Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Филипче: Лажните вести се дефокус, во позадина се краде и се договараат мигранти за пари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
filipce-51

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција предупреди дека додека ВМРО-ДПМНЕ објавува лажни вести, во позадина под диригентство на премиерот Мицкоски се спроведува кражба и договор за мигранти.

— реклама —

„Она што е важно граѓаните да го знаат, додека се објавува лажна вест, во позадина се одвива кражба. Додека ние се занимаваме со лажни вести, измислени афери Жан, кули итн, притоа паралелно на тоа Мицкоски на средба во Давос преку посредничка компанија договара мигранти. Така тоа оди - кучињата си лаат, караванот си врви“, рече Филипче.

— реклама —

Притоа, Филипче посочи дека она што секојдневно го прави ВМРО е дефокус преку лажни вести и медиумски напади кон него лично и кон СДСМ, со единствена цел да ги прикријат нивните криминали.

— реклама —

„Погледнете ги овие токсични, ужасни наслови, тие зборови, тие изрази. Можете ли да замислите како ние се чувствуваме? Дали ние некогаш сме изјавиле, рекле или напишале нешто вакво? Не, никогаш. Со ова се бориме секојдневно, невистини, лаги, навреди, хајки, линч. Во ова се вложени милиони евра. Ова е нивното разоткривање. Зошто власта го прави ова – за дефокус од вистинските, реални проблеми“, нагласи Филипче.

Тој додаде дека интензитетот на нападите кон него и кон СДСМ почна по договорот „мигранти за пари“ и разоткривањето на корупциските скандали на власта.

„Кога започна да се зголемува интензитетот на нападите врз мене и врз СДСМ? Кога откривме дека постои договор ‘мигранти за пари’, кога почнавме да објавуваме ‘бомби’ – 161 тендер за една фирма, 52 милиони евра преку општините, 9 милиони евра за фирма со двајца вработени, 1,2 милиони евра преку Пошта, сè за ортаците на Мицкоски. Кога кажавме дека недостига една милијарда евра, а сега, за жал, веќе недостигаат две милијарди, а јануари сè уште не е ни завршен“, потенцираше Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 10 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 14 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања