Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Филипче: СДСМ 35 години ja носи одговорноста за иднината на државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 дена -

Македонија
media-library5jqvrn788iab2XZPcaH

На јубилејната седница за 35 години СДСМ, Венко Филипче истакна дека партијата носела клучна одговорност за државата од независноста наваму, нагласувајќи дека државата се гради со разум, институции и одговорност. Потсети на улогата на СДСМ во 2001 и Охридскиот рамковен договор, како и на кандидатскиот статус за ЕУ во 2005. Ги истакна Преспанскиот договор, членството во НАТО (2020) и почетокот на преговори со ЕУ (2022), тврдејќи дека идентитетот и јазикот се заштитени. Филипче порача дека вистинската социјалдемократија значи еднаквост, правда и солидарност: достоинствена работа, еднакви шанси во образование, здравство без врски и фер даноци.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на свечената седница по повод јубилиеот од основањето на партијата, порача дека СДСМ 35 години ја носи одговорноста за иднината на државата преку креирање клучни државни политики и одлуки. Во своето обраќање, Филипче потсети на историските почетоци на партијата и државата, како и клучната улога на СДСМ во во најтешките периоди и во создавањето на независноста на државата.

„Тоа не беше време на лесни решенија. Тоа беше време на санкции, ембарга, неизвесност и кревка државност. Но токму тогаш се покажа дека политиката не служи за да се делат улоги и функции, туку за да се носи тежината на државата. Но токму тогаш се покажа дека политиката не служи за да се делат улоги и функции, туку за да се носи тежината на државата. И затоа, кога денес се навраќаме на тие почетоци, не треба да паметиме само имиња и функции. Треба да ја паметиме лекцијата: државата не се гради со викање, државата се гради со разум, со институции и со одговорност. И затоа толку силно одѕвонува реченицата на Киро Глигоров: „Македонија е сѐ што имаме“. Тоа не е само наслов на книга. Тоа е и мерка на политичка зрелост“, рече Филипче.

— реклама —

Притоа, Филипче подвлече дека вистинската државотворност се покажува во најтешките моменти, потсетувајќи на улогата на СДСМ во 2001 година и потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

„Во 2001 година, кога државата беше на работ на бездна, СДСМ беше дел од владата на национално единство и еден од потписниците на Охридскиот рамковен договор. Вистинската државотворност не е да навиваш од безбедна далечина, туку да носиш одлуки и одговорност кога цената е највисока. По конфликтот, одговорноста продолжи и во 2002 година, а во 2005 Македонија го доби кандидатскиот статус за членство во Европската Унија. Тоа не беше подарок, тоа беше силна порака дека мирот, демократијата и европската иднина не се одделни приказни, туку една иста државна и историска задача. Кога сме биле најдобри, сме биле разумни. Кога сме биле најразумни, сме биле и најевропски“, рече Филипче.

— реклама —

На свечената седница Филипче се осврна и на поновите политички и храбри одлуки на СДСМ, потенцирајќи го членството во НАТО.

„По политичката криза, по Пржино, по изборите во 2016, во 2017 СДСМ повторно ја презеде одговорноста да ја извади државата од блокада. Дојдоа најтешките државни одлуки: Преспанскиот договор, влезот во НАТО во 2020, па стартот на пристапните преговори со ЕУ во 2022. Околу тие одлуки ќе има расправи и утре, и задутре, и уште долго. Бевме соочени, и се уште сме, со најтешките клевети и партиски пропаганди завелепредавства, за измислена распродажба на државни и национални интереси, наводно загрозени идентитет, јазик и историја. Но, фактите остануваат, тие не можат да се избришат и покрај жестоките пропаганди и манипулации: Ништо не е изгубено, напротив, идентитетот, јазикот, културата историјата се заштитени.Потпишан е договор со ЕУ на македонски јазик, државата стана побезбедна“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ, Филипче нагласи дека вистинската социјалдемократија подразбира систем на еднаквост, правда и солидарност.

„Што е вистинска социјалдемократија. Таа не е боја. Не е етикета. Не е носталгија. Не е удобна партиска поза. Вистинската социјалдемократија е политика во која слободата не е привилегија на богатите, а правдата не е утеха за сиромашните. Вистинската социјалдемократија е држава што ги шири демократските принципи и врз економијата. Тоа значи работа што носи достоинство, јавно образование што носи шанса, здравство што не зависи од врски, даноци што не го газат средниот слој и ранливите, туку бараат фер придонес од оние што имаат најмногу. Тоа значи слобода, правда и солидарност, не како плаќат, туку како систем“, рече Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryb8jf9io36b8qcjLJkpx

Филипче: Владата треба да им помогне на граѓаните со финансиски пакети

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

Филипче: Мерката за ѓубривата е задоцнета, земјоделците веќе имаат голем проблем со кризата

Македонија | пред 12 часа

media-libraryhp3nuvs3rech8aGcPgY

Филипче: За рудник во Крива Паланка да се слушне гласот на граѓаните, здравјето мора да биде на приоритет

Македонија | пред 13 часа

media-library62bnk9fqhlkmaaoDrOV

Филипче: СДСМ бара едно државјанство за сите избрани и именувани функционери и тоа веднаш

Македонија | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања