Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Филипче: Тешка оловна завеса се спушта на нашата татковина, ќе ја кренеме!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryamnv31vi0dvpf3Q0GVs

Претседателот на Социјалдемократски сојуз на Македонија, Венко Филипче, во обраќањето на 31. Конгрес на партијата порача дека СДСМ има јасна, недвосмислена и историска одговорност кон татковината и дека нема да дозволи државата да биде третирана како плен.

— реклама —

„СДСМ добро знае што значи одговорност кон татковината. Другите ја гледаат Македонија како плен, како територија за владеење. Ние ја гледаме како дом“, рече Филипче, нагласувајќи дека неговото обраќање не е само партиско, туку длабоко човечко и државотворно.

— реклама —

Тој истакна дека на Конгресот не зборува исклучиво како партиски лидер, туку како граѓанин кој со загриженост ја следи состојбата во државата.

— реклама —

„Денес не стојам тука пред вас само како претседател на партија. Стојам како човек кој со жалење гледа како се спушта тешка, оловна завеса над нашата татковина. Се враќаат духови од минатото за кои мислевме дека сме ги победиле“, предупреди Филипче.

Според него, токму СДСМ има обврска да застане на браникот на државата и да ја преземе одговорноста во клучен момент за иднината на Македонија.

„Знам, исто како што знаете и вие, дека ако ние – наследниците на партизаните, на државниците и визионерите – не ја кренеме таа завеса, никој друг нема да го стори тоа. Ова е собир за спас на македонското достоинство и за одбрана на она што е наше“, порача тој.

Во продолжение на обраќањето, Филипче повика на соочување со реалноста во која живеат граѓаните, остро критикувајќи ги, како што рече, политиките на актуелната власт, кои ветувањата ги претвориле во длабоко разочарување.

„Дали сме подготвени да ја прифатиме таа битка? Погледнете што се случува надвор. Погледнете ја реалноста, не онаа од лажниот ПР на Владата, туку онаа што се гледа во фрижидерот на работникот. Донесоа тендери за свои блиски луѓе, донесоа грабеж на европски пари од кои сите ние се срамиме“, изјави претседателот на СДСМ.

Филипче заклучи дека партијата мора да ја преземе улогата на заштитник на државниот интерес, достоинството и животниот стандард на граѓаните, нагласувајќи дека ова не е прашање на партиска битка, туку борба за иднината на Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје | пред 30 минути

media-libraryfemrtp18rd3ffuuIP2L

СДСМ: Предавникот Мицкоски отиде кај пријателот Орбан да преговара за Груевски

Македонија | пред 1 час

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 16 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања