Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Филипче: Оджливоста на ПИОМ е нарушена, сметката празна - власта ги става во ризик и пензиите на идните генерации

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryt0kml6225cejfCSlqRZ

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција укажа дека поради продлаболчената буџетска дупка во Фондот за ПИОМ и погрешните политики на владата на премиерот Мицкоски, во неизвесност се ставени не само исплатите на пензиите на сегашните, туку и на идните пензионери.

— реклама —

„Повеќе од 50% од сумата вкупна што фондот треба да ја исплати на пензионерите за нивните пензии не доаѓа од Фондот за пиом. Ги субвенционира владата затоа што Фондот тие пари ги нема. Се поставува прашањето што ако владата утре не може да ги субвенционира тие 50%? Каква е сигурноста на работниците кои што секој месец со своите придонеси го полнат Фондот за пензиско и инвалидско осигурување? Каде се нивните пари? Каква е сигурноста дека идните пензионери ќе имаат редовни пензии? Се доведува во ризик редовната исплата на пензиите, се доведува во ризик дали сегашните работници, а утре пензионери воопшто ќе имаат фонд од којшто ќе можат да зимаат пензии“, рече Филипче.

— реклама —

На прес-конфренцијата, Филипче нагласи дека одржливоста на Фондот за ПИОМ  е нарушена и сметката е празна и поради тоа што Фондот за ПИОМ должи пари и на Фондот за здравствено осигурување и приватните друштва.

— реклама —

„Одржливоста на фондот е нарушена и сметката е празна поради тоа што се должат пари од страна на Фондот за ПИОМ и дополнителни 10 милијарди денари кон здравствениот фонд и приватните друштва, ама тоа никој не го коментира и затоа се молчи. Се поставува прашањето од каде сега ќе кратите за да можат да се исплатат пензиите во овој хаос којшто го создадовте“, рече Филипче.

Тој додаде дека дополнително со решението на власта се дискриминирани 12.000 пензионери кои живеат во странство.

„Тие се исклучени од пензиите само поради тоа што не живееле тука. Комисијата за дискриминација веќе донесе одлука, што значи дека следат нови тужби и нови трошоци за државата“, рече Филипче.

При тоа, Филипче нагласи дека јасно е зошто власта го зема унгарскиот кредит, не заради капитални инвестиции, поддршка на фирми и општини, туку  како што кажа,очигледно тие пари со сомнително потекло се потрошени за трошоци, за кампањски политики на владата.

„Затоа му порачувам и на премиерот Мицкоски и на власта, престанете да напаѓате, се препелкате во сопствена кал. Хаосот се должи само како резултат на вашата неспособност, на немањето капацитет, на немањето капацитет, немање желба вистински како што треба да се води државата, на немањето грижа вистинска за граѓаните, за работниците, за пензионерите, за нивниот стандард“, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 10 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 14 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања