Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Филипче: Во општините каде немаме кандидат членовите да гласаат по сопствено убедување и вредностите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library8jppvk34n1m19ztxOaq

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, порача дека во општините каде што СДСМ нема кандидат за градоначалник во вториот круг, нема да има калкулации, членовите да гласаат според сопственото убедување и за вредности кои се  блиски до социјалдемократијата.

„Ние нема да навлегуваме, ниту навлеговме, во калкулации или во некакви задкулисни договори. Секој граѓанин, секој член, секој симпатизер има целосно право да одлучи согласно сопственото убедување според тоа кој кандидат носи вредности блиски до социјалдемократската идеја и до социјалдемократските вредности за чесно владеење, за почит, за еднаквост и за развој“, рече Филипче.

— реклама —

На прес-конференцијата Филипче посочи дека на втори ноември, во недела секој глас може да направи разлика и ги повика граѓаните да гласаат за локална власт која ќе биде секогаш отворена за нив и нивните потреби.

„Гласајте и изберете локална власт која е вистински сервис за граѓаните, за кандидати што нема да ја затворат вратата. После изборите таа врата ќе биде отворена за секој, кога било кој граѓанин ќе има потреба и кога некој граѓанин ќе сака да биде слушнат. Тоа е глас за луѓе кои ги исполнуваат ветувањата и кои интензивно и силно и посветено ќе работат да живееме подобри општини и градови во иднина“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

СДСМ: Не се создадени услови за укинување на техничката влада и мора да остане

Македонија | пред 16 минути

— реклама —
media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 18 часа

media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 18 часа

media-libraryar8of96ps6g69CAcNWc

Од погреб прават „таен состанок“, нема средба со Ружиќ, Димитријевиќ бил на погреб, велат од СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 23 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања