Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Дали Филипче ја подготвувал продажбата со зголемување на буџетот на Клиничката болница Жан Митрев, прашува Петрушевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library44fkk6lo0ouk51N5oIy

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска изнесе сериозни обвинувања поврзани со Клиничката болница „Жан Митрев“, оценувајќи дека за време на владата предводена од СДС постоел обид за преземање на здравствената установа, што, според него, претставува сомнеж за злоупотреба на моќта и директен удар врз владеењето на правото.

Петрушевски тврди дека сегашниот претседател на СДСМ, Венко Филипче, во периодот кога бил на власт, наводно ја подготвувал продажбата на Клиничката болница преку значително зголемување на нејзиниот буџет. Според информациите со кои, како што вели, располага ВМРО-ДПМНЕ, токму во тој период болницата имала највисоки финансиски приливи од државниот буџет.

— реклама —

Како аргумент, Петрушевски ги посочи официјалните буџетски податоци. Во 2015 година буџетот на Клиничката болница изнесувал 361,6 милиони денари, за во 2017 година да порасне на 406,6 милиони денари, а во 2018 година на 457 милиони денари. Во 2019 година следело значително зголемување на 612 милиони денари, додека во 2020 година буџетот достигнал 682 милиони денари, што, според Петрушевски, е износ од речиси 11 милиони евра.

Во следните години, според изнесените податоци, во 2021 и 2022 година буџетот изнесувал по 602 милиони денари, во 2023 година околу 548 милиони денари, во 2024 година приближно 515 милиони денари, а во 2025 година бил намален на 479.883.000 денари.

— реклама —

„Бројките се повеќе од јасни и покажуваат дека во периодот кога Филипче бил министер, кон Клиничката болница имало огромен прилив на средства“, истакна Петрушевски, додавајќи дека станува збор за човек кој требало да ја креира здравствената политика и кој бил директно одговорен за функционирањето на здравствениот систем.

Според него, наместо фокус на интересите на пациентите и јавниот здравствен систем, Филипче, како што тврди, се занимавал со тоа која приватна болница да ја преземе, па дури и со нудење помош во судски постапки, што, според Петрушевски, укажува на сериозно и недозволиво влијание врз институциите.

Тој потсети дека со години во јавноста се зборува за апетитите на поранешниот премиер Зоран Заев и на Венко Филипче кон приватниот здравствен сектор, оценувајќи дека овој случај дополнително ги засилува тие сомнежи.

„Јавното обвинителство има обврска да постапи. Несомнено е дека за овој и за слични случаи има многу работа и дека институциите мора да покажат дека законот важи за сите“, порача Петрушевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryb8jf9io36b8qcjLJkpx

Филипче: Владата треба да им помогне на граѓаните со финансиски пакети

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

Филипче: Мерката за ѓубривата е задоцнета, земјоделците веќе имаат голем проблем со кризата

Македонија | пред 12 часа

media-libraryhp3nuvs3rech8aGcPgY

Филипче: За рудник во Крива Паланка да се слушне гласот на граѓаните, здравјето мора да биде на приоритет

Македонија | пред 13 часа

media-library62bnk9fqhlkmaaoDrOV

Филипче: СДСМ бара едно државјанство за сите избрани и именувани функционери и тоа веднаш

Македонија | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања