Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Филипче: Предавничката ЗНАМ која е подизведувач на ВМРО се распаѓа!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryhrf77p58a3h8cbk83Qn

Венко Филипче оцени дека владината коалиција е нестабилна и дека движењето ЗНАМ се распаѓа, обвинувајќи го за „предавство“ и за служење како подизведувач на ВМРО-ДПМНЕ. Тој тврди дека гласачи се чувствуваат изневерени и ги повика да се вратат во СДСМ, „матичната партија“. Филипче ја обвини власта за блокада на европскиот пат, негласање клучни закони и штетни политики во образование, здравство и економија.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање истакна дека владината коалиција е нестабилна и дека движењето ЗНАМ постепено се распаѓа.

— реклама —

„Очигледно е дека партијата ЗНАМ, коешто е предавничко движење, луѓе коишто ја предадоа партијата за свои сопствени финансиски интереси, неколку луѓе на врвот на партијата, и се подизведувачи на ВМРО-ДПМНЕ во овие антинародни и спротивно на националните интереси политики, постепено се распаѓа“, рече Филипче.


Тој посочи дека граѓаните веќе ја препознаваат вистината и дека се чувствуваат изневерени.

— реклама —


„Луѓето очигледно мислеле едно дека ќе биде, но се покажало дека е друго. Ние на тоа предупредивме уште за време на кампањата во 2024 година, но имаше голем број на луѓе коишто тогаш беа разочарани од СДСМ, го дадоа гласот за ЗНАМ и сфатија дека биле прелажени“, истакна Филипче.


Претседателот на СДСМ нагласи дека вратите на партијата се отворени за сите.


„Затоа на тие луѓе сега им е отворена вратата, не само сега, туку и во изминатиот период и ќе биде и понатаму, да знаат дека ова им е матичната партија којашто никогаш не отстапила од главните идеолошки вредносни политики коишто се тука градени и имплементирани со децении“, порача Филипче.


Тој додаде дека актуелната власт го блокира развојот на државата и носи штетни политики.


„Не може да мислат луѓето како Христијан Мицкоски и Максим Димитриевски дека некој само ќе седи во Собрание и ќе дига рака додека тие тераат бизниси. А блокиран е европскиот пат. Не се гласаат закони за раст на минималната плата. Не се гласаат закони за повеќе пари во земјоделството. Се носи страшен дискриминирачки, противуставен закон за високото образование. Ништо не се случува во здравството. Луѓето не се најадени“, нагласи Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryb8jf9io36b8qcjLJkpx

Филипче: Владата треба да им помогне на граѓаните со финансиски пакети

Македонија | пред 17 часа

— реклама —
media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

Филипче: Мерката за ѓубривата е задоцнета, земјоделците веќе имаат голем проблем со кризата

Македонија | пред 18 часа

media-libraryhp3nuvs3rech8aGcPgY

Филипче: За рудник во Крива Паланка да се слушне гласот на граѓаните, здравјето мора да биде на приоритет

Македонија | пред 19 часа

media-library62bnk9fqhlkmaaoDrOV

Филипче: СДСМ бара едно државјанство за сите избрани и именувани функционери и тоа веднаш

Македонија | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања