Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Фон дер Лајен од Давос: ЕУ e целосно посветена на безбедноста на Арктикот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
fon-der-lajen

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека Европската унија е целосно посветена на безбедноста на арктичкиот регион и дека во тој контекст дели заеднички цели со Соединетите Американски Држави.

Во специјалното обраќање на Светскиот економски форум во Давос, Фон дер Лајен посочи дека безбедноста на Арктикот може да се гарантира само преку заедничка соработка меѓу сојузниците.

— реклама —

Фон дер Лајен истакна дека Европската унија ја унапредува својата Арктичка стратегија, чиј централен принцип ќе биде почитувањето на правото на суверените народи самите да одлучуваат за својата иднина. Таа нагласи дека безбедносните прашања на далечниот север сè повеќе се вклопуваат во пошироката потреба Европа да го забрза патот кон поголема стратешка независност – од безбедноста и одбраната, до економијата и демократијата.

Претседателката на Европската комисија најави дека Унијата подготвува сопствена безбедносна стратегија, која треба да биде објавена подоцна оваа година, потенцирајќи дека односите со САД се повеќе од сојузништво и дека нивното нарушување би им одело во прилог на противниците.

— реклама —

Во таа насока, таа најави пакет мерки за поддршка на арктичката безбедност, кој ќе се темели на целосна солидарност со Гренланд и Кралството Данска, зголемени европски инвестиции на Гренланд, продлабочена соработка со САД и зајакнување на безбедносните партнерства со регионалните партнери како Велика Британија, Канада, Норвешка и Исланд.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarytig8648tu8ik8WTwdxj

Белата куќа: Се гледа напредок од иранска страна, Техеран сака директни разговори

Свет | пред 13 часа

— реклама —
media-library0tufam702kgueNKE2lP

Хегсет: Ќе уништиме без двоумење – САД со остри пораки до Иран

Свет | пред 19 часа

Screenshot-2025-05-08-at-19.47.27

Папата: Конфликтите да се решаваат без воена сила, потребен е нов дијалог

Свет | пред 1 ден

media-librarys0g3tfk7ej2i7vxy3Rl

САД нудат 10 милиони долари за водач на проиранска милиција

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања