер за здравство наводно се обиделе да го принудат Митрев да им ги продаде неговите сопственички удели во клиниката.„Во предметот се вршат проверки со цел да се испита евентуалното постоење на елементи на кривично дело кое се гони по службена должност“, наведуваат од Основното јавно обвинителство Скопје.

Македонија | пред 2 месеци

media-library44fkk6lo0ouk51N5oIy

„Каде е д-р Жан?“ – СДСМ обвинува за организирана кампања и селективна правда

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска реагираше на, како што наведуваат, континуираната лажна кампања и јавен линч насочен кон претседателот на партијата, Венко Филипче, при што, според нив, клучниот актер во обвинувањата – Жан Митрев – целосно исчезнал од јавноста.Од СДСМ посочуваат дека по неговото гостување на Алфа телевизија, каде што, како што велат, биле изнесени невистини и неосновани обвинувања на сметка на Филипче, д-р Митрев повеќе не се појавил во јавноста, ниту пак дал дополнителни изјави.„Излезе на Алфа ТВ, изнесе лаги за претседателот Филипче и го снема. Каде е д-р Жан?“, прашуваат од СДСМ.Партијата отвора и прашање за постапувањето на Јавното обвинителство, нагласувајќи дека и покрај тоа што кампањата трае со недели, нема никаква институционална реакција.„Го повика ли Обвинителството д-р Жан? Кога ќе оди и ќе даде изјава? Овие прашања ги поставуваме со недели, но одговор нема“, се наведува во реакцијата.Од СДСМ оценуваат дека станува збор за организирана медиумска кампања која, според нив, се води преку медиуми под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, со цел политичка дискредитација, додека институциите остануваат неми.„Кампањата трае со недели, но Обвинителството не реагира. Тоа отвора сериозни сомнежи за селективна правда и политички мотивирани напади“, порачуваат од СДСМ.

Македонија | пред 2 месеци

zan-mitrev

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага: Молк од Филипче и институциите за обвинувањата на Жан Митрев

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска изјави дека Јавното обвинителство е должно да постапува по секој случај во кој постои сомнеж за корупција и криминал, посочувајќи го како пример случајот поврзан со клиничката болница „Жан Митрев“.Петрушевски нагласи дека поминале повеќе од десет дена откако доктор Жан Митрев јавно зборувал за, како што навел, наводните намери на Венко Филипче да ја преземе клиничката болница што ја води, но дека во јавноста сè уште нема одговор ниту од Филипче, ниту од надлежните институции. Според него, токму овој молк отвора дополнителни прашања и ја засилува потребата од институционална реакција.Тој оцени дека во Јавното обвинителство постојат доволно информации врз чија основа може да се покрене постапка и повтори дека планот за преземање на клиничката болница, како што рече, бил внимателно осмислен и во него бил вклучен и поранешниот премиер Зоран Заев. Според тврдењата на Петрушевски, во тие активности биле користени притисоци и изнуда, како и ветувања за влијание врз судски постапки во кои страна бил доктор Митрев.Пратеникот истакна дека е добро што ваквиот план, како што го опиша, не бил реализиран, бидејќи, според него, вклучувал обид за приватизација на јавни средства, односно пари на граѓаните. Како аргумент, тој наведе дека за време на мандатот на Филипче значително се зголемиле средствата што Фондот за здравствено осигурување ги префрлал кон клиничката болница, при што сумата во 2020 година достигнала околу 11 милиони евра, речиси двојно повеќе во споредба со 2015 година.Според Петрушевски, токму ваквото зголемување на јавните средства, паралелно со наводите за обид за преземање на болницата по ниска цена, отвора сериозни сомнежи што мора да бидат темелно испитани. Тој додаде дека за прашањата на кои Филипче, според него, не сака да одговори, конечниот суд го даваат граѓаните на избори, но дека одговорноста на обвинителството е поинаква и законски утврдена.На крајот, Петрушевски уште еднаш апелираше до Јавното обвинителство да ги разгледа сите јавно изнесени информации и да постапи согласно законските надлежности, нагласувајќи дека секој, па дури и најмал сомнеж за корупција и криминал, мора да биде предмет на истрага.

Македонија | пред 2 месеци

media-library44fkk6lo0ouk51N5oIy

Во 2015 година 5,8 милиони, во 2020 година скоро 11 милиони евра, Филипче дупло гo зголеми буџетот на „Жан Митрев“ Клиника со народни пари, вели Петрушевски

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска изнесе серија обвинувања на адреса на поранешната власт на СДСМ, тврдејќи дека за време на мандатот на поранешниот министер за здравство Венко Филипче значително бил зголемен буџетот што државата го префрлала кон приватната Клиничка болница „Жан Митрев“.Петрушевски изјави дека последните случувања и јавното сведоштво на докторот Жан Митрев, според него, го разоткриле начинот на функционирање на тогашната власт предводена од СДСМ, Венко Филипче и Зоран Заев. Тој обвини дека здравствениот систем бил користен како алатка за притисоци, уцени и финансиски интереси, на штета на граѓаните.Според податоците што ги презентираше Петрушевски, во 2015 година, кога СДСМ бил во опозиција, буџетот што државата го издвојувала за Клиничката болница „Жан Митрев“ изнесувал 361,6 милиони денари, односно околу 5,8 милиони евра. По доаѓањето на СДСМ на власт, средствата, како што тврди, континуирано се зголемувале.Во 2017 година буџетот пораснал на 406,6 милиони денари, во 2018 година на 457 милиони, а во 2019 година достигнал 612 милиони денари. Кулминацијата, според Петрушевски, била во 2020 година, кога, во периодот кога министер за здравство бил Венко Филипче, кон клиниката биле префрлени 682 милиони денари, или речиси 11 милиони евра, што претставува речиси двојно зголемување во однос на 2015 година.Тој додаде дека високите трансфери на средства продолжиле и во следните години, со 602 милиони денари во 2021 и 2022 година, околу 548 милиони во 2023 година и 515 милиони денари во 2024 година. Првото, како што рече, значително намалување на средствата било забележано во 2025 година, кога сумата изнесувала околу 479,8 милиони денари, по промената на власта и доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ.Петрушевски оцени дека овие бројки, според него, јасно укажуваат на фаворизирање на приватната клиника со народни пари во периодот кога СДСМ бил на власт. Тој постави прашање дали овие трансфери имале за цел да се намали вредноста на болницата заради можен влез на Филипче во приватниот здравствен сектор и побара одговорност и истрага од Јавното обвинителство за, како што наведе, сомнежите за криминал и злоупотреба на службената положба.

Македонија | пред 2 месеци

zan-mitrev

Петрушевски бара истрага: Притисоци и уцени врз Жан Митрев со државни пари

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, оцени дека со секој изминат ден сè појасно излегува на површина, како што рече, „вистинското лице на СДС“ за време на седумгодишното владеење. Според него, актуелниот претседател на СДСМ, Венко Филипче, може да негира колку што сака, но фактите и сведоштвата, како што тврди, секојдневно го демантираат и укажуваат дека заедно со својот ментор, Зоран Заев, и нивната „дружина“, државниот апарат го ставиле во функција на приватни и клановски интереси.Петрушевски тврди дека користејќи ја институционалната моќ, биле злоупотребувани државните механизми, а врз доктор Жан Митрев биле вршени притисоци и уцени со цел да му се одземе Клиничката болница „Жан Митрев“ по, како што рече, багателна цена. Според него, наместо како министер за здравство да се фокусира на јавното здравство и проблемите на граѓаните, Филипче бил насочен кон преземање приватна здравствена установа.Во таа насока, Петрушевски посочува дека за остварување на оваа цел не биле поштедени ниту државните, односно народните пари. Тој се повикува на јавно достапни податоци според кои, во периодот на владеење на СДС, а особено кога Филипче бил министер, значително се зголемувале буџетските трансфери кон Клиничката болница „Жан Митрев“ од државните институции.Како што наведе, во 2015 година буџетот изнесувал 361,6 милиони денари, односно околу 5,8 милиони евра, а со доаѓањето на СДС на власт трансферите речиси се удвоиле. Во 2020 година, кога Филипче раководел со здравствениот сектор, буџетските средства наменети за болницата достигнале 682 милиони денари, што, според Петрушевски, е износ близу 11 милиони евра.„Бројките се немилосрдни и повеќе од јасни“, изјави Петрушевски, прашувајќи дали ваквите значителни приливи на државни средства биле еден од начините, со пари на граѓаните, да се изврши притисок врз докторот за продажба на болницата по пониска цена.Тој додаде дека, според неговите тврдења, ова не бил единствениот метод што го користеле Филипче и, како што рече, „криминалната дружина на чело со Заев“. Според Петрушевски, на докторот Митрев му биле вршени притисоци, бил уценуван, а му била нудена и помош во судска постапка поврзана со клиничката болница, нешто што, како што посочи, самиот Митрев јавно го потврдил.Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ оцени дека овие наводи покажуваат оти нема област во општеството која СДС, Венко Филипче и Зоран Заев, според него, не ја заробиле и злоупотребиле, додавајќи дека апетитите кон приватниот здравствен сектор не се нови и дека за нив со години зборува македонската јавност.На крајот, Петрушевски упати повик до Јавното обвинителство, оценувајќи дека не смее да чека и дека мора темелно да ги испита, како што рече, сериозните индиции за изнуда и сторен криминал. „Одговорност мора да има“, порача тој.

Медиасет | пред 2 месеци

media-library44fkk6lo0ouk51N5oIy

Дали Филипче ја подготвувал продажбата со зголемување на буџетот на Клиничката болница Жан Митрев, прашува Петрушевски

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска изнесе сериозни обвинувања поврзани со Клиничката болница „Жан Митрев“, оценувајќи дека за време на владата предводена од СДС постоел обид за преземање на здравствената установа, што, според него, претставува сомнеж за злоупотреба на моќта и директен удар врз владеењето на правото.Петрушевски тврди дека сегашниот претседател на СДСМ, Венко Филипче, во периодот кога бил на власт, наводно ја подготвувал продажбата на Клиничката болница преку значително зголемување на нејзиниот буџет. Според информациите со кои, како што вели, располага ВМРО-ДПМНЕ, токму во тој период болницата имала највисоки финансиски приливи од државниот буџет.Како аргумент, Петрушевски ги посочи официјалните буџетски податоци. Во 2015 година буџетот на Клиничката болница изнесувал 361,6 милиони денари, за во 2017 година да порасне на 406,6 милиони денари, а во 2018 година на 457 милиони денари. Во 2019 година следело значително зголемување на 612 милиони денари, додека во 2020 година буџетот достигнал 682 милиони денари, што, според Петрушевски, е износ од речиси 11 милиони евра.Во следните години, според изнесените податоци, во 2021 и 2022 година буџетот изнесувал по 602 милиони денари, во 2023 година околу 548 милиони денари, во 2024 година приближно 515 милиони денари, а во 2025 година бил намален на 479.883.000 денари.„Бројките се повеќе од јасни и покажуваат дека во периодот кога Филипче бил министер, кон Клиничката болница имало огромен прилив на средства“, истакна Петрушевски, додавајќи дека станува збор за човек кој требало да ја креира здравствената политика и кој бил директно одговорен за функционирањето на здравствениот систем.Според него, наместо фокус на интересите на пациентите и јавниот здравствен систем, Филипче, како што тврди, се занимавал со тоа која приватна болница да ја преземе, па дури и со нудење помош во судски постапки, што, според Петрушевски, укажува на сериозно и недозволиво влијание врз институциите.Тој потсети дека со години во јавноста се зборува за апетитите на поранешниот премиер Зоран Заев и на Венко Филипче кон приватниот здравствен сектор, оценувајќи дека овој случај дополнително ги засилува тие сомнежи.„Јавното обвинителство има обврска да постапи. Несомнено е дека за овој и за слични случаи има многу работа и дека институциите мора да покажат дека законот важи за сите“, порача Петрушевски.

Македонија | пред 2 месеци

media-library0pf801r4fk9fdofjZSX

Петрушевски: Заев и Филипче му нуделе на Жан Митрев – болницата по багателна цена во замена за помош во судскиот процес

Заев и Филипче му нуделе помош за судска постапка на др. Жан Митрев во замена за неговата болница, вели Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ„Преку државните институции и инсталациите во правосудството, Заев и Филипче вршеле притисок врз др. Жан Митрев за да на легален начин и по релативно ниска цена да ја откупат болницата.Откако биле замрзнати личните сметки на др. Жан Митрев, како и сметката на истоимената болница, тој бил спречен да продава удели од болницата додека траела судската постапка.Но, Заев и Филипче тоа не ги спречило. Користејќи ја својата политичка моќ како власт во државата, ургирале да се тргне забраната за продажба на удели во болницата и му дале предлог на др. Жан Митрев, да им ја продаде болницата по багателна цена, а тие да му помогнат во судската постапка.Овој однос и начин на функционирање на СДС, за нас не е непознат, но одговорност мора да има. Само да потсетиме, болницата Жан Митрев, не е прва болница за која во јавноста се лиферуваа информации дека Заев и Филипче сакале да ја откупат.Изјавите на др. Жан Митрев за односот на минатата криминална и корумпирана власт предводена од СДС, Заев и Филипче, кон него и неговата болница ЈО треба да ги истражи, а одговорност мора да има“, додава Петрушевски.

Македонија | пред 2 месеци

media-library44fkk6lo0ouk51N5oIy

Со закани уцени и притисоци Заев и Филипче сакале да ја превземат болницата Жан Митрев, вели ВМРО-ДПМНЕ

Последните сведоштва во јавноста на др Жан Митрев сè уште еден доказ за мафијашкото владеење на СДС на чело со кланот Заеви и нивниот спотер кој ја чува фотелјата на Бихачка, Венко Филипче, велат од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ„Во екот на ковид пандемијата кога граѓаните се бореа за живот Заев како премиер и Филипче како министер за здравство ја користеле кризата за да профитираат.Заев и Филипче ги злоупотребиле институциите на државата за да вршат притисок, рекет и уцени со намера да ја превземат приватната болница Жан Митрев.Заев и Филипче освен притисокот и уцените ветиле и „помош во судски процеси“ во замена за удели.Тандемот Заев и Филипче се обиделе болницата да биде откупена по цена далеку пониска од нејзината реална пазарна вредност што претставува организиран грабеж.Дополнително уште пошокантен е фактот кој според кажувањата на Жан Митрев по само една недела од моментот кога поединци од власта изразиле желба за болницата, Јавното обвинителство ја укинало забраната за продажба.Овој случај е типичен пример за мафијашко дејствување на Заев и Филипче. Ова е само дел од низата случаи во криминалната мрежа на тандемот Заев-Филипче и скандалите како златните визи во Дубаи, становите во Дубаи, висококатницата во Дубаи, акции во индиска авиокомпанија, фирми во Бугарија и Македонија.Тендери, проценти, злоупотреби на функциите за лично богатење, рекет и предавства се синоними за начинот на дејствување на кланот Заеви и Филипче.Дали вака за СДС изгледа европска Македонија што ја ветуваат?Дали со рекет, уцени и закани Филипче и СДС сакаат повторно, некогаш да ја управуваат државата?Венко Филипче после сите афери и скандали кои се врзуваат со неговото име нема кредибилитет да биде на политичката сцена.После вакви скандали доколку Филипче би имал морал и доблест веднаш би си поднел оставка.ЈО да не молчи.ЈО веднаш да го истражи случајот.Одговорност и правда мора да има“, се вели во соопштението

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryl9t81oqf517fabQpDHQ

Манасиевски: Заев и Филипче преку корупција се обиделе да ја преземат болницата на др. Жан Митрев

На телевизија Њузмакс во емисијата „Став на регионот“ гостуваше Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ кој на самиот почеток дискутираше за скандалот и сомнежите кои се поврзуваат со претходната власт, за тоа како Венко Филипче и Зоран Заев сакале да му ја одземат болницата на др. Жан Митрев по далеку пониска цена.„Сите оние афери, сомнежи и скандали се поврзуваат со минатата власт којашто беше предводена од СДС и ДУИ, како и оваа афера којашто докторот Жан Митрев ја изнесе во јавноста, каде што вели дека минатата власт, односно еден премиер и министер за здравство, тука знаеме на кого мисли, односно на Зоран Заев и Венко Филипче, дека преку мафијашки однос се обиделе да му ја преземат болницата по далеку пониска цена. Ова е она што ние изминатите 7 години, а еве и континуирано во овие година и половина откако сме на власт, го говориме дека СДС и ДУИ кога владееја со државата тоа го правеа на криминален и коруптивен начин“, истакна Манасиевски и додаде:“Ова однесување на Зоран Заев и Венко Филипче и СДС како политичка партија, навистина не ме чуди до каде одело само за да дојдат до одредено богатство коешто ние граѓаните го трпиме и ден денес.”Манасиевски објасни дека реформите во правосудството се неопходни, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го преземала првиот чекор со разрешувањето на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.„Судството навистина не функционира и оние 2% коишто ги има доверба се потврдува, а ние како политичка партија велиме дека треба да има реформи, затоа што гледаме дека нема никаква судска разрешница. Нема разрешница по голем број на судски предмети, се чуваат предмети по фиоки но, имаме еден чекор којшто го преземавме како Влада, каде што е разрешен државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, за којшто имаме сомнежи дека чувал над 40тина предмети во неговите фиоки, за да не постапи за оние сомнежи кон минатата власт на СДС и ДУИ. Така да сметам, потребни се итни реформи во овој дел со цел да имаме правда во нашата држава“, дециден е Манасиевски.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryqtsr2hlacuj78WphT5u

Мицкоски се сомнева дека и Пендаровски има кривична одговорност, повика и на истрага за тврдењата на Жан Митрев

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски изјави дека нема што директно да коментира за тврдењата на кардиохирургот Жан Митрев, според кои поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче вршеле притисок врз него со цел одземање на приватната клиника.Мицкоски оцени дека ваквите наводи треба да бидат предмет на постапување на Јавно обвинителство по допрен глас, додавајќи дека тие не го изненадуваат, имајќи го предвид, како што рече, начинот на кој функционирала власта во тој период. Според него, станува збор за време кога, под изговор на вонредни околности и вонредна состојба, биле носени уредби со сила на закон, за кои, како што тврди, постојат бројни сведоштва дека биле злоупотребувани.Во таа насока, Мицкоски посочи и на улогата на тогашниот претседател на државата Стево Пендаровски, нагласувајќи дека дел од уредбите донесени во периодот на вонредна состојба сѐ уште не се разгледани и усвоени од Собрание на Република Македонија. Според него, токму Собранието треба да се произнесе за нивната уставност и законитост, за да се утврди дали постои евентуална одговорност.Мицкоски истакна дека во јавноста постојат сериозни сомневања оти одлуките донесени од Пендаровски во тој период биле спротивни на Уставот и законите, што, доколку се потврди, отвора прашање за институционална и кривична одговорност. Тој нагласи дека сега останува да се види дали обвинителството ќе реагира и ќе отвори постапка по овие наводи.Изјавата на Мицкоски доаѓа во контекст на засилените политички реакции по јавните настапи на Жан Митрев, кои повторно го отворија прашањето за односот меѓу извршната власт, обвинителството и приватниот сектор во периодот на владеењето на СДСМ и управувањето со кризата за време на вонредната состојба.

Македонија | пред 2 месеци

media-library8a44hhthq0pn3VV5H13

Филипче и Заев сакале да му ја одземат болницата на Жан Митрев, сведоштвата на Жан Митрев мора итно да ги провери обвинителството, вели Стојаноски

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, денеска јавно реагираше на тврдењата изнесени од Жан Митрев, кој во гостување во емисија на национална телевизија обвини за сериозна и груба злоупотреба на власта од страна на поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче.Според Стојаноски, сведоштвото на д-р Митрев отвора сериозни сомнежи дека во периодот кога СДСМ ја имаше целосната власт, биле вршени силни институционални притисоци со цел одземање на приватната болница „Жан Митрев“. Како што посочува пратеникот, д-р Митрев директно ги именувал Заев и Филипче како лица кои стоеле зад притисоците.Според изјавите на Митрев, притисоците се случувале токму во периодот кога против него се водел активен судски процес, што, како што оценува Стојаноски, дополнително ја зајакнува тезата за политичка злоупотреба на правосудните и извршните институции. Во тој период, преку државните институции му биле блокирани личната сметка и сметката на болницата, а воедно му била изречена и забрана за продажба на удели во клиниката.Стојаноски потенцира дека особено загрижува фактот што, само една недела по наводното барање од страна на Заев и Филипче за откуп на болницата, Јавно обвинителство ја повлекло забраната за продажба на удели. Со тоа, според него, било овозможено купување на удели во болницата, што претставува директен доказ за политички притисок врз обвинителството и злоупотреба на институциите.Дополнително, како што пренесува Стојаноски, д-р Митрев тврдел дека му била понудена и спогодба – доколку ја продаде болницата по значително пониска цена од пазарната, тогаш ќе му биде помогнато да се ослободи од обвиненијата. Овие наводи, според пратеникот, претставуваат класичен пример на уцена и тргување со влијание на највисоко политичко ниво.Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека ваквите тврдења не смеат да останат само медиумски сензации и дека Јавното обвинителство мора итно да отвори постапка и темелно да ги испита сите наводи. „Доста е со заштита од одговорност. Време е Венко Филипче и Зоран Заев да одговараат за секој еден криминал и злоупотреба на власта во изминатите осум години“, порача Стојаноски.

Македонија | пред 2 месеци

zaev-filipce-1

Стојаноски: Заев и Филипче му се заканувале на Жан Митрев за да му ја одземат болницата

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, изјави дека докторот и сопственик на клиниката „Жан Митрев“, јавно посведочил оти поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче му се заканувале со цел да му го одземат сопствеништвото над болницата.Според Стојаноски, притисоците се случувале во период кога против Жан Митрев се водел судски случај, а Заев и Филипче, како носители на највисоки државни функции, ја користеле својата позиција на моќ за, како што рече, преку институционални механизми да се обидат да ја преземат клиниката.„Во тој период биле блокирани и личната сметка на Митрев и сметката на болницата, а имало и забрана за продажба. Во своето сведоштво, Митрев вели дека откако одредени лица од тогашната власт изразиле интерес да му ја одземат болницата, по само една недела забраната била тргната од страна на Јавното обвинителство. Логично се поставува прашањето како и зошто се случило тоа“, истакна Стојаноски.Тој додаде дека Жан Митрев обелоденил и обид за откуп на болницата по цена значително пониска од реалната и пазарната вредност, што, според ВМРО-ДПМНЕ, укажува на сериозни злоупотреби на власта.„Згрозени сме до каде биле подготвени да одат Филипче и неговиот ментор Заев за лично збогатување. Во време кога граѓаните секојдневно умираа од ковид, а државата немаше навремено обезбедени вакцини, тие се занимавале со сценарија за одземање приватна болница“, рече Стојаноски.Тој оцени дека наместо да работат во интерес на јавното здравје, поранешните функционери биле поврзувани со низа афери – од недвижности и компании, до тендери, договори и, како што рече, обиди за преземање болници.На крајот, Стојаноски упати јавен повик до Јавно обвинителство итно, темелно и неселективно да го истражи случајот и да постапи согласно закон.

Македонија | пред 2 месеци

media-library44fkk6lo0ouk51N5oIy

Жан Митрев тврди дека Заев и Филипче барале сопствеништво во болницата, Филипче возвраќа: Ќе тужам

Поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче биле директно заинтересирани да пронајдат начин за стекнување сопственички удел во болницата „Жан Митрев“, во периодот кога против познатиот кардиохирург се водела истрага поврзана со лекувањето на пациенти за време на ковид-кризата. Ова јавно го изнесе самиот Жан Митрев, гостувајќи во Вечерното шоу на Богдан Илиевски на ТВ Алфа.Богдан Илиевски: Политички големци од претходната гарнитура, на највисоки функции, можеби еден премиер и еден министер за здравство, биле директно заинтересирани за најдат начин до сопствеништво врз вашата болница. Дали сте го слушнале овој муабет?Жан Митрев: Да, да.Богдан Илиевски: Дали сте го почувствувале таквиот обид?Жан Митрев: Да.Богдан Илиевски: Потврдувате ли дека имало заинтересираност од Зоран Заев и од Венко Филипче да најдат пат до сопствеништво врз вашата болница?Жан Митрев: Да, имаше такви реални контакти. И на писмено, не само вака…Набргу по овие наводи, актуелниот претседател на СДСМ, Венко Филипче, одржа вонредна прес-конференција на која остро реагираше, оценувајќи дека станува збор за „континуирана црна кампања и јавен линч“ насочени кон него. Тој ги отфрли обвинувањата, тврдејќи дека преку изјавите на Жан Митрев му се припишува рекет и обид за преземање на цела болница.Филипче изјави дека ваквите напади ги надминале сите граници и најави покренување судска постапка против, како што рече, сите инволвирани – и нарачателите и извршителите. Воедно, тој јавно го повика Жан Митрев, доколку има какви било сознанија за кривично дело, да поднесе кривична пријава до обвинителството.„Нека постапи институционално ако смее. Ако има нешто, нека се докаже пред обвинител и суд, а не преку медиумски настапи. Затоа што знаат дека ќе одговараат“, рече Филипче, обвинувајќи ја власта дека токму ваквите случаи се причина зошто, според него, не се спроведуваат суштински реформи во правосудството.Со ова, јавноста доби две спротивставени верзии за истиот настан – една од страна на кардиохирургот Жан Митрев, кој говори за директни обиди за преземање на неговата болница, и друга од страна на Венко Филипче, кој тврди дека станува збор за политички мотивирана кампања и најавува правна разврска пред судските институции.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarypcj7jiv5m2ph0naaS63

Филипче тврди дека е мета на клевети

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната вонредна прес-конференција, жестоко реагираше на континуираната црна кампања и јавниот линч што власта го води против него.„Секој ден сум предмет на јавен линч, преку груби лаги и постојана црна кампања и манипулации. Дубаи, згради од 42 спрата, визи, Венеција, Сент Морис итн. Пред некој ден ме споредија дури и со Џим Џонс, убиец на 300 деца. Вчера, отидоа дотаму, да преку Жан Митрев, за кого како лекар не можам да кажам што мислам, ме обвинија за рекет за цела болница“, рече  Филипче.Како што кажа Филипче, ВМРО-ДПМНЕ ја премина секоја граница и најави дека ќе покрене судска постапка против сите инволвирани.„ВМРО-ДПМНЕ  ја помина секоја граница и јас преку ова нема да поминам. Ова не е политика. Претераа. Ова веќе ги поминува сите можни граници. Што ќе смислат следно, утре ќе ме обвинат и за силување, за убиство? За што следно? Доста е веќе. Сега ќе ги тужам. Мојот одговор преку суд ќе го добијат и наредбодавачите и извршителот“, нагласи Филипче.Воедно, Филипче на денешната прес-конференција јавно го повика Жан Митрев да постапи институционално, доколку смее и најави дека ќе ги гони и нарачателите и извршителот.„Го повикувам Жан Митрев нека отиде кај обвинител и нека поднесе Кривична пријава ако смее, па да одговара по Кривичен закон. Не го прават тоа затоа што знаат дека ќе одговараат, а не вака да ги тужам само за клевета. Е, затоа власта не сака реформи, не сака реформирано правосудство по европски стандарди, за токму ова да го прави“, рече,  претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 2 месеци

zan-mitrev

Случајот против Жан Митрев почна од почеток

Две судијки поротнички во исто време си дадоа оставки од функцијата, ова е причината поради која предметот во кој докторот и сопственик на Клиниката, Жан Митрев е обвинет за измама на 283 пациенти да се врати од почеток.Основното јавно обвинителство – Скопје на 10 јануари 2023 година поднесе обвинителен акт против доктор Жан Митрев, како физичко лице и Обвинителен предлог против неговата болница, како правно лице, за продолжено кривично дело „измама“ од член 247 од Кривичниот законик. А за ова кривично дело „измама“ предвидената казна затвор е од една до 10 години.Од ОЈО тогаш рекоа дека дека се лекувале со методот на хемофилтрација за време на пандемијата со Ковид 19 и дека 283 луѓе се пријавиле со оштетно побарување, кои рекле дека се чувствуваат измамени и се приклучиле, но и дека имало и такви кои не сакале и рекле дека не сите се чувствуваат за оштетени.Никола Додевски, адвокатот на Жан Митрев, денеска кажа дека обвиненијата за измама на пациенти се апсурдни.На рочиштата се се враќа од почеток, па така ќе треба повторно да се сослушуваат и да дадат искази и сведоците.Обвинителството смета дека скапото лекување од ковид-19 во клиниката Жан Митрев било непријавена клиничка студија, односно наспроти домашните законодавство, клиничките студии не биле пријавени и одобрени од МАЛМЕД.Од Жан Митрев тврдатдека тоа се неточни наводи, насочени кон креирање на лажна слика во пошироката јавност за работата на болницата,, Жан Митрев”.

Македонија | пред 1 година

operacija-zan-mitrev-3

Изведена прва неврохируршка операција со микроскоп во Клиника Жан Митрев

Првата неврохируршка операција на Одделот за неврохирургија во Клиника Жан Митрев е изведена со врвен неврохируршки микроскоп, единствен во државата. Неврохируршкиот тим предводен од проф. д-р Владимир Рендевски, заедно со д-р Михаил Таушанов и останатите членови на интердисциплинарната медицинска екипа, успешно изведоа операција на ‘рбетниот столб на пациентка со огромни болки во кичмата и неподвижна десна нога.Со исклучителното ниво на визуелизација преку микроскопот чии оптички леќи ги пребојуваат туморите, беше обезбедена јасна дистинкција на болното од здравото ткиво, што овозможи искусниот тим со најмала инвазивност да ги отстранат сите тумори.Микроскопот од брендот Цајс модел Киево 900, е единствен во државата од ваков вид и со ваква примена. Со неговите врвни перформанси се овозможува висок степен на визуелна прецизност при оперативни зафати од разни патологии од доменот на неврохирургијата вклучувајќи и васкуларни заболувања како аневризми и онколошки заболувања односно карциноми. Во иднина ќе биде користен за интракранијални и кичмени операции за кои досега пациентите заминуваа најчесто надвор од државата.

Македонија | пред 1 година

zan-mitrev-klinika

Корумпиран албански олигарх стои зад сомнителната продажба на Жан Митрев клиниката, вели Левица

Додека граѓаните на Република Македонија преку донации молат за лекување во странство, нечовечната корумпирана власт на ДУИ-СДС оркестрираат криминално преземање на најголемата приватна болница во Македонија, вели Левица„Вчера преку манипулативни нарачани текстови во медиумите беше објавено за наводна продажба на Жан Митрев Клиниката на „холандски“ фонд. Но, податоците од холандскиот Трговски регистар покажуваат дека зад оваа сомнителна зделка стои Клодијан Алајбеу, албански олигарх со низа коруптивни скандали во Албанија, Косово, но и во африканскиот континент!Со цел да се скријат сомнежите за висока корупција и да се прикаже дека холандски фонд стои зад преземањето на клиниката Жан Митрев (која се гони кривично за измамничко профитерство), пред само еден месец Клодијан Алајбеу го има префрлено правното сопствеништво над холандската фирма, која ја купува Клиниката на холандска фондација-труст.Но, овој контроверзен лик го има задржано правото над сите приходи од холандската компанија и Жан Митрев Клиниката преку потврди издадени од холандската фондација.Клодијан Алајбеу, кој сега ќе профитира од маките на македонските граѓани и уништеното јавно здравство од троецот СДС-ДПМНЕ-ДУИ, се поврзува со случаи на перење пари и корупција во Албанија и Зимбабве, но и финансирање на терористички организации во Турција. Ова ги подгрева сомнежите дека случајот со Жан Митрев се процесуира со цел да се изнуди продажбата на клиниката на моќници кои стојат зад криминалните елити на ДУИ и СДС.Левица се залага за државно регулирање и ограничување на приватните болници и инвестирање во јавното здравство до кое бесплатен пристап и квалитетни услуги ќе имаат сите граѓани на Република Македонија, а не само богатите. Здравјето на граѓаните не смее да биде предмет на бизнис-интереси на поединци поврзани со олигархијата на власт“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 години

zan-mitrev-klinika

Се продаваат мнозински удели на клиниката „Жан Митрев“

Холандски инвестициски фонд „Балкан алајанс хелткер Б.В.“ ќе стане мнозински сопственик на приватната здравствена установа – клиничка болница „Жан Митрев“ преку купопродажба на удели, објави МКД.мк. Комисијата за заштита на конкуренцијата објави известување за концентрација со која „Балкан алајанс хелткер Б.В.“ ќе стекне директна контрола над клиниката „Жан Митрев“.Комисијата утврди дека „предметната концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата. Сепак конечната одлука по ова прашање е резервирана.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 2 години

zan-mitrev-klinika

Одбивањето на жалбата за одблокирање на сметките ја потврдува инструираноста на процесот и организираната хајка против клиниката, велат од Жан Митрев

Tоа што Советот на Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата за деблокирање на сметките е свесно и намерно спречување на работата на Клиника Жан Митрев и натамошна реализација на намерата Клиниката да се доведе во позиција на неодржлива криза и да се спречи работата без ни малку одговорност за јавниот интерес што го има клиниката како здравствена организација, реагираат од Клиниката Жан Митрев, на денешната одлука на судот.Добивај вести на вибер„Токму заради јавниот интерес за пациентите и сите оние што имаат потреба од врвна медицинска нега, беше побарано деблокирање на сметката за клиниката да може да работи без притисокот во секојдневните обврски кон банките и добавувачите.Одбивањето на барањето за деблокирање на сметката зборува за организирана хајка и систематско инструираниот процес против клиниката и д-р Митрев со неосновано обвинение. Во постапката против врвниот македонски кардиохирург и Клиниката Жан Митрев посветени на спасување животи не постои пресумпција на невиност, туку организиран и систематски инструиран процес.Се надеваме дека во фокусот на сите што се посветени на мониторирање на нашиот правосуден систем ќе дојде на ред и врвниот јавен интерес, а тоа е оневозможување на конструирање на судски процеси со цел да се уништат успешни стручњаци и правни субјекти.Сепак и покрај блокираните сметки Клиника Жан Митрев секојдневно работи, прави сложени хируршки зафати и спасува животи на наши граѓани“ велат од клиниката.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања