Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Филипче: СДСМ ќе понуди граѓански економски модел напсроти дивиот капитализам на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
filipce

Во интервју за Фокус, претседателот на СДСМ Венко Филипче, одговораше што треба да постигне СДСМ за повторно да победува.

Претседателот Филипче посочува дека СДСМ ќе победува кога ќе го промени однесувањето кон членството и цврсто ќе ги реафирмира социјалдемократските вредности. Тој додава дека најавената нова модерна платформа е од клучно значење за подигање на паритјата но и дека мора да направи реорганизација и демократизација на партијата. Тој понатаму вели: „СДСМ ќе победува ако се насочи кон реалните проблеми на граѓаните во политичка програма која ќе значи унапредување на животот во секој сегмент и за секого. По ова треба да биде препознаен СДСМ. Да нуди конкретни решенија и ја доближи својата политичка реторика до граѓаните“ - рече претседателот Филипче.

— реклама —

Тој додава дека СДСМ мора да ја негува демократијата и слободата како единствена голема партија во моментов која има целосно демократска ориентација. „ СДСМ не смее да калкулира со национализмот и да води политики на манипулации на штета на напредокот. Такви партии имаме доволно“ - вели претседателот Филипче. Тој додава дека СДСМ мора да им се обраќа на работниците и на ранливите групи за кои е направено навистина многу во изминатиот период. „Овој пристап кон работниците, комбиниран со ефикасен модел за раст на економијата и поддршка на компаниите, ќе даде резлтат за сите. И ова е политика на заштита на граѓаните која верувам дека ќе биде препознаена пред налетот на дивиот капитализам кој го нуди ВМРО-ДПМНЕ“ - заклучува претседателот Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryb8jf9io36b8qcjLJkpx

Филипче: Владата треба да им помогне на граѓаните со финансиски пакети

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

Филипче: Мерката за ѓубривата е задоцнета, земјоделците веќе имаат голем проблем со кризата

Македонија | пред 14 часа

media-libraryhp3nuvs3rech8aGcPgY

Филипче: За рудник во Крива Паланка да се слушне гласот на граѓаните, здравјето мора да биде на приоритет

Македонија | пред 14 часа

media-library62bnk9fqhlkmaaoDrOV

Филипче: СДСМ бара едно државјанство за сите избрани и именувани функционери и тоа веднаш

Македонија | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања