Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Филипче: Со Горанчо Крстев, Чешиново Облешево повторно ќе биде посакувано место за живеење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-librarygtg6bbt5t7fidrO0Shd

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче од граѓанскиот собир „Се бориме за нашиот дом“ во Чешиново Облешево испрати јасна порака до граѓаните дека на 19 октомври следува важна одлука за иднината на секоја општина, за секое маало и за цела Македонија.

„Ова не се обични избори. Сега е моментот да се собереме, да ја обединиме силата на сите разочарани, на сите што замолкнале, на сите што сè уште веруваат дека оваа држава може да се гради поинаку“, рече Филипче.

— реклама —

Тој нагласи дека СДСМ се бори за поголеми плати, за држава што работи за своите граѓани, а не за партиските елити на власта.

„Се бориме за минимална плата од 500 евра, за ред и правда, за држава што работи за своите граѓани, а не за партиските елити. Народот не живее од статистички бројки – тој знае колку чини лебот, млекото, колку тешко се живее“, порача Филипче.

— реклама —

Во своето обраќање, Филипче, посебен акцент стави и на состојбата во земјоделството, каде што, власта на ВМРО-ДПМНЕ ги укина најдобрите мерки и го обезвредни трудот на земјоделците.

„Овде во Чешиново-Облешево да продолжиме  да градиме, да носиме решенија и да обезбедуваме напредок за секој човек. Со Горанчо Крстев, општината ќе се развива, вие тоа го видовте. Тој знае дека политиката не е театар, туку служба. Знае дека местото на градоначалник не е позиција за моќ, туку обврска за резултати“, истакна Филипче.

Тој нагласи дека општина Чешиново Облешево, со кандидатот за градоначалник од СДСМ, Горанчо Крстев и советничката листа на СДСМ и Коалицијата повторно ќе биде посакувано место за живеење.

„Чешиново Облешево со Горанчо Крстев – Грга ќе биде општина на задоволни граѓани, без корупција, уредена и чиста, со целосно подобра инфраструктурата, социјална сигурност на граѓаните, поддршка на младите, развој на туризмот и грижа за секое населено место“, рече Филипче.

Од програмата на Крстев, која предвидува реални проекти, Филипче издвои изградба на крак од канализација со пречистителна станица во Соколарци, систем за техничка вода во Чешиново, Облешево, Чифлик и Уларци, повеќенаменско игралиште во Спанчево, реконструкција на улици и изградба на паркови и пешачки зони.

„ВМРО-ДПМНЕ во последните четири години не реализира ниту еден капитален проект во општината, не покажа ниту волја, ниту капацитет за одговорно управување. Се што Горанчо Крстев им остави, го запреа. Сè што требаше да продолжи – го уназадија. Нема ништо од ветувањата за патот Соколарци–Чешиново, ниту од најавената бања во Баер, спортски сали и пречистителни станици. Локалната власт не покажа ниту волја, ниту капацитет за работа“, рече Филипче и ги повика граѓаните на 19 октомври да гласаат за бројот 5, за СДСМ и Коалицијата.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryil7tasdiq4565MuomkL

СДСМ: Митева и ВМРО-ОКГ повторно покажуваат дека не разбираат основна работа

Македонија | пред 30 минути

— реклама —
media-libraryv5p0k4ull5i5266Yjos

Кузмановска: Европската Унија е единствениот реален пат за подобра иднина на младите

Македонија | пред 40 минути

media-library2dm69fmklhc560F8vVx

Филипче:Здравјето на граѓаните на Крива Паланка мора да биде приоритет, а не бизнисите на донаторите на ВМРО

Македонија | пред 1 час

media-libraryil7tasdiq4565MuomkL

Филипче: Власта да се откаже од укинување техничка Влада или СДСМ ќе се повлече од работата за Изборниот закон

Македонија | пред 2 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања