Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Филипче: Македонија на листата на САД како „трет свет“, изолација, криминал а тие дефокус

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library8qusogn8ncusesx96xa
Unsplash

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, изјави дека државата е доведена во сериозна меѓународна изолација како директна последица на политиките на актуелната власт, додека јавноста, наместо одговори за клучните прашања, секојдневно е изложена на дефокус, јавен линч и црна кампања.

— реклама —

Филипче нагласи дека власта не дава одговори за, како што рече, суштинските проблеми со кои се соочуваат граѓаните.

— реклама —

„Нема одговор на вистинските прашања. За дупката во буџетот од две милијарди евра, за тоа што нема пари за зголемување на платите и пензиите, за мигрантите, за црниот капитал преку Алата банка, за корумпираните тендерски постапки низ целата држава. Нема одговор за проблемите со кои граѓаните секојдневно се соочуваат“, истакна Филипче.

— реклама —

Според него, наместо решавање на овие прашања, власта свесно креира атмосфера на дефокус и политички линч.

„Нема ништо за реалните проблеми. Само дефокус, јавен линч и црна кампања“, порача Филипче.

Тој оцени дека ваквото владеење резултирало со сериозна меѓународна деградација на државата.

„Дојдовме на листи со земји од третиот свет поради политика на изолација, криминал и корупција, како и поради средбите на луѓе од врвот на власта со ноќни волци блиски до Путин. Доста е веќе“, нагласи Филипче.

Во заклучокот, претседателот на СДСМ порача дека граѓаните се уморни од манипулации и празни наративи и дека очекуваат суштински промени.

„На граѓаните им треба подобар живот, повисок стандард, повисоки плати и пензии, сигурна иднина и јасен пат кон Европа. За тоа треба да зборуваме – тоа е вистинската политика“, истакна Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 9 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 13 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 15 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања