Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Филков до ДУИ: Со кривичнaта пријава ама баш никого не плашите, времето на национал-романтизам заврши

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryaqkjkkbcml1m8uZeaSL

Министерот за правда Игор Филков изјави дека правосудниот испит моментално не може да се полага на друг јазик освен македонски, бидејќи е стручен испит, а не управна постапка. Посочи и негативно мислење на Венецијанската комисија за Законот за употреба на јазиците и 13 иницијативи пред Уставниот суд. Филков покажа двојазично уверение потпишано од него и рече дека тоа се издава на секој што ќе побара. Ја обвини ДУИ зошто нивни министри 20 години не го решиле прашањето и порача дека ќе се работи по Устав и закон и дека „со кривична пријава никого не плашите“.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Министерот за правда Игор Филков одговарајќи на пратеничко прашање на Дијана Тоска од ДУИ во врска со петицијата на студентите на правните факултети за полагање на правосуден испит на албански јазик рече дека Уставот и законите мора да важат за сите.

Во моментов, можност за полагање на друг јазик освен на македонскиот јазик, не постои, затоа што правосудниот испит е стручен испит, не е управна постапка, а тоа на вас ви е многу добро познато. Впрочем и Венецијанска комисијата има дадено негативно мислење на Законот за употреба на јазиците а во моментов до Уставниот суд се поднесени 13 иницијативи за оценување на уставноста и законитоста на истиот. Околу употребата на јазикот и она што вие како власт во изминатите 20 години го имате работено должите одговори пред целата јавност. Се надевам дека овие одговори ќе ги дадете Вие а не некој друг во постапка што следи”, истакна Филков.

— реклама —

Министерот Филков  од собраниска говорница  покажа двојазично уверение кое е потпишано од него и истакна дека тоа го прави за секој оној кој тоа ќе го побара .

Требаше некое време да сфатам на што се должи оваа хистерија која што во изминатиот период беше продуцирана од страна на одредени политички партии, но после онаа епизода ,,Артан Груби се враќа дома”- нештата се многу појаси. Дали некој е националист или не говори ова уверение кое што е двојазично и потпишано од мене, овде лево доле. Секој еден што побарал во Министерство за правда тоа било дозволено, така ќе остане и во иднина. Но она што вие треба да го одговорите денес е што правеа вашите осум министри во изминатите 20 години. Или повторно, одговорот ќе чекаме да дојде од друга страна, во постапка и затоа е цела оваа нервоза и хистерија. Времето на национал-романтизам заврши, денес ќе се работи по Устав и закон. И  уште една работа што е многу битна:Со кривичнaта пријава ама баш никого не плашите!, порача министерот за правда Игор Филков.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycok8bf9cdfd90dueSOW

„Неспособна, антиалбанска, антиевропска и последниот руски прокси во регионот“, партијата на Ахмети „удира“ по Владата

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
ali-ahmeti

ДУИ бара итна оставка на Изет Meџити: Да не го држи народот во заложништво поради своите лични грешки

Македонија | пред 2 дена

27022024_VRSM_SEDNICA-3

Пак се прават „лом“ за полагањето на правосуден на албански јазик: За ВЛЕН е крив Џафери, за ДУИ криви се ВЛЕН

Македонија | пред 3 дена

media-libraryeajdf2kqgpndeEl5is8

Блерим Беџети доби кривична па вели: Но нека им биде јасно: јас не запирам, не се повлекувам

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања