Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Филипче: Нема договор со власта, единствениот е со членовите на СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
filipce-51

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, изјави дека нема никаков договор со власта, туку единствениот договор што го има е со членовите на партијата – за, како што рече, борба против криминалната власт и за европска иднина на државата.

— реклама —

Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче посочи дека е изложен на, како што наведе, секојдневни медиумски напади и дискредитации.

— реклама —

„Ме прашувате за некаков договор. Гледате што ми прават секој ден – ме напаѓаат медиумски, ме споредуваат со убиец на деца, тврдат дека сум бил наркоман, ме поврзуваат со златни визи во Дубаи. Така ли изгледа договор? Нема апсолутно никаков договор“, изјави Филипче.

— реклама —

Тој нагласи дека неговиот единствен договор е со членовите на СДСМ.

„Имам договор со членовите на СДСМ дека ќе се бориме за европска и просперитетна Македонија и дека ќе се пресметаме со оваа криминална власт. Само тој договор постои и сите што се сега на власт ќе одговараат за тоа што го прават“, рече Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 5 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 10 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања