Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Филипче: Најавата на мојот линч е од 19 ти декември

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryvta2lhaa4gvl1xXuewo

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција презентираше дел од илјада токсични и навредливи медиумски наслови, кои се производ на „медиумскиот октопод на ВМРО“.

Филипче посочи дека со вакви напади секојдневно се соочува и лично тој и СДСМ. Филипче потсети  дека најавата за неговиот линч се случи на 19-ти декември минатата година, со што стана јасно дека се работи за смислено и координирано сценарио од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Дозволете да ја цитирам, најавата за мојот линч, повторно, уште на 19 ти декември минатата година - “Венко Филипче којшто треба да одговара за криминали од набавката на вакцини до клинички центри “. И ова е најава ако сакате така да ја наречам на една ваша колешка, претседателка на едно од таканаречените независни здруженија на новинари. Дали е сега појасно кога велиме дека е сценарио, смислено и координирано?“, изјави Филипче.

— реклама —

Притоа, Филипче нагласи дека од здруженијата на новинари очекува да застанат на страната на вистината.

— реклама —

„Во Здруженијата на новинарите, гледавме последен зрак надеж дека ќе можат да се одбранат од притисоците на ВМРО и да застанат на страната на вистината. Се уште чекаме одговор за поднесените осум претставки за навреди од страна на Геровски. Тој ме споредува со убиец на деца, замислете убиец на 300 деца. И никој не реагира“, рече Филипче.

На прес-конференцијата, Филипче нагласи дека целта на ваквата кампања на ВМРО е дефокусирање од реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните.

Тој најави дека СДСМ ќе се обрати до Европската Унија, до  нејзините институции, како и до сите меѓународни организации за заштита на слободата на говор и слобода на медиумите.

„Ова нема да нè запре. Сега сме посилни, затоа што ова е јасен показател дека сме на вистинскиот пат, на патот на вистината и правдата. А правдата ќе победи“, порача Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 10 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 14 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања