Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Филипче од Кисела Вода: Мицкоски бил против криминалот, а во партијата седи на столче купено од криминал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
media-librarydgr5l8hnqo7o7HHLCFl

На граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, во Кисела Вода, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче го повика  лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да преземе одговорност ако, како што вели, навистина е против корупцијата и криминалот во државата.


— реклама —

„Гледам дека Мицкоски вели дека корумпираните политичари требало да се испратат во историјата. Пазете тој бил криминалофоб. Се плашел од криминалот. Да не беше смешно ќе беше трагично.  Еве му шанса на Мицкоски да се послуша самиот себеси и нека се отстрани од политиката. И тој, и неговите соработници“, рече Филипче.


— реклама —

Во обраќањето пред граѓаните, Филипче потсети дека токму партијата предводена од Мицкоски има најголем број кривични пријави, а зградата на ВМРО-ДПМНЕ е изградена со народни пари.


„Замислете, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ најбогатата политичка партија во Европа, со седиште од 8 милиони евра изградено со пари на граѓаните од даноци, бил против криминалот. Мицкоски седи на столче во партијата кое од криминал купено ама тој е против криминалот“, рече Филипче.


Тој ја обвини опозицијата за расипничко трошење на јавни средства и партизирано користење на институциите:


„Да ве потсетам: со народни пари си ја платија фирмата што ја работи нивната кампања.  На митинзи одат со службени возила, менито во владата веќе го знаете сите“, истакна.


Како што кажа Филипче, кога ВМРО-ДПМНЕ зборува за криминал треба прво да си погледнат во своиете редови.


„Сите скандали за криминал, тендери по општините, во министерствата кои ги објавивме не ги признаа. Затоа кога зборуваат дека ќе апселе по изборите никого не може да заплашуваат. Нека си погледнат во своите редови.“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

СДСМ: Не се создадени услови за укинување на техничката влада и мора да остане

Македонија | пред 16 минути

— реклама —
media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 18 часа

media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 18 часа

media-libraryar8of96ps6g69CAcNWc

Од погреб прават „таен состанок“, нема средба со Ружиќ, Димитријевиќ бил на погреб, велат од СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 23 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања