Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Филипче: Урнат е правниот систем, за Груби фалеше уште црвен килим

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryjboo9gik85eq1g1FT5e

Венко Филипче во „Тема на денот“ на Сител изјави дека со доаѓањето на Артан Груби дошло до „урнисување“ на правниот систем и целосно губење доверба кај граѓаните, тврдејќи дека начинот на постапување покажува дека постоел договор. Тој го опиша настанот на ГП Блаце како режирано приведување на бегалец, со присуство на камера и полицајци кои не се редовни на преминот, што според него создава страв дека државата нема да напредува и дека нема реформи и вистинска правда. Филипче додаде дека пропагандата не може да ги излаже граѓаните, обвинувајќи дека дел од медиумите под контрола на ВМРО-ДПМНЕ шират анти-ЕУ наративи и бранат непринципиелни договори што го злоупотребуваат судството и обвинителството.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Со доаѓањето на Артан Груби се случи урнисување на правниот систем на државата, нагласи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во „Тема на денот“, на телевизија Сител.

— реклама —


— реклама —

Филипче посочи дека по начинот на кој беше спроведено е очигледно дека договор има.

— реклама —


„Сите видоа што се случи на граничниот премин Блаце тој ден, тоа утро во државата се случи урнисување на правниот систем, се случи целосно губење на довербата на сите граѓани. Се појави бегалец кој што е на листа, луѓе кои ги бараат во државата, се појави елегантно, мирно, смирено, со наочари, со насмевка, му ставија лисици луѓе кои што претходно беа дојдени, полицајци, не полицајците кои што се, кои работат на граничниот премин, имаше камера која го снимаше сето тоа, единствено нешто што недостасуваше беше црвен килим“, рече Филипче.


Тој посочи дека граѓаните веќе чувствуваат страв поради тоа што изгубија верба дека оваа власт може да испорача конкретни резултати за напредокот на државата.


„Стравот е кај сите граѓани, дека оваа држава нема да ја биде. И стравот им е оправдан, затоа што видоа што и како се прават тие договори. Граѓаните не се ниту слепи, не се ниту глуви, не се ниту наивни. Се случи целосно губење на довербата на сите граѓани, на сите луѓе кои што живеат во оваа држава, дека ова власт може да испорача тоа што треба, нешто што треба - реформи, вистинска правда, и тоа се случи на очите на сите граѓани“, рече Филипче.


Во интервјуто Филипче посочи дека никој повеќе не може да ги излаже граѓаните и покрај силната пропагандна машинерија на ВМРО.


„40% од медиумите се контролирани од ВМРО ДПМНЕ, тоа се Орбановите медиуми кои што шират дефетизам, кои што шират анти ЕУ пропаганда, се вклучија да го одбранат, а тоа едноставно не се брани. Такви политички договори во кои што судството и обвинителството испорачуваат тоа што треба во интерес на некакви непринципиелни политички договори, не му носи добро на никој“, рече Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 6 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 10 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања