Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Филипче: СДСМ се бори за држава што не е ничија приватна сопственост

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
media-libraryf9di1scfl8ll3oRPs7a

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Кичево посочи дека СДСМ е продолжение на идеалите врз кои е изградена современата македонска држава.

СДСМ е продолжение на најсветлата традиција на Македонија борбата за слобода, рамноправност и достоинство. Нашите корени се во АСНОМ, во генерациите што ја поставија темелната вредност, државата да биде дом за сите, истакна д-р Филипче.

— реклама —

Тој нагласи дека токму сега е време за повторно обединување и консолидација, додавајќи дека борбата на СДСМ е за држава која е заеднички дом, а не приватна сопственост.

Се бориме за држава што не е ничија приватна сопственост, туку заеднички дом со правила што важат за сите.

— реклама —

Филипче ја нагласи и суштинската разлика во однос на ВМРО-ДПМНЕ и порача дека:

Македонија не се брани со навреди и кавги, со лажни повици за национално обединување, а подземни игри за поделба и дека патриотизмот и достоинството не се злоупотребуваат за политички рејтинг.

Достоинството почитувани присутни се брани со силни институции, со сериозен план и со луѓе што искрено мислат добро и на државата и на идните генерации. Се брани со паметна, цврста позиција и со резултати дома: со држава што функционира, со реформирани институции што градат доверба и со економски политики што на прво место ги ставаат граѓанине и нивните проблеми, рече лидерот на СДСМ, д-р  Филипче, на граѓанската трибина во Кичево.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

vlada-2024-mickoski

СДСМ со закон: Двојно државјанство да не можат да имаат ниту министри, ниту вицепремиери – од моментов!

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

СДСМ: Не се создадени услови за укинување на техничката влада и мора да остане

Македонија | пред 1 час

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 20 часа

media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања