Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Филипче: Руте испрати јасна порака за Русија, Владата не може да се крие

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-librarydt5fmvu836id3FeINMO

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и пратеник, д-р Венко Филипче, во изјава за медиуми, нагласи дека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, при денешната посета на државата упати јасни пораки до македонската влада, во кои посочи дека Русија е агресор во Украина и прави сојуз со Кина и со Северна Кореја и нагласи дека порака до владата е директна.

— реклама —

„Генералниот секретар Руте имаше одличен говор. Сметам дека упати јасни пораки до Владата. Посочи дека Русија е агресор во Украина и дека прави сојуз со Кина и со Северна Кореја“, рече Филипче.

— реклама —

Филипче нагласи дека пораката до Владата е директна и дека актуелната власт повеќе не може да ги прикрива своите политики.

— реклама —

„Пораката кон Владата е јасна. Позициите се веќе познати и оваа Влада повеќе ништо не може да сокрие. Имаме вицепремиер кој отворено негува врски со Русија, вицепремиерот Стоиљковиќ. Вториот човек во Владата се среќава со „Ноќните волци“, кои се во директна комуникација со рускиот претседател Владимир Путин. Тука се и кинеските пари што пристигнаа преку заемот од Унгарија од една милијарда евра, средства за кои во извештаите на европските институции беше констатирано дека станува збор за кинеско финансирање“, рече Филипче.

Тој додаде дека НАТО сериозно ги следи политиките што ги води владата.

„Сметам дека ова е сериозен сигнал дека нашиот одбранбен чадор внимателно ги следи политиките што ги води актуелната Влада и јасно и отворено укажува на нив“, посочи Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 7 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 11 час

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања