Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Филипче: СДСМ се враќа, кризата од изборите е минато

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_5169

„СДСМ е подигната на нозе и функционална, активна во политичкиот простор и со тоа би рекол првата фаза на стабилизација е целосно завршена“ истакна на денешниот брифинг со медиумите, претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче.

Тој истакна дека периодов ќе е фокусиран, на средби и разговори со членството, раководствата од партијата, претседателите, извршните одбори. Идните чекори на партијата се да се формираат работни групи, со цел СДСМ да биде функционална, а сите партиски тела оперативни.

— реклама —

„Целта е да се формираат работни групи во коишто ќе членуваат не само официјалните во моментот општински раководства туку и овие луѓе коишто на некој начин се тргнати на страна и во рамките на тие групи да почне и формалниот процес на општински конференции во кои ќе започне и изборот на нови делегати на Конгресот имајќи предвид дека мандатот на овие делегати истекува на крајот на септември, а целта е крајот на септември и почетокот на октомври со се ова што го правиме сега да се конституира новиот конгрес со новите делегати којшто ќе го избере централниот одбор којшто понатаму ќе го избере и новото раководство на партијата. До тогаш целиот процес ќе го водат работните групи“ рече Филипче на брифингот.

Филипче најави и целосно нова стратегија на СДСМ.

— реклама —

„Започнуваме подготовка на целосно нова стратегија и таканаречен „Блупринт за социјадемократија“ Овој документ ќе биде новата идеолошка и политичка стратегија за ребрендирање и модернизација на СДСМ. Со него ќе направиме реафирмација на социјадемократските вредности прилагодени на новото време земајќи ги предвид секако новите политики коишто ќе ги презентираме на еден инклузивен начин, со широка платформа во којашто беа вклучени многу фактори што ги делат нашите вредности“-истакна претседателот на СДСМ Венко Филипче на денешниот брифинг.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryb8jf9io36b8qcjLJkpx

Филипче: Владата треба да им помогне на граѓаните со финансиски пакети

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

Филипче: Мерката за ѓубривата е задоцнета, земјоделците веќе имаат голем проблем со кризата

Македонија | пред 14 часа

media-libraryhp3nuvs3rech8aGcPgY

Филипче: За рудник во Крива Паланка да се слушне гласот на граѓаните, здравјето мора да биде на приоритет

Македонија | пред 14 часа

media-library62bnk9fqhlkmaaoDrOV

Филипче: СДСМ бара едно државјанство за сите избрани и именувани функционери и тоа веднаш

Македонија | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања