Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Филипче: Наместо домашно производство, Владата купува струја по 140 евра за мегават-час

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
filipce

Претседателот на Социјалдемократски сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денеска во изјава за медиумите во Собрание на Република Северна Македонија оцени дека зголемувањето на цената на електричната енергија е директна последица на, како што рече, катастрофалното менаџирање на енергетскиот систем од страна на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче истакна дека Владата не исполнила ниту една од сопствено поставените цели во енергетиката, нагласувајќи дека наместо планираното производство од над 5.000 гигават-часови електрична енергија, не е произведена ниту половина од таа количина. Според него, недостигот на струја е еднаков на тоа како половина од хидроенергетскиот потенцијал во изминатата година воопшто да не работел, што, како што рече, директно го осиромашило домашниот енергетски систем.

— реклама —

Тој посочи дека наместо да се активираат домашните капацитети и да работат РЕК Битола, Осломеј и Неготино, кои можат да произведуваат струја по цена од 80 до 90 евра за мегават-час, државата се ориентирала кон увоз на електрична енергија по цена од околу 140 евра за мегават-час. Според Филипче, ваквата политика создава дополнителен финансиски товар кој неминовно ќе падне врз граѓаните.

Претседателот на СДСМ додаде дека во изминатата година не биле навремено обезбедени ниту потребните реагенси за стабилно производство, поради што сега, како што рече, Владата посегнува по државните резерви на мазут, иако тој не е примарен енергенс за производство на електрична енергија. Тој јавно го постави прашањето зошто системот не бил подобро испланиран и управуван и зошто државната компанија ЕСМ се задолжила со 110 милиони евра.

— реклама —

Филипче предупреди дека земјата е соочена со увозна и исклучително скапа струја, која во зимскиот период дополнително поскапува, а целата таа цена, како што нагласи, на крај ќе ја платат граѓаните. Во таа насока, тој најави дека СДСМ ќе излезе со конкретни предлози и решенија за ублажување на ценовните шокови и заштита на домаќинствата.

Сепак, Филипче изрази скепса дека актуелната власт ќе ги поддржи тие мерки, потсетувајќи дека претходно не биле прифатени ниту законските решенија за намалување на ДДВ, ниту предлозите поврзани со минималната плата и субвенциите за компаниите. Според него, Владата нема слух за политики што им се неопходни на граѓаните за да ја пребродат финансиската криза, која, како што рече, во наредните месеци дополнително ќе се продлабочува.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryb8jf9io36b8qcjLJkpx

Филипче: Владата треба да им помогне на граѓаните со финансиски пакети

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

Филипче: Мерката за ѓубривата е задоцнета, земјоделците веќе имаат голем проблем со кризата

Македонија | пред 12 часа

media-libraryhp3nuvs3rech8aGcPgY

Филипче: За рудник во Крива Паланка да се слушне гласот на граѓаните, здравјето мора да биде на приоритет

Македонија | пред 13 часа

media-library62bnk9fqhlkmaaoDrOV

Филипче: СДСМ бара едно државјанство за сите избрани и именувани функционери и тоа веднаш

Македонија | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања