Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Филипче со тутунарите од Оризари: Огромен е револтот од лошите политики на владата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryp1bmn955daft1AbP3fq

Венко Филипче (СДСМ) одржа средба со тутунопроизводители од Горно Оризари, Велешко, каде се разговараше за, како што рече, лошите владини политики за тутунот и земјоделството. Тутунарите изразија револт поради последиците од тие политики. Филипче обвини дека владата го скратила буџетот за субвенции за 40 милиони евра, ги усложнила условите и ги укинала мерките од периодот на СДСМ, вклучително и авансната исплата. Тој порача дека СДСМ ќе се бори за поддршка на земјоделците.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, вечерва одржа средба со тутунопроизводителите од велешко Горно Оризари, на која што се разговараше за лошите владини политики за производството на тутун и за севкупното земјоделство.

Тутунарите изразија револт од катастрофалните политики на владата, од кои последците ги чувствуваат.

— реклама —

Филипче посочи дека нивниот револт е оправдан, бидејќи оваа влада наместо да им помогне, им го отежнува производството.

 „Оваа влада го скрати буџетот за земјоделски субвенции за 40 милиони евра и ги усложни условите за добивање субвенции. Трудот на тутунарите, кои од утро до мрак се на нива, е понижен. Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажа дека не ѝ е важен ниту развојот на земјоделството, ниту илјадници земјоделски семејства кои егзистираат од овој сектор“, рече Филипче.

— реклама —

На средбата, Филипче нагласи дека владата  ги укина сите добри политики што беа воведени во периодот на СДСМ.

„Сите добри мерки што ги воведе владата на СДСМ, ги укинаа. Нема авансна исплата на субвенциите, земјоделците останаа без сигурност, без поддршка, без чувство дека трудот им се вреднува“, рече Филипче.

Тој додаде дека власта крати од сите за да има повеќе за сопствените луксузи.

„Оваа влада крати од сите, само за да има за сопствениот луксуз, само за криминални тендери. Земјоделството не смее да биде жртва на политички игри и криминални политики. СДСМ е со земјоделците, ние сме нивниот глас, преку сите расположливи механизми ќе се бориме за секој земјоделец“, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средбата со тутунарите од Горно Оризари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryb8jf9io36b8qcjLJkpx

Филипче: Владата треба да им помогне на граѓаните со финансиски пакети

Македонија | пред 19 часа

— реклама —
media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

Филипче: Мерката за ѓубривата е задоцнета, земјоделците веќе имаат голем проблем со кризата

Македонија | пред 20 часа

media-libraryhp3nuvs3rech8aGcPgY

Филипче: За рудник во Крива Паланка да се слушне гласот на граѓаните, здравјето мора да биде на приоритет

Македонија | пред 20 часа

media-library62bnk9fqhlkmaaoDrOV

Филипче: СДСМ бара едно државјанство за сите избрани и именувани функционери и тоа веднаш

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања