Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Филипче: Приказната за дестабилизација е веројатно договорена меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_4456

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче во интервју за неделникот „Фокус“ зборува за актуелни прашања од доменот на политичките случувања во земјата, како и за политичката стратегија на СДСМ и како партијата ќе дејствува претстојниот период. Филипче во интервјуто оценува дека во политичка смисла на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ им одговараат наративите на меѓуетнички конфликт и дестабилизација, како и на ЗНАМ кои како што вели Филипче се целосно маргинализирани во Владата па имаат можност да го оживеат својот националистички наратив. Претседателот на СДСМ смета дека стратегијата за подигање меѓуетничка тензија која ВМРО ДПМНЕ и ДУИ ја спроведуваа пред изборите сега повторно ја враќаат во игра.

— реклама —

„Ако се земе предвид дека ДУИ му даде поддршка на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за реорганизација на министерствата, без кои не можеше да се формира Влада, тогаш не би се чудел целата работа да е договорена стратегија меѓу двете партии. Дури и да не е договорена таа е во интерес на двете страни“, вели во интервјуто Филипче.

— реклама —

Според претседателот на СДСМ, Филипче, ваквите сценарија на ВМРО ДПМНЕ, познати од порано, штетно ќе влијаат на развојот на економијата и создаваат страв и конфузија кај граѓаните.

— реклама —

„За жал, ваквите сценарија носат само застој во развојот на државата, на економијата, многу конфузија и страв кај граѓаните. Ништо добро не сме виделе од бескрајните меѓуетнички теми освен покачени тензии и назадување на дражвата. Но, добро е што за разлика од претходниот мандат на ВМРО-ДПМНЕ, сега граѓаните и стручната јавност многу рано ги препознава истите тактики, а со тоа и ефектот од нив е слаб“-вели Филипче за неделникот „Фокус“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarys55a7kho7rg39FX3mD9

Филипче: Со Мицкоски нема ЕУ – следуваат децении сиромаштија и иселување

Македонија | пред 19 часа

media-libraryhrf77p58a3h8cbk83Qn

Филипче: Предавничката ЗНАМ која е подизведувач на ВМРО се распаѓа!

Македонија | пред 2 дена

media-librarys55a7kho7rg39FX3mD9

Филипче: Недозволиво е премиер да нарачува работа на јавен обвинител од собраниска говорница

Македонија | пред 3 дена

media-librarysjgr3657qd6v89Q9M5z

Филипче: Мицкоски и Максим Димитриевски имаат исти карактеристики

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања