Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Филипче: Понижувачки „фингерпринт“ за докторите наместо владата да им ги покачи платите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 дена -

Македонија
media-libraryt893elfakm4md6S3yCv

Венко Филипче (СДСМ) ја оцени мерката за „фингерпринт“ за евиденција на работното време на докторите како понижувачка и несоодветна, наведувајќи дека доаѓа од министер кој не го познава здравствениот сектор. Тој предупреди дека мерката ја сведува медицината на проста „чекирање“ рутина и не одговара на реалноста на повици и консултации надвор од смена, ниту на интервенции што траат со часови и се мерат по квалитет, не по минути. Филипче побара наместо вакви мерки да се зголемат платите за да се задржат лекарите во јавното здравство.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвини дека најновата мерка за воведување „фингерпринт“ како начин на мерење на работното време за докторите е понижувачка и несоодветна, а оваа оваа мерка доаѓа од министерот за здравство, кој нема никакво познавање на здравствениот сектор.

— реклама —

— реклама —

„Ова е една страшно понижувачка мерка од еден човек којшто моментално е министер за здравство, а со здравството и медицината нема никаква врска. Човекот доаѓа од

— реклама —

ИТ сектор и не знае што е здравствениот сектор, па медицината воопшто не ја познава“, рече Филипче во одговор на новинарско прашање.

Тој додаде дека таквата мерка ја сведува медицинската професија на ниво на работници кои се задолжени да се  отчитаат на почетокот и крајот на работниот ден, што не се случува никаде во светот.

„Се поставува прашање: што кога некој доктор ќе дојде попладне и ќе биде повикан од помлад колега за консултација? Ќе се остави „фингер принт“ тогаш? Ќе го плати министерот дополнително?“, дополни Филипче.

Тој исто така истакна дека мерката не го зема предвид квалитетот на медицинските интервенции, кои можат да траат и до неколку часа, и кои се од клучна важност за спасување на човечки животи.

„Каква е таа мерка со мерење на работното време, односно како се мери работното време кога имате некоја оперативна интервенција која трае час, два или три и се спасува човечки живот, а кога немате? Како се мери квалитативно тоа време? Да го прашаме министерот“, запраша Филипче.

Филипче нагласи дека наместо воведување понижувачки мерки, Владата треба сериозно да ги зголеми платите на докторите, како единствен начин да се задржат во јавното здравство.

„Наместо вакви понижувачки мерки, треба да се зголемат платите. Треба сериозно да се зголемат платите на докторите, затоа што со вакви мерки и без зголемување на платите, единствено што се прави е дека се бркаат докторите од јавното здравство и се бркаат да одат во приватните болници“, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 4 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 8 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања