Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Филипче: Оваа влада го доведе до пропаст земјоделството, земјоделците се на раб на егзистенција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library2aklf6fc9vip4HnYB5U

— реклама —

Сите земјоделски гранки се соочуваат со сериозни проблеми, власта ги понижи и измами земјоделците, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната средба со земјоделците производители на зимска зелка во валандовско Јосифово.

— реклама —


— реклама —

Филипче посочи дека проблемите со откупот и цената на производителите на зелка, се дел од низата проблеми со кои сите земјоделци се соочуваат поради незаинтересираноста на власта за поддршка и развој на земјоделството.


„Ова е само еден од сегментите од практично сите во земјоделството кои што се сочуваат со огромни проблеми. Не беше решен проблемот со откупот на грозјето се намали цената по килограм, се скратија европските пари поради тоа што оваа власт беше фатена во кражба на европските фондови,  се намалија парите за субвенции и тоа и за тутун и за други продукти во земјоделството“, рече Филипче.


Тој додаде дека дополнителен удар за земјоделците покрај намалувањето на субвенциите се и новите правила за добивање државна поддршка.


„Се најавува закон и нови правилници со кои што се зголемува прагот на земја која што земјоделците треба да имаат за да воопшто аплицираат за субвенција од 3 на 5 декари, а над 80% барем во овој регион се мали земјоделци. Тие воопшто нема да може да аплицираат за субвенции“, рече Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 8 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 12 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања