Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Филипче: СДСМ ќе поднесе предлог до Собранието за помош на производителите на зелка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library7uvjd6fipen1bjaJKLq

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната средба со земјоделци производители на зимска зелка, во валандовско Јосифово, порача дека СДСМ во наредниот период ќе предложи предлог во Собранието за надминување на проблемот со откупот на зимската зелка.

— реклама —

„Свесни сме дека оваа власт нема да има слух да им помогне на овие земјоделци, како што немаше слух за лозарите,  за грозјето. Во текот на следните недели ќе дадеме предлог во Собранието, да се постигне соодветна откупна цена  на зимската зелка, поради тоа што овие земјоделци издржуваат семејства, тие сега практично се соочени со егзистенцијални проблеми“, рече Филипче.

— реклама —

Тој додаде дека земјоделците се соочуваат со сериозен проблем со откупот на зимската зелка, откупната цена е драстично намалена, а власта нема слух да им помогне.

— реклама —

„Земјоделците имаат огромен проблем со откупот на зимската зелка. Тие укажаа дека откупната цена на зимската зелка која што во времето на владата на СДСМ по килограм била помеѓу 25 и 30 денари, сега е срамни 6 до 8 денари, помалку и од производната цена на килограм зелка.

Луѓето нема што да прават, нивните апели никој не ги слуша. Немаат пристап до Владата, немаат пристап до Министерството за земјоделство“, рече Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 8 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 12 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања