Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Филипче: Мицкоски е чувар на фотелјата за враќање на вистинскиот газда во ВМРО - Груевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
mickoski-gruevski-141412

Мицкоски е чувар на фотелјата во ВМРО, патот се чисти за вистинскиот газда на ВМРО - Груевски, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за „Фокус“.

Филипче посочи дека начинот на кој ВМРО управува со партијата и јавноста се насочени кон заштита на лични и партиски позиции, а не кон решавање на вистинските проблеми на граѓаните.

„Дали воопшто може да им се верува на луѓе кои за вистината велеа сечено-лепено?! Јасна им е веројатно на сите целта. Наместо Идризово, од аеродромот право кон Белата палата. Затоа Мицкоски, чуварот на фотелјата во ВМРО, ги отстрани сите потпретседатели на партијата. Патот се чисти за вистинскиот газда на ВМРО“, рече Филипче.

— реклама —

Претседателот на СДСМ додаде дека целата стратегија на ВМРО, преку манипулации и засилена медиумска пропаганда, е насочена кон враќање на Груевски.

 „Ќе видат сами кога ќе почне целиот процес за укинување на пресудите и враќање на будимпештанскиот газда на ВМРО“, посочи тој.

— реклама —

Во интервјуто, Филипче укажа  дека ВМРО затоа и го оцрнува СЈО со цел ослободување и враќање на Груевски.

„Сите овде се запознаени со сè што се случуваше, со тоа што се случува сега, па и со овој случај. ВМРО го оцрни комплетно СЈО со една цел - ослободување и враќање на Груевски, по падот на Орбан во Унгарија. Катица ја пуштија порано за да учествува во црната кампања против СДСМ и повторно да се дојде до поништување на пресудите за Груевски“, вели Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryb8jf9io36b8qcjLJkpx

Филипче: Владата треба да им помогне на граѓаните со финансиски пакети

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

Филипче: Мерката за ѓубривата е задоцнета, земјоделците веќе имаат голем проблем со кризата

Македонија | пред 12 часа

media-libraryhp3nuvs3rech8aGcPgY

Филипче: За рудник во Крива Паланка да се слушне гласот на граѓаните, здравјето мора да биде на приоритет

Македонија | пред 13 часа

media-library62bnk9fqhlkmaaoDrOV

Филипче: СДСМ бара едно државјанство за сите избрани и именувани функционери и тоа веднаш

Македонија | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања