Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Филипче во анкетниот лист ја сокрил фирмата која е на иста адреса со фирми на семејството Заеви во Петрич, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
120190420_222336

,,Претседателската функција на Венко Филипче како да беше загарантирана во СДС од страна на Зоран Заев. Сознанија дека има поврзаност на бизнисите на Заев со Филипче, поточно на мрежата бизниси во бугарски Петрич, Струмица и Скопје, потоа сомнителните милионски бизниси и дека истите ги започнале додека двајцата беа на функции, веќе беа објавени во јавноста. Но, јавноста остана покуса за одговори.

— реклама —

Дополнително Филипче откако стана пратеник не даде целосни информации во анкетниот лист доставен до Антикорупциска, поточно не ја пријавил фирмата за недвижнсти во Бугарија.

— реклама —

Филипче сокрил од јавноста дека откако завршил со министерсктата функција одлучил да влезе во приватен бизнис со недвижности. Во ноември 2022 година регистрирал фирма за недвижности во Петрич, Бугарија на улица Гоце Делчев 12. Фирмата за недвижности се вика Power i8 Ltd, а како единствен сопственик, воедно и управител на фирмата со дејности купување, изградба и продажба на недвижнини е Филипче, потоа се додаваат и други дејности.

— реклама —

На истата адреса се водат и фирми на роднините на Заев, братот и братучедите Вице, Трајче и Бобан Заеви.

Непријавувањето на фирмата во анкетниот лист која се води на иста адреса со низа на други фирми на Заеви отвора сомнеж за дејствувањето на Филипче. Се отвораат прашања како зошто не ја пријавил фирмата, што крие Филипче, дали е дел од шема на фирми кои правеле милиони?”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryfqq873h494sv0GNLK6o

Манасиевски: Филипче со 3,6% рејтинг, СДС на раб на статистичка грешка

Македонија | пред 2 часа

15102021_PVRSM_Zaev_poseta_TEC_Oslomej-3

СДСМ: „Лудилото нема крај – Заев работи за ВМРО?“

Македонија | пред 3 часа

media-libraryg9188ctes36g6QyiB6H

ВМРО-ДПМНЕ: Послушноста на Филипче кон Заев и фалименто соопштенијата на ПР-от на Башановиќ, го донесоа СДС до историски најслабиот рејтинг

Македонија | пред 5 часа

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања