Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Филипче: Мицкоски да ги види во архивата на Владата мерките на СДСМ и да ги примени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 дена -

Македонија
media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Венко Филипче (СДСМ) ја повика Владата да преземе конкретни мерки за заштита на животниот стандард и му порача на премиерот Мицкоски да „ги отвори архивите“ и да види како СДСМ се справувал со кризи. Тој оцени дека Владата нема визија и капацитет, наведувајќи дека буџетскиот дефицит пораснал од 3,5% на 5,1%. Филипче побара власта да ги прифати мерките на СДСМ: ДДВ на горива 5%, ДДВ на основни прехранбени производи 0%, намалување акциза за 4 денари и намалување на патарини, за реално поевтинување и спречување раст на други цени.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денешната на прес-конференција ја повика Владата да преземе конкретни мерки со кои ќе го заштити животниот стандард на граѓаните. Филипче му порача на премиерот Мицкоски, да ја надмине суетата, да ги отвори архвите и да види како владите на СДСМ се справуваа со кризите и им помагаа на сите граѓани и на стопанството.

— реклама —

„Лесно е, нека види премиерот во архивите на владата има таму како работеле нашите влади за време на кризите и нека им излезе во пресрет на граѓаните. Се надевам дека ќе си ја надмине суетата и ќе сфати дека ниту има визија, ниту има капацитет да ја води владата. Кога укажавме дека овој буџет којшто го предлага оваа влада ниту е развоен, ниту има капацитет да се справи со евентуална криза. Како да предвидовме дека криза можеби ќе има“, рече Филипче.

— реклама —

 Тој додаде дека дефицитот во буџетот е веќе пораснат, од предвидените 3,5 % на 5,1 %.

— реклама —

 „Толку од предвидувањата и од менаџирањето на буџетот од премиерот поради тоа што очигледно е дека се нема капацитет оваа држава да се води како што треба“, рече Филипче.

Воедно, Филипче и порача на власта да ги прифати мерките што ги предложи СДСМ, а кои ќе дадат реален ефект врз намалувањето на цените на горивата и нафтените деривати и врз намалување на цените на храната.

„Да се намали освен ДДВ-то на горивата на 5%,  да се намали ДДВ-то на основните прехранбени производи на 0%, да се намали акцизата за 4 денари. Тогаш ќе има вистинско поевтинување на горивата од кои бенефит ќе видат и граѓаните, поради тоа што граѓаните сега не гледаат бенефит од намалувањето на ДДВ-то. И покрај намалувањата на ДДВ-то, цените пораснаа. Со намалување на акцизата цената на литар гориво ќе се намали. Од тоа директна бенефит ќе имаат и компаниите, нема да влијае тоа во дополнителниот синџир на раст на другите цени. Исто, мора да има намалување и на цените на патарините.Мора да им се олесни на луѓето во оваа тешка криза“, рече Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 2 часа

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 5 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 12 часа

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања